Историја

Андартските масакри во Неволјани и Горно Караџово

kaudis

kaudis

По Илинденското востание 1903 година, Елиномакедонскиот комитет во Атина во согласност со грчката влада во 1904 година започнува со испраќање на вооружени чети во Македонија. По првичните извештаи дека се можни активности на вооружена грчка пропаганда, под услов да не се напаѓа, туку да се заштитува турското население, андартските чети по подготовките влегле во Македонија во есента 1904 година со цел да ги уништат комитетите на Македонската револуционерна организација по селата, а на нивно место да се формираат грчки комитети.

По влегувањето на андартските чети во земјата, тие имале поддршка од малубројното месно население кое останало верно на Цариградската патријаршија. За да се оствари нивната цел за создавање на Голема Грција, како и да се промени состојбата на теренот тие го принудувале со закани и уцени македонското егзархиско население да ја признае Цариградската патријаршија. Вообичаено било пред да употребат сила, грчките андартски чети да испратат предупредување до локалното население да не се надеваат да живеат доколку во одреден рок не станат Грци.

Поради отпорот на кои наишле кај македонското население и од страна на Македонската револуционерна организација, четите на грчката вооружена пропаганда започнале со одмазда врз македонското население. По крвавата свадба во селото Зелениче во октомври 1904 и  нападот на Загоричани во март 1905 година, во кои загинале повеќе десетици Македонци, крвавите одмазди на андартите врз мирното македонско население не престануваат.

Истата година, на 28 октомври 1905 година четите на грчката вооружена пропаганда извршуваат нов масакар во леринското село Горно Неволјани или само Неволјани, каде населението било поделено на патријаршисти и егзархисти. По крвавата зеленичка свадба, тоа е втора „Крвава свадба“ во Егејскиот дел од Македонија за која малку се говори.  

Масакрот бил извршен вечерта на 28 октомври 1905 година. Андартите ја запалиле куќата и убиле повеќе од 11 души  кои биле присутни на свадбата на Георги Јанев. Целиот настан се одвивал прво со пукање на андартите во куќата каде биле собрани свадбените гости, од кои само Васил Типулјов бил вооружен. Тој возвраќал на пукањето, но набргу бил ранет. Потоа андартите ја запалиле куќата и соседните нејзини плевни, а кога свадбарите почнале да бегаат од запалената куќа биле убивани. Меѓу убиените биле браќата Лазо, Наум и Георги Јанев, Коце Трпин, Наум Тасев Наумчев, Коце Славев, Ване Тилев и неговиот син Ставре, Васил Типуљов, Дељо Тилев и неговата ќерка на 18 години.

Истата вечер курирот го известил за тоа што се случило  вработениот како драгоман во бугарската амбасада Наум Христов во Битола. Наум успеал да ги собере во Неволјани францускиот, италијанскиот, англискиот и бугарскиот конзул. Во селото пристигнал и италијанскиот жандармиски офицер Кастолди. Странските набљудувачи наоѓаат маузерови гилзни, што ги натерало да веруваат дека во нападот учествуваат турските војници. Конзулите спроведуваат анкета меѓу локалните жители, а потоа се враќаат во Битола, но ништо не превземаат.

Нецела година потоа се случува и масакрот во серското село Горно Караџово. На 25 откомври 1906 година четите на грчката воружена пропаганда извршиле уште еден напад против мирното македонско население. Акцијата била како одмазда против акција на МРО, во која војводата Таската Серски го нападнал гркоманско село Хомондос на 1 септември 1906 година, при што била убиена жената и единственото дете на гркоманскиот војвода Димитар Гоголаков.

Потоа Димитар Гоголаков ја  маскирал целата своја чета од 60 души во униформи на турската војска и ги нападнал селаните кои не се сомневале во ништо. Во подготовката на масакрот учествувале турски офицери, грчкиот конзул во Сер и Серскиот митрополит Григориј.

Првично биле убиени десетина Македонци надвор од селото, а потоа биле запалени десетина егзархиски куќи и се убиени меѓу 25-30 лица Македонци. Турската војска во селата Хомондос и Календра останала рамнодушна кон она што се случува во Караџово.

Како одговор на нападот на андартските чети се мобилизирале реонските чети на МРО кои го нападнале на 1 декември гркоманско село Клепушна и извршиле егзекуција на повеќе патријаршиски агенти

Масакрот во Горно Караџово предизвикала реакција на големите сили. Настанот бил истражен од австрискиот конзул Пари и од францускиот офицер Фулон, а било разговарано и во англискиот парламент. Но, правичен одговор немало, иако меѓународната заедница добро била запозната со ѕверствата кои ги вршеле андартските чети во Македонија за да македонското население се откажат од името и црквата. Таа воопшто не реагирала за да го заштити македонскиот народ. Сепак и покрај сите насилства извршени врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, тие издржале се до завршувањето на Првата светска војна кога грчката пропаганда започнала со нови злосторства.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top