Историја

Вооружена грчка пропаганда во Солунско и Серско во 1905 г.

grcka-propaganda

grcka-propaganda

„Важен фактор во спроведувањето на Грчката вооружена пропаганда во Солун беше Митилинската банка. Оваа банка не само што ги извршуваше финансиските операции на андартското раководство, туку извршуваше и други револуционерни служби. Во текот на еден претрес во јануари 1905 година, во банката биле пронајдени 13.000 патрони за пушка „Гра“ и 90 револвери. Неколку дена подоцна, беше откриен магацин со оружје и во куќата на директорот на банката.“ – пишува Христо Силјанов за борбата на Македонската револуционерна организација со грчката вооружена пропаганда  во Македонија.

Во текот на 1905 година, поддржани од властите во Атина, грчките андарти предводени од криминалци и убијци, по влегувањето во земјата го тероризираа македонското население и вршеа убиства на видни македонски првенци за да предизвикаат страв и да го натераат македонскиот народ да се врати во прегратките на грчката Цариградска патријаршија.

Турската војска и поткупените власти кои благонаклоно гледаа на дејствувањето на грчката вооружена пропаганда само повремено дејствуваше. Единствена вооружена сила која го спречуваше дејството на андартите во нивните злосторства беа четите на Македонската револуционерна организација и селската милиција.

Христо Силјанов (1880 – 1939), револуционер и деец на Македонската револуционерна организација, за ѕверствата на андартите и нивните порази во Солунско и Серско ги наведува следните податоци:

„Најголемиот грчки неуспех во овој период во Солунскиот санџак е разбивањето на една андартски чита од 64 лица во почетокот на месец Јуни 1905 година, меѓу манастирот Св. Анастас и Василикос (Солунско). За одбележување е дека оваа чета,  …беше под команда од еден професионален разбојник, поранешниот подофицер на грчката армија Дафотис. Осуден на смрт за разбојништво и убиства, Дафотис лежеше во затворот Паламидион. Неколку дена пред неговото очекувано извршување, тој бил помилуван од кралот и бил испратен со чети во Македонија. (Случајот не е единствен). Поголемиот дел од андартите загинаа и беа ранети, а останатите се разбегаа. Во рацете на Турците останаа дваесетина мазги со муниција, храна, 20 сандаци грчки коњак, а кај убиениот секретар на четата беше најден еден извештај до генералниот конзул Коромилас за движењето и делата на четата.

На 11 мај друга андартски чета беше разбиена и разбегана во борба со македонските четници и милиција кај село Смоквица, Гевгелиско.

Трета андартски чета од 18 души, откриена од војската на 25 август, се предаде без да фати пушка, при турското село Сарѓол (Солунско), кое служеше за прикривање и база за дејствување.

Група македонски работници, тулари, која во текот на август беше нападната од андартска чета на своите ископи недалеко од Солун, одговорила со стрелба и ги одбила напѓачите. Една армиска единица, која ја набљудувала битката, веднаш се појавила на копот и офицерите ги предупредиле работниците дека ако уште еднаш употребат оружје ќе бидат заклани.

Во ноември, една селска милиција постави заседа на патот на Воден – Негуш, на една андартска чета. Четири андарти беа убиени.“

Грчката вооружена пропаганда не дејствуваше само по селата, туку и по градовите, каде беа вршени атентати врз видни личности кои се спротивставуваа на патријаршистите. Авторот кој се осврнува на настаните во Солун ќе напише:

„Во самиот Солун, се случија многу напади против Македонците и Романците (Власите – н.з). Нападнати и ранети беа директорот на гимназијата Ат. Ченгелев, трговецот Тома Бајалцалиев, инспекторот на романското училиште Дума и други. Атентатот врз Т. Бајалцалиев го изврши Јани Авгерос, кој во месец ноември беше заробен со една андартска чета. Потоа беше откриено дека Авгерос во исто време бил агент на тајната турска полиција.

Важен фактор во спроведувањето на Грчката вооружена пропаганда во Солун беше Митилинската банка. Оваа банка не само што ги извршуваше финансиските операции на андартското раководство, туку извршуваше и други револуционерни служби. Во текот на еден претрес во јануари 1905 година, во банката биле пронајдени 13.000 патрони за пушка „Гра“ и 90 револвери. Неколку дена подоцна, беше откриен магацин со оружје и во куќата на директорот на банката.“

Соработката на андартите со локалната турска власт била многу изразена во Серскиот санџак. Гчката вооружена пропаганда многу подоцна почнала да дејствува во овој дел од македонската територија. Сиљанов опишувајќи ја спрегата на андартите со локалните власти пишува:

„Во Серскиот санџак андартската акција беше организирана малку подоцна – во 1905 година, со благонаклона соработка на локалната власт и турското население.

Поддржани низ вековите, преку непрекинатите пролевања на (македонската н.з.) селска крв, грцизмот во градот Сер стана многу импресивна сила по бројните, културните организации и материјалната благосостојба. Сепак, тој се чувствуваше изолиран во плодното Серско поле, населено со (Македонци – н.з) и се протегаше до подножјето на Пирин и Али-Ботош – царствата на комитите. Оддалеченоста на Грција и близината на бугарската граница ја прават опасноста од север уште поопасна и им укажуваат на Грците да се спротивстават очајно против пенетрацијата на (Македонците –н.з) во нејзината тврдина. Истата опасност од северот ги предизвика Турците да го поддржуваат грчкиот отпор без никакво сомнение.

За испратените воени емисари од атинскиот комитет сосема не беше тешко да ја организираат “одбраната” во градот. Со создавањето на коридор за идните чети се зазема самиот грчки конзул Стариара. За месечна плата од 2-3 лири се ангажираа одделни лица, не само по патријаршиските, но и по екзархиските села, на кои им се раздаваа и пушки. Во своите проповеди конзулот не се стеснуваше да ги уверува селаните дека одржувањето на грчката акција станува со благослов на власта и со знаење на мутесариф (окружен управител). Откако дозна за тоа, Организацијата (Македонската револуционерна организација) нареди некои од нејзините луѓе да се согласат и да го прифатат предложениот аранжман. Едно од тие поставени лица се појави, заедно со други селани, пред мутесарифот и му соопшти, меѓу другото, дека грчкиот конзул се послужил и со името на турскиот администратор. Бидејќи по оваа постапка не следеше ништо, самата организација почна да ги прогонува поглавните луѓе на грчкиот комитет. Четата на Ѓорѓи Радев влезе во село Олшани, го зароби и го казни со смрт раководителот на грчкиот комитет Хар. Димитров и од неговата куќа ги зеде пронајдените осум конзулски пушки. Дури тогаш мутесарифот почнал да дејствува: тој уапсил голем број (Македонци – н.з.) од Олшани, вклучувајќи го и Конст. Димитров, кој го предупреди на акциите на Стариара. Во прилог на оваа турско-андартски идила, ќе кажем уште дека градскиот кмет Акил бег се покажа крајно великодушен кон грчкиот комитет, откако му пушти 100 лири.

До средината на 1905 година, во Серско веќе дејствуваат андарските чети заедно со Вели, Селим бег Џина, Мустафа Пеливан и други познати турски разбојници. Во почетокот, тие се ограничуваат на убивање на одделни селски трговци, учители и свештеници. Потоа ги нападнаа и селата. На 16-ти ноември турско-андартска чета ги запалиле куќите на двајца (македонски- н.з) првенци во Г. Караџово, а во Д. Караџово изгоре една куќа и тероризираа многу селани.

Во служба на грчката пропаганда се приклучија и грчките чифликчии. Тие не само што ги поддржуваа андартските чети, туку дозволуваа неказнето секакво угнетување и своеволие над чифлигарите кога последните не сакаа да бидат патријаршисти. Типичен случај е кога Хаџи Лазаровци, стопани на фарма Бахатар, му наметнаа на чифлигарите вонреден данок од по 27 гроша на глава добиток, зашто селаните зедоа при пописот егзархиски нуфузи. И бидејќи селаните немаа да платат данок, луѓето на хаџи Лазаровци навлегоа во куќите и им ја зедоа зимницата и пченката. Но, дури и овој прв ваков произволен чин не го трогна Серскиот мутесариф: поплаките на чифлигарите останаа без одговор…

…Грчкиот терор во градот се вршеше и над оние патријаршисти кои не се придржуваа до комитетските налози за прекинување на секое земање-давање со Македонците. Се следат сите кои дават сместување под наем на Македонци, а најмногу оние кои продаваат имот на Македонци. Јас ќе изнесам еден случај што се карактеризира со улогата што ја игра Серскиот мутесариф. Браќа Апостол и Анастас хаџи Лазаров беа подгонети од грчкиот комитет и од митрополитот, зашто продадоа една куќа на Македонец. Еден од браќата бил ранет од терорист, а семејствата и на двајцата биле оддалечени од црквата. Плашејќи се дека болната мајка може да умре, и да биде лишена од опевање по христијански обред, хаџи Лазарови решаваат да побараат од комисијата за попис бугарски нуфузи. Сепак, тој е самиот Мутероарифин и ги принудува да ја повлечат својата апликација. Во меѓувреме, старата умира. За да им дозволи на погреб, митрополитот им бара 300 лири. Згрозени од таа трговија со религијата и не наоѓајки никаква помош од мутесарифот, браќата се обратија кон самиот Хилми паша, но и тоа не им помогна. Два дена по нејзината смрт, старата била погребан во куќниот двор – што е забрането со закон.

Влијанието на грцизмот врз турските власти е потпомогнато, меѓудругото, и од тоа што повеќето од странските почесни конзули во Сер се видни месни Грци и помагачи на својот грчки колега. Еден од најактивните лидери на андартската акција е англискиот почесен вицеконзул д-р Јани Теодоридис. Грци се и почесните конзули на Франција и Австро-Унгарија, а на Италија-Евреи.

Во таква ситуација француските жандармериски офицери се единствените странски претставници, во кои Македонците од градот и околијата наоѓаат, по потреба, човечко сочувство и правична застапништво.

Се разбира, во двете најсилно нападнати од пропагандата околии на Серскиот округ, Серско и Демир-Хисарско, Организацијата (МРО) не седеше со скрстени раце.. Четите на Македонската револуционерна организација ги бараат и ги истребуваат најактивните органи на грчкиот комитет, Грци и Турци. Силен впечаток беше произведен во Демир-Хисарско со истовремено егзекутирање, во месец октомври 1905 година, на лидерот на пропаганда во селото Острово и неговиот помошник кехаја Турчин. Месец пред тоа, месни чити ги изгореа плевните на првите гркомани, органи на грчката вооружени пропаганда во село Крушево.“

(продолжува)

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top