Историја

Македонците од Јужна Македонија недоверливи при давање податоци за себе

borivoje-milojevic

borivoje-milojevic„Македонските Славјани, кои многу претрпеле од разни пропагандистички организации, стекнале најпосле речиси сите толку мудрост, да станаа недоверливи и внимателни при давање податоци за себе“ – велиБоривоје Ж. Милојевиќ во својот предговор за истражувањата во Јужна Македонија за време на Првата светска војна.

Боривоје Ж. Милојевиќ (22 XII 1885 – 22 X 1967) е српскиот географ, професор на Универзитетот во Белград, академик на САНУ. Студиите по географија ги запишал во 1904 година, а веќе на крајот на четвртиот семестар (1906) бил избран за асистент. По дипломирањето работел некое време како гимназиски професор, а потоа го посетувал зимскиот семестар 1911/12 во Хале кај познатите географи А. Пенка, О. Шлитер, Ј Волтер и други.

Во текот на Првата светска војна, Милојевиќ се повлече со српската војска, преку Албанија. Потоа 1918-1919 отиде во Лозана, каде што присуствуваше на предавања во областа на геологијата и економска географија. Тој докторирал во 1920 година и истата година бил избран за доцент, а веќе во 1921 година за вонреден професор на Универзитетот во Белград.

Јован Цвијиќ (1865-1927) го предлага во 1925 година за редовен професор, меѓутоа Милојевиќ ја доби оваа титула дури по смртта на Цвииќ во 1927 година, кога ја презеде Катедрата за географија и управување со географското друштво. Тој беше Цвијичев ученик, потоа соработник и на крај наследник До неговото пензионирање во 1956 година, тој бил редовен професор на Универзитетот во Белград. Во 1967 е избран за член на САНУ.

Во текот на животот Милојевиќ објавил повеќе од 250 научних трудови и прилози.,меѓу кои и за Јужна Македонија, каде за време на Првата светска војна на терен го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња и од тога направил книга која преставува основа за понатамошно трагање по корените на луѓето од тој крај. Во Предговорот за истражувањата во Јужна Македонија (Егејска Македонија) Милојевиќ ќе забележи:

„Во летото 1917 и во летото 1918 година имав можност да патувам по јужна Македонија. На тоа патување покрај работата која ми беше службено доделена, се  занимавав и својата географска работа. Еден и тоа најголем дел од таа работа преставуваат овие антопографски истражувања.

Сметам дека повеќе ќе бев користен да можев да обработам една област по „Уатството за истражување на населбите“. Меѓутоа, особено во спомнатите воени години, ова се покажа како невозможно. Прво, јас во ниту една област не можев да се задржам. Потоа различните власти, воени и цивилни, како грчки така француски и енглески, особено го следеа ова истражување, кое е поврзано со било каква врска со домашното население.  Сепак најголема пречка беше во неповерливоста на македонското население. Во јужна Македонија нема ниту една област чие население не е различно етнички и верски. Податоците  за доселувањето на секое семејство меѓу неславјанските Македонци, особено меѓу Турците и Арнаутите, беше скоро невозможно да се приберат не само пред светската и балканската војна, туку и пред почетокот на македонското вриење воопшто. Турците во овие краеви дошле пред неколку векови, а Арнаутите во поново време со сила се населиле. Македонските Славјани, кои многу претрпеле од разни пропагандистички организации, стекнале најпосле речиси сите толку мудрост, да станаа недоверливи и внимателни при давање податоци за себе.

Набљудувањата,изнесени и обработени во овој труд, собрани се во пространа област, која се протега од преспанската и костурската котлина на запад до кукушката површина на исток. Така во разни краеви, поедини антропо-географски појави се забележани во различни свои видови; и со споредбено набљудување на овие разни видови утврдени се групи антропогеографски појави и нивните обласни и месни причини.

Имајќи го во предвид најновото дело на Ј. Цвијич: „La Peninsule Balkanique. Geographie humaine“, се обидов во својот труд да ги издвојам антропогеографските фактори и антропогеографски факти.    

Како антропогеографски факти (или како антропогеографски појави) овде се земени населби, економија и  сообраќај, оние факти на човековата култура, кои се важни за општата географска слика. Тие факти се проучени во друг, поважен дел на овој труд. Тука најголемо внимание е посветено на разни прашања за населбите … на оние прашања кои се истакнати во споменатите „Упаства“  и кои преставуваат најглавна област на антропографското проучување. Понатаму се додадени разгледувањата за економските и сообраќајните состојби: овие разгледувања не само што го дополнуваат изложувањето за населбите, туку сами по себе сочинуаат и самостојни предмети на антропогеографското истражување. 

Првиот дел од овој труд посветен е на антропогеографските причини или фактори, со кои се објаснуваат целокупните особини антропогеографските факти. Еден од тие фактори – осбини на земјата – доволно се познати од поранежните проучувања, и поради тоа за нив се соопштени само најнеопходните податоци. Сепак, иако се овие фактори вака само скицирани, во вториот дел на овој труд нивното влијание во областа на антропогеографските факти насекаде се барани и колку треба нагласени. Меѓутоа, во првиот дел, доста место е дадено антропогеографски фактору ид друг вид, – оние особини на населението, кое од своја страна и често во преовладувачка мера, допринесуваат за разбирање и објаснување на антропогеографските факти.“ – пишува Милојевиќ на крајот од својот предговор.

(продолжува)

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top