Историја

Соопштение на Централниот комитет во јануари 1903 година до надлежните во Македонија и Софија

pecat-na-tmro

pecat-na-tmroТајниот Централен Македонско-Одрински комитет е задолжен од сите раководители на револуционерните реони во земјата и од сите видни дејци на Тајната Македонско-Одринска организација да ве извести за следното:

1. Т.Ц.М.О. организација реши да подигне во скоро време, годинава, востание во Македонија и Одринско и да се бори со сите средства, додека не извојува човечки права за робот.

2. Организацијата ги осудува стремежите на сите официјални и неофицијални фактори во Бугарија, кој мимо нејзината согласност се грижеле и грижат да го вовлечат народот во востание; затоа што тие фактори свесно или несвесно ја поткопувале и ја поткопуваат од основа каузата на македонско-одринскиот роб, кога со своите дејствија му давале на борбата колорит на надворешно поттикнување – состојба толку силно експлоатирана од Турција и европската дипломатија.

3. Организацијата гласно изјавува, дека до денот на востанието ќе се бори со сите комитети, здруженија или други лица, кои со своите постапки би ја присилиле да се фрли пред време во нерамна борба и би го расипале планот за дејствување. Таа ќе води сметка за сите оние, кои по кави и да е причини и влијанија би посакале да ја искористат борбата на робот за други цели а не за подобрување на неговата судбина.

4. По објавувањето на востанието, сите борци, готови да го попткрепат робот во нерамната борба, ќе бидат пречекани со отворени прегратки. Меѓутоа, пожелно е сите борбени сили да стапат во претходна согласност со Организацијата.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top