Историја

Основањето на Македонскиот литературен кружок во Софија

makedonski-iteraturen-kruzok

Ангел Жаров за основањето на Македонскиот литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Македонски вести“ во Софија. По укинувањето на весникот и прогонот на редакторите, во периодот 1937 – 1938 година, кружокот работеше илегално под името Македонски литературен-публицистички кружок „Нација и култура“. Македонскиот литературен кружок програмски се обновува во октонври 1938 гидина и претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална индивидуалност. Неговите членови и симпатизери го задржуваат литературно-културниот контиуитет и допринесуваат во развојот на македонската национална свест.

makedonski-iteraturen-kruzok

Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружокот го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил  Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов и др. Член на кружокот бил и Димитар Митрев познат македонски научник и општественик. Подоцна во кружокот беа опфатени уште и македонските поети Коле Неделковски, Венко Марковски и новинарот Митко Зафировски.

Во кружокот се разгледуваа творбите на неговите членови и реферати за актуелните проблеми за македонскиот национален развиток и култура. Темелно се проучува книгата на Крсте Мисирков „За Македонцките работи“ , а во тој контекст особено се значајни рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов.

Михаил Сматракалев или Ангел Жаров, член е на ВМРО (Об), бил познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија. Соработувал со прогресивните македонски весници: „Знаме”, „Македонски вести” и други.  Опишувајќи го првиот обновувачки состанок на Македонскиот литературен кружок (Документи, Том Втори, Скопје, 1981,  Никола  Вапцаров,  Спомени.  Писма. Документи. Софии, БАН 1953, стр. 159 – 160.)  Ангел Жаров ќе забележи:

„Во 1938 година се замисли формирањето на „Македонскиот литературен кружок”. Во врска со тоа имав неколку средби со Вапцаров и Антон Попов. Нашите разговори беа се околу нашите македонски работи и кружокот. За кратко време ние толку многу се спријателивме, та започнавме да се среќаваме секоја вечер. Се запознав и со творештвото на двајцата, Во нивното лице видов прекрасни луѓе, со талент, срдечни, ентузијазирани. Моето другарување со нив ме правеше среќен. Ние меѓусебно се ентузијазиравме. Јас им раскажував за борбите на Македонците во Софија, за ВМРО (Об.), во која работев до нејзиното растурање, за „Македонската студентска група” итн. Сакавме што поскоро да го образуваме кружокот, мечтаевме за идната работа, кроевме планови, набележувавме кадри, горевме од желба поскоро да почнеме.

Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин”, во куќата на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присутни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ангел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керезиев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров.

Рефератот беше извонредно интересен. Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија. Својата работа Вапцаров беше ја напишал оригинално, со душа, со мајсторство. Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена

исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ. Напишан речовито, сликовито, рефератот веднаш се „фати” за срце. Кољовиот глас звучеше топло и уверливо во задимената соба. „Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни настани, легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата. Богатите сижети за поети и за белетристи стојат недопрени. Се пројавија млади поети. Треба да го стимулираме тој почеток, да ги организираме одделните усилби, да запнеме, да го совладаме мајсторството, подлабоко да ги запознаеме темите, да создадеме вистински уметнички дела. Нашата работа е благодатна. Ние треба да влијаеме врз нашиот народ, да ја пројаснуваме неговата национална свест, да ја разгоруваме неговата борба за национална слобода и за социјална правда. Нема ништо поголемо од тоа да се бориме за новиот прекрасен строј на социјализмот што доаѓа, кој ќе му донесе среќа и на нашиот измачен народ.

Тоа беа, накратко, предадени, мислите што ги разви Вапцаров во својот реферат. Подоцна тој ја напиша стихотворбата „Доклад” (т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прекрасна уметничка форма. Неговите зборови воздејствуваа со голема сила. Огнот беше запален во нашите души. Внатрешен длабок ентузијазам гореше во нашите срца. Искажувањата на другите другари во врска со рефератот и за идната работа на кружокот беа полни восхит. Таа вечер ние го образувавме кружокот. Кон полноќ излеговме од задимената соба. Молчаливиот и мрачен град ни изгледаше светол и убав…“

По формирањето на кружокот, од есента 1938 година па се до почетокот на 1942 година, се развивала богата литературно-културна, национална, општествена и револуционерно-политичко дејност. Во Раководното тело на Македонскиот литературен кружок биле Вапцаров, Попов и Сматракалов. Состаноците се одржувале еднаш неделно и преставувале литературна лабораторија на која се креирал творечкиот пат на македонските литературни творци. Сите пишувале на јазикот на кој се образувале, бугарски, освен Венко Марковски и Коле Неделковски.     

По нападот на нацистичка Германија на СССР во 1941 година и засилените прогони на антифашистичките и демократските елементи во Бугарија, замира работата на македонскиот литературен кружок во Софија. Полицијата интернира неколку членови на кружокот, а тие што останаа на слобода продолжија да се борат во рамките на бугарското антифашистичко движење.  

Двајцата членови на Раководното тело на МЛД имаат иста судбина. Македонскиот револуционер и поет Никола Јонков Вапцаров, роден во 1909 година во Банско,  Пиринска Македонија,  станува член на Воената комисија на ЦК БКП. Бугарските фашисти го стрелаат на 23 јуни 1942 година. Антон Николов Попов  познат македонски публицист и револуционер, роден е во 1915 година во село Гега, Петричко, исто така станува член на Воената комисија на ЦК БКП. Стрелан е заедно со Н. Вапцаров од бугарските фашисти.

Војната ќе ја преживее Михаил Сматракалев. За време на Втората светска војна и тој се приклучил на отпорот против фашизмот. По 9.1Х 1944 година бил поставен  на должност член на Советот за законодавство при Министерството на правосудството на владата на НР Бугарија. Со промената на политиката на бугарската влада спрема македонскиот народ положбата на Сматракалев се влошува поради неговата македонска национална определеност. Последниот член на Раководното тело на МЛД, умира на 16 април 1998 година во Софија.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top