Историја

„Славянский Век“ за македонското научно-литературно друштво 28 февруари 1903 г.

Makedonski Glas

Makedonski GlasНа 28 октомври 1902 година во Санкт Петрбург, Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Константинович, Милан Стоилов и други, вкупно 19 потписници, го основаат Македонското научно-литературно другарство (МНЛД). При основањето фруштвото го носи патронатот на свети Климент Охридски, а со „Уставот” од 1903 година на Кирил и Методиј. Веќе во април 1903 година членството достигнало 25 души и со прекини суштествува од 1902 до 1917 година.

Прв привремен претседател на Македонското научно-литературно другарство бил Дијамандија Мишајков, кој заедно со Стефан Јакимов Дедов бил прогонет од Србија поради промакедонски активности, а потоа на почетокот на 1903 година на тоа место доаѓа Димитрија Чуповски.

Друштвото веднаш по основањето започнува со своите активности. На 12 ноември 1902 година до Руската влада и до Советот на Санкт Петербуршкото славјанско благотворно братство, Македонското научно – литературно другарство испратило Меморандум, во кој се претставува првата национална програма, а во која се бара признавање на Македонците како посебна нација и народ, со посебен македонски јазик и култура, со своја црква, во границите на Турција.

И покрај противењето на другите балкански друштва во Русија сепак, Советот на Санкт Петербуршкото славјанско благотворно братство го признало Македонското научно – литературно другарство, како рамноправен член на Советот. Советот му дал простории на МНЛД во кои другарството можело да одржува состаноци, а истовремено од руските организации добива константна помош Во Русија се печателе книги, брошури, летоци, кои ја објаснувале улогата, задачата и целта на МНЛД.

Ваквиот однос на руските друштва му овозможува на Македонското научно-литературно студентско другарство, да дејствувала доста активно и надвор од границите на Русија, особено иа страниците на списание „Славянский Век”, кое излегува од 1902 до 1905  година во Виена. Раководството на Македонското друштво, а посебно К.П. Мисирков, било во тесен контакт со редакторот на списанието – Дмитриј Вергун.

Списанието „Славянский Век” меѓу првите објавува опширни вести за создавањето и целта на ова македонско друштво. Во својот февруарски број (1903 г.) редакцијата објавила и една дописка под наслов „Македонско друштво во С. – Петроград”, која во контекст на посебоста на македонскиот идентитет, особено на македонскиот јазик, овде во целост се објавува:

„Под покровителство на Слав(јанското) Бл(аготворително) Друштво во С. – Петербург студентите-Македонци создале кружок п(од) наз(ив) „Македонско научно-литературно студентско друштво”, во кое сега се запишани 20 членови. Целта на друштвото е: духовно обединување и единство на татковината, изучување на Македонија од историска и етнографска страна, запознавање на руското општество со вистинската положба на Македонците во минатото и сега. Членовите на кружокот зборуваат помеѓу себе само на македонски наречја, а не по бугарски и по српски, како што беше досега, по местото на воспитанието. Некои членови од овој кружок го издавале во пролетта на минатата година во Белград весникот „Балкански гласник”, на српски и француски јазик. Во него се изнесувало гледиштето дека поделбата на христијанското население на три непријателски страни, бугарска, српска и грчка (чорбаџии, гркомани-Славјани), потоа странските пропаганди го сопираат обединувањето и дека поради тоа е потребно да се издигне еден од 4-те главни македонски дијалекти (1. планинскиот: Скопје, Куманово. 2. Мијачко-брсјачкиот, во Пелагониската рамница: Битола-Охрид, Прилеп. 3. Ениџевардарскиот, Воден. 4. Неврокопскиот; при што критериум за поделбата е промената на самогласките и топографските котлини) на степен на општ македонски литературен јазик. За таков на сите им изгледа најпогоден југозападното, мијачко-брсјачкото наречје. Фактот дека српската пропаганда не се ограничува на Скопје и дека српски училишта има и во Битола, Воден, Солун, Еницевардар и Кукуш, а до неодамна српско училиште постоело дури во Сер, како и фактот дека бугарската пропаганда се шири исто во цела Македонија, најубаво го докажува единството на македонскиот јазик, народните обичаи, наравите, преданијата и се што влегува во кругот на сфаќањето на народноста.

Остварувањето на оваа идеја: „Македонија за Македонците” со создавањето на македонскиот јазик, по мислењето на овие автономисти, ќе се покаже прифатлива 1. за Бугарите поради тоа што тие ќе можат да се надеваат дека со враќањето на македонската емиграција, воспитана во бугарски дух, земјата би добила бугарски карактер; 2. за Србите поради тоа што би се прекратила бугарската пропаганда и опасноста да имаат на југ силна бугарска држава; 3. за Романците поради тоа што би имале работа на југ со моќната Бугарија; 4. за Русија поради тоа што со создавањето на автокефалната македонска црква можно е да ослабне значењето на панеленистичкиот патријарх и да се принуди да дозволи изборно начело на вселенскиот патријаршиски престол, со што би се создале шанси за избор на рускиот кандидат на вселенската катедра; 5. за Австрија поради тоа што со создавањето на македонскиот јазик таа ќе може да стекне симпатии кај населението и да ја подготви окупацијата; 6. за Сеславјаните поради тоа што би се прекратил антагонизмот меѓу Бугарите и Србите (панбугарска и пансрпска идеја) и ќе биде возможио обединување на Србија и Црна Гора со излез на Србите на Јадранско Море и што во Сеславјанскиот Сојуз малите држави би имале потреба од поддршка на Русија; 7. за Турците, зашто тоа би повлекло по себе прекин на сите денешни политички и верски пропаганди; 8. за Грците поради тоа што би оживела мечтата за тоа да му се вратат на патријархот поранешните права на црквите и училиштата.

При создавањето на српскиот и бугарскиот литературен јазик беа испуштени од предвид областите од Источна Србија, Западна Бугарија и цела Македонија, и кога овој пат би се издигнал овој јазик на повисок степен на образованост би можел да се јави како обединувачка алка за целиот Балкански Полуостров.

Програмата на овие поборници на „етнографека”, а не географска Македонија, страда само од тоа дека се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години.“ („Славянскии Век” Виена, № 62, (15-го (28-го) февраля. 1903), стр, 431 – 432)

Кон крајот на 1905 год. Македонското научно-литературно другарство е неутрализирано, а од 1912 г. се појавува под ново име, но не успева да добие официјално признание од надлежните руски власти. Со Октомвриската револуција во Русија во 1917 година, дејноста на Македонското научно-литературно друштво завршува.

(Извор; Документи, том први, Скопје, 1981, стр. 446 – 447,)

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top