Историја

Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора

doom-logo

doom-logo

Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) е македонска организација во дијаспората основана од македонски иселеници во 1962 година во Шведска. Движењето се залагало за поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија, признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија, враќање на Македонците бегалци во Грција и автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија.

Почетоците на организирано политичко дејствување на македонската дијаспора во Западна Европа по Втората светска војна започнува кон крајот на 50-тите години, кога Македонците масовно ја напуштаат својата татковина од политички или економски причини. На 23 јуни 1962 година македонските иселеници во Шведска ја формираат емигрантската организација Ослобододителен комитет на Македонија (ОКМ). Под ова име организацијата дејствува до крајот на 60-тите години. На редовниот Конгрес во Бремен, Германија (1972) името е сменето во Движење за обединување на Македонија (ДОМ), а името Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) го добива на Општиот Конгрес во Минхен, Германија во 1974 година. Последната промена е направена десет години потоа. На 5 –от редовен конгрес во 1984, името е променето во Народноослободителен фронт на Македонија (НОФМ). Иако организацијара неколкупати го менувала своето име, нејзината крајна цел секогаш останала иста: создавање на независна и обединета македонска држава на македонскиот народ.

Во текот на 70-тите години, организацијата, развила широка активност меѓу македонското иселеништво. Тоа е период кога ДООМ, под водство на Драган Богдановски се проширува во Европа, Австралија и Северна Америка и го доживува својот зенит во дејствувањето.

Во овој период голема улога ќе одигра весникот  „Македонска нација“. Имено, на вонредниот Конгрес на Комитетот во Копенхаген, Данска во 1971 година, била донесена одлука за издавање на официјален орган – весникот „Македонска нација“. Покрај печатењето на списанието, активноста на организацијата во овој период е насочена и кон издавање на брошури и книги со историска и политичка содржина, како и активности за меѓународно актуелизирање на македонското национално прашање.

Во 1973 година е забележана првата активност на ДООМ за запознавање на светската  јавност со состојбата на македонскиот народ во и надвор од границите на СФР Југославија, но и за промовирање на целите на организацијата. Централниот комитет на ДООМ, во кој се наоѓаат преставници од Европа, Северна Америка (Канада и САД) и Австралија, испраќаат меморандум до државите учеснички на Конференцијата во Виена по прашањето за мир и безбедност на Европа. Преставувајќи се како „легална политичка организација на македонските патриоти“ која дејствува во Западна Европа и како „илегално револуционерно национално ослободително движење“ кое дејствува во Грција, Бугарија и Југославија, во меморандумот испратен до претставниците на владите на државите учеснички на Конференцијата, меѓудругото се вели:

„Траен мир во Европа најдобро ќе може да се обезбеди со една демилитаризирана обединета и неутрална Македонија под покровителство на Обединетите Нации… Влегувањето на грчката и бугарската окупациона зона во обединета Македонија ги засегнува истовремено двата светски блока па затоа меѓу нив нема да биде нарушена рамнотежа. Југословенската окупациона зона и онака припаѓа во несврстена Југославија па нејзиното одвојување од Југославија нема да има никакво значење за рамнотежата меѓу блоковите и меѓу балканските држави…“. Понатаму се вели: „Обединувањето на трите зони од распарчена Македонија во неутрална држава по протекторат на Обединетите Нации ќе му даде прилика на македонскиот народ да заживее слободен и самостоен национален живот, да се спаси од сегашното национално угнетување и понижување. Обединета и неутрална Македонија исто така ќе биде гаранција за слободен национален развиток и на другите националности во Македонија: Грци, Албанци, Турци и други зашто Македонија повеќе нема да станува арена на војни меѓу балканските држави, во кои покрај македонскиот народ, секогаш страдале и другите националности во Македонија.“

Исто така, во меморандумот се бара од државите учеснички на Конференцијата „да се завземат и изработат еден план за обединување на Македонија…“, во кој  како основна гаранција за мирот, би требало да се изврши „демилитаризацијата на Македонија од страна на двата воени блока. Односно базите и другите вооружени сили на НАТО и на Варшавскиот пакт да се повлечат од територијата на Македонија, а на нивно место, како и во сегашната југословенска зона, да бидат испратени вооружени сили на ОН под чија закрила и контрола би се извршило обединувањето и осамостојување на Македонија.

Според меморандумот, целта за обединета и неутрална македонска држава можела да се оствари низ следните етапи:  1.) бугарската и грчката окупациона зона да бидат издигнати во ранг на автономни републики во рамките на Бугарија и Грција, слично на автономната македонска република во Југославија; 2) „да се свика едно сеопшто македонско Уставотворно собрание со овластени претставници од трите македонски автономни републики и со претставниците на сите националности што живеат во Македонија, на кое што да биде изработена конструкција (Устав) на идната обединета и неутрална Македонија, чие што создавање треба да биде прокламирано од ова сеопшто македонско уставотворно собрание. О 3) по прокламирањето на обединетата македонска неутрална држава силите на НАТО и Варшавскиот пакт, како и вооружените сили на Југославија, Бугарија и Грција (војската и полицијата) да ја напуштат Македонија, а на нивно место за обезбедување на внатрешен ред и за одбрана на земјата новата македонска држава да си изгради свои воени и полициски снаги.“

Меморандумот бил потпишан од ЦК на ДООМ, на кој стојат имињата на претседателот Драган Богдановски, потпретседателот Благој Шамбевски и секретарот Јован Гарвански.

Со овој меморандум, кој бил првата посериозна активност на организацијата на меѓународно поле, повеќе европски држави за првпат се запознале со постоењето на оваа организација и со нејзините цели.

(Продолжува)

Македонска нација

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top