Историја

Заедничка борба на одредите „Даме Груев“ и „Вичо“ против Итало-Германските окупатори за нивно истеруване од реонот Леринско-Костурски

Bitoljsko-prespanski partizanski odred

Bitoljsko-prespanski partizanski odred

Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ формиран е на 6 јули 1942 година кај селото Златари на планината Бигла, во ресенскиот крај. Наскоро по формирањето борците на овој одред ја извршиле првата успешна акција. Тие ја уништија општинската зграда и на 2 август 1942 година оддржаа митинг во селото Смилево, редното место на Даме Груев. Потоа одредот продолжува со нападите на Кажани (18 август), Златари (21 август), Сопотско (21 октомври) и други места. После тоа поделен во две групи се префрлил на територијата околу Ресен, која е под италијанска окупација.

По влегувањето во состав на одредот „Даме Груев“ на Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“, одредот на почетокот на 1943 година се префра во Егејскиот дел на Македонија и дејствува во Леринско-Костурскиот крај. Заедно со Леринскиот одред „Вичо“ во април и мај истата година учествува во разбивањето на локалните контрачети.

Јосиф Јосифовски – Свештарот, политичкиот комесар на II оперативна зона, во извештајот до Главниот Штаб на НОВ и ПО на Македонија од 20 август 1943 година, за дејствивањето на одредот „Даме Груев“ во Леринско-Костурскиот крај во периодот од април до јуни ќе напише:

„Бугарската фашистичка власт, имајки намереније да окупира Леринско и Костурско, праи големи услуги на Гестапо како би могла слободно да се спроводи богарофилската пропаганда. За прво време успева да искористи мржњата на македонскиот народ према старите грчки правителства (Метаксас Јанис, завел фашистичка диктатура во Грција), која са ги много тормозили и да је пренесе мржњата и на грчкио народ. Поред друѓите лаги богарската фашистичка пропаганда служи се и со то да грчките народно-ослободителни партизани се борат да поништат македонскио народ, да им запалат домовите, за то македонскиот народ требало се дигне противу грчките партизани, да си ги наоружат селата.

Како се је слабо политички работело успеват лагите да продрат длабоко во масите македонски, почнуват селата да се организират да се бранат: „од нападите на бандитите-андарите” и паролата која је вешто убацила фашистичката богарска пропаганда успева готово во сите села во Костурско.

Од друга страна, италијанската окупаторска власт имајки доста работа со грчките народно-О.В. и П.О., осекајки се доста слаба да се одупре од нападите партизански, искористува го то незадовољство на македонскијот народ према грчките партизани, поред то задава им страх те се наоружават сељаните нарочито во Костурско. Грчките партизани покушават да влизат во тој реон неколко пати и биват одбивени од самите сељани. Од другата половина 42. год. формиран је бил некој одред во тој реон кој се бил растурил…

Partizanski odred Dame Gruev 1942

Ето таква ситуација је нашал македонски одред „Дамјан Грујев” кога влезе во Костурско, од прилике средина месец март 1943 година. Ситуацијата може да се опише со еден карактеристичен пример. Влизаме на 17. III. во село Безсвиње денски. Приметени сме од сељаните и сите се дават во бегство, селото останва празно и тува не навогаме никого освен една баба која не успеала да избега и ни се молеше да не ја стрељаме. Виждаме во каква се ситуација налазиме почнавме да им викаме на селаните низ ридиштата да се сваљуват да не се плашат од нас да сме македонци нивни брајка. Само жените слезуват од планината и то со неповерење одржавме со ним митинг и им препоручивме да им кажат на својте мажи и на комшиските села да сме македонци, објаснихме Н.О. Борба и им изнесохме у колку се тува појават грчки партизани да нивната борба неје уперена противу нас. Така утре во непосредна близина во село Рула веке добро бевне примени од целото село чак и старци со нас пеја и играја. Врвиме така низ неколку села: Буковник, ОРОВНИК, Рудари и др. и биваме се по арно и по арно примени, чак се извесни села љуте кај што ги прескакаме. Прејдуваме во Леринско, околу 10 април да се ставиме со нашата патрола која је од битољско ни донесе нови партизани и тува слушнавме за некој грчки одред ( партизанскиот одред „Вичо”, составен претежно од Македонци.). Решихме да се ставиме во врска со него и ако је вазможно да заједнички вршиме акцији. После два-до три дена преговори со нивното руководство разбрахме се и створихме споразум кој се на кусо састоји во ово:

1) Секој одред си останва като посебна формација, и оставне си под команда на својте штабови.

2)  Заједнички ке се бориме против Итало-Германските окупатори за нивното истеруване од реонот Леринско-Костурски.

3) Уништуење богарската-фашистичка пропаганда во тој реон

4)  Разоружање на контра четите во тој реон, македонски

5) Стварање братство мегу грчкијот и македонскијот народ, во тој смисал говорите на политичкиве митинзи ке се изнесуват и на македонски и на грчки јазик.

6)  Ради постигнуење задачата двата одреда ке имат једна команда до дека вршат заједнички акци.

Околу 20-1V-43 година почнавме наште заједнички акцији со Лерински одред „Вичо” со кој бевме заједно до 11 јуни 1943 год и сетне није си појдовме на друг терен.

За то време извршихме овије акцији: политички митинзи: во селата Горно и Долно Клештино, Буф, Опсирино, Кладоради, Ермени, Турије, Трсје, Горна и Долна Штатица, Неред, Лаген, Бел Камен, Елево, Горно и Долно Котори, Невеска, Ајтус, Прекопана, Вишени, Црновиште, Поздивиште и други.

Разоружање 7 села во Костурско кој има контра чети саставени од самите селани, запленето преку 130 пушки, једен пушкомитраљез, неколку леворвера, бомби и неколку хиљади фишеци.

Во једно село кај што најдовме спахиско жито660 разделихме 30 товари. (Се работи за жито собрано од селаните според заведениот систем од италијанскиот окупатор, 10% од производите наречен спахилак- н.з).

На митинзите се говореше и на грчки и на македонски јазик, во говорите се манифестираше братство мегу двата народи и повикува се населенијето заједнички против заједничкио непријател. Секогаш имаше по једен говорник кој говореше за мегународната политичка ситуација, једен за братството, за живото на селанецот под окупаторот. Пеја се револуционарни песми на двата народа. Во многу села кој што се задржававме денски приредувахме разни културни манифестации: скечеви „четири руса”, како му се на селанецот земе житото и други малки работи који ги селаните многу добро примаја. Можиме да кажиме слободно да таљанец не видовме низ селата кој беја сите забаркадирани во Костур и да ја расклатихме на големо богарската фашистичка пропаганда. Народот беше не добро примил, чак извесни разоружани контраши кој са били прашани од италијанските власти изражаваха се многу поволно за нас па чак и од власта беја тепани од истата власт која им беше преди неколку дена дала оружје да се борат противу нас, пример со војводата од Вишени, Бабшур и други села.

Меѓу партизаните створихме голема блискост развихме другарство одржавахме заједнички војнички и политички часови чак издадохме једен број заједнички новини кој се вика „Партизан” и у натре имаше писано чланци на грчки и на македонски јазик и кога се расделихме ни беше жал и на једните и на другите.

Заједно није вршехме акцији од 20 април до 11 јуни 43 год. на територија Леринска и Костурска.’ (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 480-482, АМ. Ф. II оперативна зона. К. 17, арх. бр. 516).

По завршувањето на акциите на територијата во Леринско-Костурскиот крај одредот „Даме Груев“ се врати во Битолскиот крај, каде им се приклучуваат нови борци. Во јули 1943 година, поголем дел од борците на овој одред поминаа на територијата на Дебарца, каде се извршени неколку диверзанстки акции, а потоа влегоа во новоформираниот батаљон „Мирче Ацев“. Дел од одредот кој останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, заедно со битолскиот одред „Гоце Делчев“, кој во голем дел е составен од старите борци на „Даме Груев“, на 12 септември 1943 година разоружа 200 италијански војници кај селото Љубојно. После тоа овој дел од одред во ноември 1943 г. влегува во  состав на Битолскиот батаљон „Стив Наумов“

Повеќе борци од одредот „Даме Груев“ се прогласени за народни херои: Петар Божиновски, Овадија Естреја Мара, Илија Јовановски Цветан, Јосиф Јосифовски Свештарот – политички комесар, Вангел Нечевски.

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top