Историја

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ ВО ПИСМОТО ДО ГЕОРГИ С. РАКОВСКИ СЕ ДЕКЛАРИРА КАКО МАКЕДОНЕЦ

georgi-rakovski

georgi-rakovskiГеорги Стојков Раковски (IV. 1821 – 9. X. 1867 г.) (вистинското име му е Съби Стојков Поповиќ) – е бугарски преродбеник, револуционер –демократ, публицист, новинар и историчар.  Во време кога односите помеѓу Отоманската империја и балканските земји биле затегнати и се засилува борбата против гркоманијата, Раковски под влијание на илирското движење и панславизмот верувал дека е можна изградба на еден балкански сојуз во кој ќе има место и на бугарскиот народ. Како опасен елемент за Турската империја и грчкото свештенство, Раковски бил постојано апсен и прогонуван. За да ги избегне опасностите, постојано менувајќи ги местата на живеење, се засолнува во Србија, Војводина, Влашка, Русија и др., каде соработува со познати преродбеници, дејци за национално ослобоцување на балканските народи.

Во 1841 година во Атина, Раковски основа тајно „Македонско друштво’, кое има за цел организирање на востание за ослободување од Турската власт. Раковски е познатиот како автор на „Горски патник”, кој со својот патриотски однос и револуционерна романтика извршил силно влијание врз македонските преродбеници, а во Русија водел грижа за младите Македонци кои таму студирале.

Константин Миладинов, кој за време на своите студии во Москва од своите другари, бугарски колеги бил наречен „Македонијата“, активно соработува со Г.С. Раковски. Тое е период во кој Константин се обидува да најде издавач за Зборникот на Македонските народни песни, кои подоцна во 1861 година ќе ги одпечати како Бугарски народни песни, со помош на Ј. Ј. Штросмаер. Во своето писмо за Раковски од 8 јануари 1859 година, Константин Миладинов на три места го истакнува македонството на песните што ги носел со себе и на македонските студенти. Константин во писмото декларирајќи се како Македонец ќе напише: „Ние Македончињата, недавно овде дојдени…“,  „ …и ја имам многу Макед. песни, кои сакам да ги издадам..“ и „Сите Македончина на име Ви се кланает и Ве благодарјат за љубовта…“

Во „Документите за борбата на Македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том први од 1981 година, објавено е „Писмо на Константин Миладинов до Георги С. Раковски (8 јануари 1859 г.)“ во кое  тој ќе напише:

Господине Г. С. Раковски!

Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано получихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни.

Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови, кои приносихте на жертвеникот от отечеството со драго срце. И В. Чолаков ми писа за вас: и ја оддавна имах намерение да Ви предложам знакомство; и ми се чинит не ќе беше безполезно, ако сите родољубиви Болгари, зближени меѓу себе со знакомство от братска љубов, составеха плот непрескочен против грекоманијата. Вистина многу сопки и маки пред нас стоет, за да прескочиме, но, со име божие, победата ќе бидит на страната от правите и вистината наодзади ќе восторжествуат.

От се (сато) срце Ви благодарја за Вашата благосклоност кун переводот ми. Вашите слова много ме подкрепиха на намеренијата ми и ме побудиха да се печаљам (старајам) со поголема ревност да чинам секакви переводи, за да знакомет другите Болгари со нашето наречие. Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите со мак(едонското) наречие. Ви пуштам другиј перевод от објавлението от „Парусат”. Во „Болгарск. Книжици” ќе бидет напечатени собст(в)енни мои песни, можит да е и мало патешествие во Нилова пустина. Тие можит да ги прочитате. Ја от Вашите сочиненија сум читал саде „Горскијт патник”. Бидите така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочинение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја страна ќе се печаљам на општо можам да удовлетвора желанието Ви.

Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто побрго не знакомите љубезнателите от нашата словесност? Песните се драгоцениј клад от народните чувства и вираженија, затоа секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен (= признателен). И ја имам многу макед(онски) песни, кои сакам да ги издадам малко подоцкна, зашто сега не ми позвољават обстојатељствата.

Останвам Ваш искрениј пријател:
1859 со ново счастие
Јануари(ја) 8
Москва

К. Миладинов

Сите Македончина на име Ви се кланает и Ве благодарјат за љубовта Ви и попечението, кое имахте за них. Сите шест заедно седиме на едно место и над ним имам свевозможно попечение, за да успејат в науката поскоро.

Саштијт

Брати Миладинови. Преписка (Издирил, коментирал и редактирал Н. Траиков). Софии 1964, стр. 132-133;

pismo-do-georgi-rakovski

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top