Историја

Трлиски инцидент

Alexander Protogerov and Todor Alexandrov 1912-1918

Alexander Protogerov and Todor Alexandrov 1912-1918

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македонија од Букурешт 1913 година, македонското револуционерно движење во борбата за создавање на македонска држава прави напори да се обедини и бара поддршка од Советскиот сојуз. По долги преговори на преставниците на ВМРО, Македонската федеративна организација и Коминтерната на 6 мај 1924 година во Виена бил потпишан Мајскиот манифест од Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.

Манифестот бил објавен во јули во весникот „Federation Balcanique“ (Балканска федерација), кој ја запознава јавноста за обединување македонските револуционерни сили за престојната борба на Организацијата за ослободување и обединување на Македонија. Истовременото повикување на сите балкански револуционерни сили за создавање на единствен балкански револуционерен фронт предизвика загриженост и рекации на Белград, Софија и Атина.

Месец дена пред да биде убиен Тодор Александров (31.08.1924), Белградска „Политика“ од 29 јули1924 година на страна 4, пренесувајќи го извештајот од Виена од 28 јули, ја известува јавноста дека „Александров, Протогеров и Чаулев со ренегати и болшевици бараат Балканска федерација“. Во текстот под наслов „Акција на Тодор Александров“, меѓудругото се вели:

„На една седница, одржана во Цирих, се договориле сите револуционерни комитети на Балканот за единствен фронт. Во договорот со московската Трета Интернационала заклучено е да се издава заеднички орган, кој се вика „Federation Balcanique“ (Балканска федерација). Првиот број на весникот веќе е објавен.

Овој број го објави манифестот на Македонската Револуционерна Внатрешна Организација, потпишан од трите водечки личности: Тодор Александров, Протогеров и Петар Чаулев. Весникот потоа, од перото на Филип Атанасиев, објавува за помирување на македонската револуционерна и македонската федеративна фракција, кои досега беа непријателски расположени едни спрема други.

Понатаму ја објавува (изјавата) на народнот пратеник Хрват Дошен дека Хрватите се приддружуваат на македонското ослободително и револуционерно движење.

И членот на Косовскиот комитет Зиа бег Дибра пишува дека Арбанасите на Косово ќе формираат единствен фронт со Црногорците (!) и Македонците за да се формира федерација, која им овозможува на сите балкански народи самоопределување и се бори против смешниот шовинизам и империјализам. Само ако се сруши империјализмот, вели Зиа бег, тогаш може да се врати мирот и редот на Балканот.

Хрватот Валтер говори за политичката положба во Југославија и го прогласува Крфскиот пакт како ултра рекционерен инструмент, кој треба да се поништи. Единствено самоопределувањето и самоуправата на балканските народи може да го извлече народот од неподносливата положба во Југославија…“

По информацијата за формирање на единствен балкански револуционерен фронт, балканските монархии обвинувајќи се меѓусобно, ќе превземат низа мерки не само да ја уништат Македонската револуционерна организација, туку и да го заплашат македонскиот народ кој несебично му давал поддршка на Организацијата. Со особена жестокост продолжува теророт и масакрите врз невиното македонско население.

Неколку дена потоа, белградска  „Политика“ ќе го забележи првиот инцидент во кој жртви се македонските селани од Егејскиот дел на Македонија. На  02 август 1924 година, белградскиот весник известува за грчко – бугарски инцидент. Повикувајќи се на извештајот од Атина од 1 август, за овој инцидент  кој подоцна е познат како „Трлиски инцидент“ ќе го објави следното:

„ …Пред некој ден, еден грчки мајор, обиколувајќи ја границата со неколку свои луѓе, бил нападнат од страна на една јака “бугарска“ чета во близина на селото Дални (?) северно од Серес, во близина на границата. Располагајќи со слаби сили, мајорот се повлекол, меѓутоа веднаш извршил испрашување и установил дека во нападот учествувале и некои селани од селото Дални. Уапсените виновници биле поведени во затвор, но комитите повторно извршиле напад, обидувајќи се да ги ослободат виновниците. Во борбата која се развила, загинаа 17 луѓе.

… Весниците ја обвиниле владата на Бугарија, која имајќи толку докази  за грчката добра воља, треба да превземе мерки и да ги спречи акциите на комитите. Грчката влада е решена да биде наумолива спрема сите кои ќе го нарушат јавниот ред. На границата се превземени сите потребни мерки.“

Всушност овој настан, подоцна познат како „Трлиски инцидент“, се случил на 27 јули 1924 година, кога грчки офицер уби 17 македонски селани во село Трлис, Егејска Македонија,  во близина на грчко-бугарската граница.

Имано, во 1924 година, Трлис, Ловча и Каракој се три македонски села лоцирани на грчка територија, откако Македонија е поделена согласно договорот од Букурешт од 1913 година. Со население од околу 800 луѓе, само 50 од нив биле грчки бегалци кои речиси штотуку биле доселени од Турција. Во Грција била воведена воена состојба од Владата на Темистоклис Софулис кој доаѓа на власт само три дена порано на 24 јули.

Официјалните грчки власти тврделе дека во саботата вечер на 26 јули жители на Трлис биле собрани на селскиот плоштад за да дискутираат за одлуката за репатријација меѓу Грција и Бугарија согласно Нејскиот мировен договор, кој обезбедува доброволна размена на население меѓу двете земји. Крајниот рок за прифаќање на преселување бил на 31 јули 1924 година.

Одеднаш се слушнале истрели и експлозии од блиската клисура, но без да има повредени. Мајор Калабиликис, командант на осмата погранична дружина, заповедал да се уапсат група од околу 70 македонски селани од трите села како осомничени за истрелите.

Следниот ден, недела, 27 јули Калабаликис му заповедал на својот помошник полковник Доксакис, грчки офицер од Крит, да ги премести 27 од приведени селани и да му ги доведе до администрацијата во Сер за испрашување. Доксаксис, наместо низ селото Горно Броди, на чело со 10 грчки војници, тргнал по теснен планински пат, заобиколувајќи ги прометниот правец меѓу Трлис и Горно Броди. Тој се вратил пет часа подоцна за да пријави дека неговите луѓе биле нападнати од комити и дека некои од затворениците се обиделе да избегаат. Тој наводно бил принуден да ги запре со истрели и така 17 од нив беа убиени.

Веднаш по инцидентот реагирале Македонците од Петрич каде бил составен граѓански комитет. Тие апелираат пред меѓународната јавност за интервенција против грчките ѕверства. Ова масовно убиство предизвикува и протест на Бугарија пред Друштвото на народите. Од таму беше формирана комисија за да го испита случајот.

Во извештајот на Марсем де Роовер и А. Ц. Корф, кој е претставен на 2 март 1925 година во Друштвото на народите, се нагласува дека во последните години во реонот немало никакви “комитаџиски” акти. Не се пронајдени никакви докази дека нападот од 27 јули е македонско дело. Трлискиот инцидент стана проблем за опстанокот на македонско малцинство во Грција. Тој доведува до меѓународен притисок од страна на Лигата на народите врз грчката страна и потпишувањето на бугарско-грчката конвенција за покровителство на националните малцинства Калфов – Политис (септември 1924).

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top