Историја

„Црвена Хрватска“ за Македонците

ilinden

ilinden

Востанувањето на македонскиот народ на 2 август 1903 година, на ден Илинден, преставува пример за саможртва на македонскиот народ за создавање на самостојна и национална држава. Тоа е пример за големо дело на еден „мал“ народ сам да го дофати светлото на слободата, тоа е пример за јуриш кон ѕвездите на славата, тоа е пример на будење од повеќемилениумскиот сон и жестока решеност повторно да ја воспостави некогашната древна и славна македонска држава.  Илинденсто востание останува да постои како настан кога одново се поставуваат еднаш веќе разрушените темели на македонската држава. Ова востание е прекретница во поновата македонска историја, настан кој преставува темел на новата македонска државност.

Во огнот на востанието се искова Република. Македонска Република.  Иако со краток век, таа создаде трајни морални вредности, вредности кои беа основа за Вториот Илинден во 1944, вредност за новата македонска држава. Но Илинден 1903, ги вознемири сите. Не беше непријатно изненадена само Турција, туку беа изненадени големите Европски и малите Балкански држави, кои мислеа дека имаат право на наследството од Османлиската држава.

За разлика од нив, прогресивната светска јавност се однесува со искрени симпатии  спрема борбата на македонскиот народ, спрема натчовечките напори кои ги прави овој „мал“ народ за конечно ослободување и создавање на сопствена самостојна македонска држава. Врвни светски интелектуалци потикнуваат бурни протести против турските казнени репресии врз невиното македонско население. Се организираат бројни импозантни митинзи во Англија, Франција, Италија, и Америка.

За разлика од официјалната политика на балканските држави, случувањата во Македонија не ги оставаат равнодушни прогресивните сили во Љубљана, Загреб, Белград, Софија. Таму интелектуалните сили се дигаат во заштита на македонскиот народ и во прибирање помош за настраданото население.

Во овој период, европскиот и светскиот  печат бил преполн со информации за состојбата во Македонија. Нивните дописници директно од теренот известуваат за борбата на македонскиот народ, како и  за крвавите пирови на османлиската војска врз населението во Македонија.

Еден од нив е весникот „Црвена Хрватска”, кој излегувал во Дубровник. Известувал за положбата на Македонија и на македонскиот народ и пред и по Илинденското востание. Во текстот на уводникот на „Црвена Хрватска“ бр 36 од 5.IX.1903 година, во оригинал стои дека „.. ниједан није тако дубоко у пракси расведочио да озбиљно схвача девизу „или слобода или смрт“ као што су досад показали и све више доказују Македонци“.

(Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Универзитет „Св, Кирил и Методиј, Скопје, 1981, документ 306. стр. 438-439.)

Хрватите кои од секогаш имале пријателски односи со Македонците, со посебен пиетет пишуваат за храброста на Македонците и нивната борба за национално ослободување.

Во статијата која е дадена во изводи пишува:

„Од сите народи кои во минатиот век се бореа за своето ослободување, ниеден не даде толку жртви, ниеден не покажа толкава пожртвуваност и истрајност, ниеден така длабоко на дело не засведочи дека сериозно ја разбирал девизата „Слобода или смрт” како што досега се покажаа и се повеќе докажуваат Македонците.

Нивната состојба е надвор од секое сомнение неподнослива, но неподнослива е состојбата и другаде и само таа состојба не би била кадарна да ги предизвика луѓето на таков величествен отпор да нема во срцето на тие луѓе исклучителна енергија, решеност и готово несфатлива пожртвуваност.

Македонските востаници веќе долго време ја вознемируваат Европа. А во ова последно време тие стекнаа карактер каков што уште не го имале. Организацијата на востаниците е примерна, внатрешните караници се отстранија, добар план е направен, а извесен материјал приготвен, поимашливите им даваат големи суми пари на востаниците, се што е способно оди в планина и образува чети, интелигенцијата во тоа е прва, учителите и учителките восхитуваат со својата работа и готовност и се потчинуваат на одредбите на Комитетот. Останатиот народ така е проникнат со мислата за ослободување што без двоумење го жртвува својот живот. Кога неодамна Македонците сакаа да го кренат во воздух скоро целиот Солун, најубаво се виде какви се тие борци. Колку работа требало за прокопување на јамите, колку решителност за фрлање на бомбите, а сепак тие луѓе во најтешките услови тоа го изведоа, по улиците се бореа со четите и фрлаа бомби усмртувајќи ги и нив и себеси.

Колку тешки маки поднесоа востаниците и од страна на Бугарија, која не може да ги потпомага, и од страна на Европа, која не се меша во состојбата што постои, и од страна на Русија која не би сакала да и се префрли дека активно се меша во балканските прилики. Овие маки беа потешки, одошто крволоштвата на Турците и на турските војници, кои не добиваа плати и беа присилени да грабаат и крадат. Овие сомненија другите би ги направиле малодушни; оваа осаменост би ја убила надежта кај другите. Но, Македонците не се само патриоти со чувство, но и луѓе од непосредна акција, тие сериозно сфатија дека можат делумно да се ослободат и тие затоа решија да ја присилат Европа да интервенира. Сите манифести и сите молби не можеа да помогнат ништо, и тие почнаа поинаку….

….Нешто друго и што ги раздвижува тие борци, а тоа е вербата во патриотизмот, вербата дека треба да се работи и да се бори барем за она што е можно. Не е тоа занес што ги носи; зашто и во случај силите да именуваат гувернер, Македонците не би имале основа да бидат задоволни и воодушевени. Не, тоа е нужда што ги раздвижува, тоа е потреба однекаде да се промени денешната состојба и против волјата на сите големи сили…

… Затоа другиот момент што нас не воодушевува и учи, што Македонците така пожртвувано го изведуваат овој план, е можеби уште поважен. Моралната сила и решеноста на тие луѓе тоа е сила што дејствува. Трезвеноста, длабоката увереност и самопрегорот – тоа се одликите на македонските херои, што им овозможуваат да станат сила, што е и причина за нивниот успех. Затоа и ние со напрегнатост ја следиме нивната борба. Затоа мораме од нив многу и многу да научиме. Нивната тактика, која мора денеска да биде револуционерна, за нас не е главното, но главно е тоа што ја овозможува и таа тактика и секоја сериозна работа и борба – трезвеноста, увереноста и моралната самопрегорна сила.

На тој начин, и покрај тешките последици што Илинденското востание ги остави зад себе во Македонија, тоа придонесе вистината за македонскиот народ, за неговата борба, за неговите стремежи во целата своја тежина да си пробие пат во светот. Илинденското востание остави зад себе трајни идеали и револуционерни традиции што залегнаа длабоко во свеста на македонскиот народ за неховата натамошна борба за слобода и независност на неговата земја.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top