Историја

Фирмата основана во 1856 г. од охриѓанецот Кецкаров постои и денес во Германија

historie 6

Сотир Христов Кецкаров (гер.: Sotir Johann Keskari) е борец за возобновување на Охридската архиепископија во Македонија и голем македонски трговец од XIX век. Поради својата верска и политичка активност е заточен во Света Гора од каде бега во Саксонија. Во 1856 година станува граѓанин на Лајпциг, а истата година отвора фирма која егзистира до денес.

historie 6

Сотир потекнува од старо кожарско семејство во Охрид, од охридскиот род Кецкарови. Се оженил со Деспина Робева од големиот охридски род Робеви, ќерка на Анастас Робев. На крајот на 1853 година, поради својата верска и полтичка активност бил прогонет од Цариградската патријаршија.

По барањето на патријаршиските власти поради демонстрациите против митрополит Дионисиј Охридски, Сотир Кецкаров бил заточен во Света Гора заедно со Димитар Паунчев и двајца од Ресен

Меѓутоа, црковната задана не го задржала Сотир долго време. Тој успеал да избега од Света Гора откако скокнал од прозорецот на затворот. Потоа заминал за Саксонија, каде управува со филијалата на Робевата фирма во Лајпциг.

Во 1856 година Сотир Кецкаров станува граѓанин на Лајпциг, а следната година станал и саксонски поданик. Со добивањето на саксонското државјанство Сотир го променил своето презиме во Каскари.

Во тоа време Лајпциг бил еден од ведечките меѓународни центри за крзно, кое го сметале за „меко злато“. Сотир се занимава со обработка на кожи кои добива од Македонија и ги продава на различни европски пазари. Тој се истакнува на саемот во Лајпциг и станува еден водечките трговци со крзно.

Во 1856 година, не така далеку од т.н. „Светски пат на крзното“, во Брил отворил продавница. Тоа беше почетокот на компанијата Кескари, која потоа со своите производи направи меѓународно име.

Неговите наследници, исто така, продолжуваат со фамилијарниот бизнис. Користејќи ја традиционалната изработка и иновативниот развој на производството фирмата успешно егзистира до денес.

Фирмата Кескари, основана од Сотир Кецкаров, постои и денес со седиште во германскиот град Келкхајм

Логото на Кескари

(извор: http://keskari.de/)

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top