Историја

Милојевиќ за градовите во јужна Македонија

milojevic

Во своите истражувања за време на Првата светска војна, српскиот географ Б. Ж. Милојевиќ ги разгледува особини на населението, меѓусебните односи, како и времето на доаѓање на поедини групи во јужна Македонија. Во својот труд меѓудругото ни дава значајни податоци за населбите и градовите на територијата на Егејска Македонија на почетокот на 20 век.

Во својот осврт за македонските градови во јужна Македонија, меѓу кои говори положбата на за Костур, Воден, Солун и други, Милојевиќ ќе го забележи следното:

„Во јужна Македонија има градови со заштитена положба, било природна, било вештачки заштитени. Тоа се градовите: Костур, Воден и Солун. Од нив се развиле Воден и особено Солун, кои покрај заштитната имаа и добра сообраќајна положба, а со тоа се прилагодиле на потребите на новото време.

Костур лежи на едно варовничко возвишување, кое од секаде е опколено со езеро. Западно од градот е многу ниска преседлина. Доколку езерското огледало само малку би се покачило,  полуостровот на кое лежи Костур би станал острво. Можно е во минатото ваква хидрографска  состојба привремено и да се случувала. Сепак тоа не било постојано, бидејќи Костур према преседлината е ограден со високо кале, кое денес е речиси срушено.

Овој дел на Костур кој лежи на полуостровото, се вика „Варош“. Во неговата средина е „Чаршија“, а малите се по страната на возвишението, свртени кон југоисток, југ и југозапад. Одвоен од овој стар и заштитен градски дел, е новиот крај кој се вика „Пазар на друв“ (двор). Тој лежи по страна, надвор од стариот градски ѕид. Костур нема добра сообрајана позиција. Денес кон него се упатени единствено селата кои лежат во сливовите на Четирска Река и Горна Бистрица, како и селата на североисток од Костурското езеро. 

Втор град со заштитена положба е Воден. Источно од ивицата на подножјето на кое лежи Воден, се јавува стрмнина, дел кој се спушта за 130 метра. Така градот на оваа страна има природна одбрана и оттука било тешко да се напаѓа. Северно и јужно од Воден се високи долински страни, а западната долина Вода, која лесно можела да се заезери. Раскажувајќи како во 1380 година, Византијците го опсадувале Воден, Кантакузин наведува дека градот повеќе од половина е опколен со вода и поради езерата е непристапен. Според овој податок Гризебах вели дека во 14 век над градот имало езеро. Така Воден и на западната страна, кога реката  ќе заезери, имал заштитна одбрана.

Освен заштитната, Воден имал и добра сообраќајна положба. Тој лежи на солунско-битолскиот пат. Оваа сообраќајна улога Воден ја наследил од старата Едеса, кој бил најважен град на патот Виа Егнатиа. Според останатите траги Едеса лежела на Ливада, а на местото на денешниот Воден била тврдина. Во 1894 година, кога кираџискиот сообраќај бил заменет со железнички, Воден многу изгубил од своето сообраќајно значење.

Воден лежи на бигорна подлога, чија апсолунта височина е 308 – 310 метри. Ивицата на овој под оди попречно кон долината и долга е еден километар. Југоисточниот дел на Воден, до смата ивица на подот, го завзема „Варош“. Во југозападниот дел, околу патот што води кон Вртикоп, лежи Турска Мала. Чаршијата е во средишниот дел на градот. Новата Мала е во североисточниот крај, на простран под, а делумно на еден низок отсек и на еден повисок под.

Кај Солун, природната заштита на градот е во многу нешта вештачки дополнета. Во Солун ретко доаѓаа освојувачи од море и таа страна е релативно безбедна. Многу повеќе Солун требаше да се стравува на напади од копно. Во минатото многу народи го напаѓале, а најчесто Славјаните. Оттука према копнената страна градот бил опкружен со утврдување, кое поаѓајќи од брегот, од денешната Бела Кула, се искачувало по косината, одела по неа и се спуштала према морскиот брег, правејќи така полукруг околу градот. 

Меѓутоа, собраќајната положба на Солун била многу поволна. Градот во својата сообраќајна положба има две страни: поморска и копнена. Поморското сообраќајното значење на Солун е во тоа, што тој лежи на врвот на еден залив. Бидејќи поморскиот сообраќај бил полесен и поевтин од копнениот, така сообраќајот кој доаѓа од морето го користи морето до крај и на крајната точка на морето, на врвот на заливот, сообраќајот преминувал од поморските преносни средства на копнениот. И обратно, бидејќи сувоземниот сообраќај бил тежок и поскап од поморскиот, сообраќајот кој доаѓал од копно го дофаќа морето што побргу и на онаа точка каде морето навлегло во копното најдалеку – повторно на врвот на истиот залив – сувоземниот сообраќај се претварал во поморски.

Положбата во Солун во сувоземниот сообраќај исто така била поволна. На северозапад на солунската котлина, низ мухаремската удолина на преминот меѓу солинската и островската котлина, низ удолината Кирли-Дербенд на преминот меѓу островската и битолската котлина и натаму кон северозапад и запад водел пат уште од римско време. Кон север водел пат низ Вардарската долина, кој бил средишен за целото Повардарие. Натаму на север, преку прешевската долина, вардарскиот пат продолжува со моравскиот, а тој го продолжува патот во басенот на среден Дунав. Сообраќајната сфера на Солун, према северот го опфаќа не само средниот дел на Балканскиот полуостров, туку и во голема мерка и земјите околу среден Дунав. Бидејќи европското тело, идејќи од запад кон исток се повеќе се шири, Солун има поголема позадина отколку Трст и Марсеј – повеќе од сите градови на северниот брег на Средоземното Море кои се наоѓаат западно од Солун.     

И топографската положба на Солун е поволна. Солун не лежи на северозападниот дел на заливот каде Вардар и Галик таложат на устието огромни количини нанос и се изливаат од коритата создавајќи поплави. Солун е на чврста подлога во равнината и по страните на возвишението. Во равнината покрај морето е чаршијата која се распространува од северозапад кон североисток, лежејќи на падините, стар крај на Солун, крај за живеење. Југоисточно од Солун, одвоен од него со Марсовото поле, надвор од старото утврдување, во рамнината покрај морето, лежи новиот солунски крај. Овој крај исто така е за живеење и се вика Каламарија.

Меѓу останатите јужно-македонски градови, положбата на Лерин и Пазар претежнува на сообраќајната страна.

Лерин лежи по дното на крајот на една долина, на местото каде се спојува со котлината. Во дното на долината издлабено е корито. Меѓутоа ваква положба имаат и некои села во леринската околина (како и на пример Горно Неволени), меѓутоа не се равиле во градови. За разлика од овие села Лерин имал подобра сообраќајна положба. Оваа поволна положба е во тоа што западно од Лерин, во венецот Баба- Нереџка е длабок псодерски превој, преку кој води пат од Лерин за горна Бистрица, Девол и т.н. Освен тоа Лерин е локално економско средиште.

Пазар има чаршија и мали. Чаршијата е околу патот, кој води од Солун во внатрешноста. На тој пат Пазар бил караванска станица. Освен тоа Пазар преставува и трговско средиште за околните села. Пазар лежи на крајниот изданок на една косина, која се протега од северозапад кон југоисток. Овој изданок е обработен со езерска ерозија  и куќите се на темето на една ниска тераса, на падините над терасата и на подините под темето. Куќите се спуштаат во равнината.

За положбата на Рупишта, Клисура, Соровичево и Суботско, најзначајно е тоа, што овие градчиња се трговски средишта за мали области.

Рупиште лежи на патот, кој води од Костур за Љапчиште. Со долината на Бистрица се составуваат кај Рупишта долините на Белица и Галешане кои доаѓаат од југозапад. Така и селата од овие сливови се упатени на Рупиште. Рупиште лежи на левата, североисточна страна на бистричката долина. Куќите се спуштаат во самата равнина, а се качуваат и на површината над страната.

Клисура е врзана за еден длабок превој на планинскиот венец, кој ги раздвојува костурската котлина од островската. Клисура е караванска станица на патот кој е спроведен на овој превој. Меѓутоа таа е трговско средиште за околните села и островската и костурската котлина. Од една страна за Мокрени, Палеор, Л’ка, Емборе, Дебре и т.н., а од друга страна за Лошница, Бобишта, Загоричане, Горенце и т.н. Клисура е на значителна височина и селаните од околните ниски котлини одејќи на пазар мораат да се качуваат. Често во зима во Клисура има снег…

Соровичево е станица на железничката линија. Ова место се наоѓа токму на оваа точка, каде пругата во островската долина најдалеку се спушта на југ. Со тоа таа стана железничка станица за многу села на југ, на кои им е најблиска точка на железничката линија. Соровичево лежи во рамките на Петреско Езеро.

Суботско го завзема средишниот дел во равницата на мегленската котлина.

Најпосле Негуш стана град заради посебните стопански прилики на својата околина. Негушката околина ги упатува жителите на други занимања, а не на земјоделство и сточарство. На водопадите под градот се фабрики. Околината е под лозја и црници. Еден ден секоја недела во градот има пазар. Негуш лежи на пространо теме на бигорска тераса, а се качува низ нејзиниот одсек…“

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top