Историја

Меѓународна реакција по повод масакрот во Загоричани во 1905

zagoricani

zagoricani

На 25 март (7 април нов.стил) 1905 година околу 300 грчките андарти го запалиле селото Загоричани и го масакрирале цивилното македонско население. Во колежот извршен на црковниот празник Благовештение (Благовец) биле убиени 62 жители (жени, деца, старци), а многумина биле ранети. Веднаш по добиената информација за масакрот во Загоричани, во селото го посетил жандармерискиот офицер Козма Елилио Манера, а четири дена потоа пристигнала и комисија која бил составена од битолски конзули, италијански и турски офицери. Тие потоа ќе оишат ужасот кој зад себе го оставиле грките андарти.

Уште за време на нападот, од селото Загоричани биле испратени двајца курири кои требало да ја информираат власта во Битола за настанот. Меѓутоа, тие биле спречени од турскиот аскер, кој ги привел пред да стигнат да ги информираат битолските конзули. Сепак, наместо нив, Атанас Коков од Бобишта го информирал австро-унгарскиот и рускиот конзул за масакрот во Загоричани. По добиената информација, приквечер во селото пристигнал жандармерискиот офицер Козма Елилио Манера, За да може меѓународна комисија да испита што се случило, тој не дозволил убиените да бидат погребани, иако костурскиот кајмакам наредил труповите да бидат погребани. Но на наредбата на кајмакамот  се спротивставиле и селаните.

По четири дена во Загоричани пристигнала комисија составена од австро-унгарскиот конзул Оскар Прохаска, рускиот конзул Виктор Кал, двајца италијански, тројца турски офицери и Наум Темчев од Загоричани кој живеел во Битола. Селаните од Загоричани на комисијата му предале писмена изјава-протест, а исто така протестирале и селаните од околните села.

Членовите на меѓународната комисија по доаѓањето во Загоричани наишле на потресни слики. По извршениот увид и сослушвањето на преживеаните селани, во своите извештаи ќе го забележат злосторството извршено врз македонскиот народ од страна на грчките андарти. Така, битолскиот главен жандармериски полковник Албера за настанот потоа ќе каже:

“Како офицер во италијанската армија, учествував во многу битки со дивите африкански племиња. Често пати, тие биле заробени од страна на Африканците и нашите војници убиени. Но, убивање со таква жестока суровост досега не сум видел, и не наоѓам зборови за да ги квалификувам авторите на кривичното дело.“

Во своето извештај до англискиот амбасадор во Константинопол, англискиот конзул Мак Грегор во врска со овој настан ќе забележи:

“Вкупниот број на незакопаните тела пронајдени од полковникот и двајцата конзули е 68, вклучувајќи 6 жени и две деца, од кои последните се прободени со бајонети и распорени, а во еден случај е откриено дека цело семејство е разнесено со динамитни бомби од примитивен тип, фрлени низ дупки направени во ѕидовите на нивната куќа. Освен изгорените 13 куќи и исто толку плевни, Грците намерно исклале многу добиток, а малиот број на повредени, околу половина дузина, сведочи за совршен метод со кој е извршена касапската работа за ова кратко време од час и половина …“

Бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, чии родители се со потекло од Македонија, во својот доверлив извештај до бугарската влада ќе наоише:

“Тие – рускиот и австрискиот конзул и италијанските офицери Алберта, Гастолди и Манера – се потресени од она што го видоа и констатирале. На улиците, во близина на црквата, лежеа трупови, сурово обезличени. Имаше 5-годишни деца со распорени стомаци, а жените беа убиени со пресечени раце. На некои черепите им биле скршени и мозокот им беше истекол, на други очите им беа извадени, рацете и нозете исечени и т.н. Еден од селските свештеници, 60 годишен старец, исто така убиен, бил покриен целиот со рани. Едно цело семејство беше убиени од бомби, кои беа фрлени преку … две нарочно направени дупки. Таткото, мајката и двете деца се ужасно изобличени од бомбите. Најмалото 5-годишно девојче сакало да избега, преку вратата, но била спречено од бајонетите на Грците.

Рускиот конзул г-дин Кол плачеше кога ми раскажуваше за тоа што го видел. Австрискиот конзул Прохаска едвај ги задржуваше солзите. Тие велат дека такви ужаси не виделе да прават ни Турците за време на востанието.

Конзулите додаваат дека при влегувањето во селото, мирисот на рапаѓањето на труповите и пискотот на оние кои останале живи можеле да ја трогнат душата и на најсуровото срце.“

Масакрот во Загоричани бил причина за иселување на голем дел од населението на Загоричани, кое емигрирало во Сад и Бугарија, каде месното население со македонската емиграција оддржаа серија митинзи, а на брегот на Црното Море избувнаа анти-грчки немири. Сето тоа резултираше со палење на град Анхиало, по што дел од Црноморските Грци се иселиле во Грција.

Острите осуди кои доаѓаа од страна на меѓународната заедница, било причина грчката вооружена пропаганда времено да се смири. Имено, неповолниот одек по масакрот во Загоричани била причина командантите на грчките чети во Македонија да добијат наредба привремено да се воздржат од “напади и борби”.

Во еден документ заробен од турските власти се вели: “… Жалбите по повод борбата во село Загоричани создаде пречки и мачнотии за нашата борба во Македонија. За да не се дава повод на османлиската влада да презема гонење против нас и бидејќи отсега луѓето кои ќе се фатат, ќе бидат предадени на специјални воени судови (вонредни), додека не се елиминира ова расположение и додека не престанат протестите на конзулите во Битола, ве советуваме да избегнувате секакви иницијативи и акции.“

Сепак, во отсуство на меѓународни санкции против Атина и Турција, по извесно време грчката вооружена пропаганда продолжува со своите активности во Македонија. На 28 септември 1905 година, следува нова крвава македонска свадба во леринското село Невојани, Егејскиот дел на Македонија.

(продолжува)

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top