Историја

Петиција од група бегалци од малешевско до Н. Де Ринг – Ќустендил, 11 септември 1879 год.

carevo-selo

carevo-selo

ПЕТИЦИЈА ОД ГРУПА БЕГАЛЦИ ОД МАЛЕШЕВСКО ДО Н. ДЕ РИНГ: САКАМЕ И ОЧЕКУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ПОДОБРО ОРГАНИЗИРАНА ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО НАШИТЕ ДОМОВИ

“Екселенцио,

Потпишаниве бегалци од селата во Малеш, Скопска каза, доаѓаме со оваа петиција да Ви го пренесеме следново: населението од 14 села на гореспомнатата област пред година и пол емигрира поради неподносливите ѕверства од Турците. Се’ до денес бугарската влада се грижеше за нашето издржување. Но ова не може вечно да трае. Ние сакаме и очекуваме Македонија да биде подобро организирана за да можеме да се вратиме во нашите домови.

Но османлиската влада не престанува да ги води работите во нашата земја на деструктивен начин. Нашиот град Пехчево стана гнездо на османлиските разбојници кои убиваат, измачуваат и прават се’ што им е по волја, без никаква пречка од страна на властите. Поради ова не можеме да имаме безбеден мирен живот и не смееме да се вратиме во нашите домови.

Молејќи Ве да ја земете предвид нашава скромна петиција, исто така, Ве молиме да ја имате добрината да дејствувате таму каде што ќе сметате за нужно за да се стави крај на ѕверствата и злоупотребите на османлиите.

Ќустендил, 11 септември 1879 год.                                 

(Следуваат 13 потписи)

Француски документи за историјата на македонскиот народ, серија VI, т.I… 1969, стр. 152-153;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top