Историја

Коренот на Македонците

kitim

Китим-Коренот на Македонците-Македонците во Библијата

kitim

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословната таблица од 1 Мојсеева 10, 1-5. Дека веќе цитираното пророштвото на Данило 8 глава се однесува на Александар Македонски, односно цар од династијата на Аргеадите[1] ни сведочи и визијата за козелот кој со огромна сила го соборува овенот кој во случајот го претставува Медо Персиското царство.

Познато ни е од историјата за битката кај Граник и големата победа на војската на Александар врз побројната Персиска војска со што дословно се исполнило пророштвото. А за козелот исто така, познато е дека белата коза била симбол на Аргеадската династија[2].

Интересен е податокот на Јосиф Флавие кој ни открива дека еврејските свештеници, кога Александар во своите освојувања се приближил до Ерусалим, му излегле во пресрет со овие пророштва, поради што градот уживал посебен статус во Македонската империја.

Освојувањата и територијалните достигнувања на Македонската војска на чело со Александар и неговите генерали, бил неповторлив настан кој историјата сериозно го забележала, потврдувајќи го пророштвото: “…ја изоде целата (до тогаш позната, з.а.) земја, не допирајќи се до неа…”, со што на симболичен начин е претставена брзината на далекусежните освојувања на Македонската војска.

А што се однесува до родословната таблица, ние понатаму за името Јаван читаме: “Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим,” а потоа продолжува “Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.”

Во една од апокрифните[3] книги, 1 Макабејска 1, 1. читаме: Александар Македонски, синот на Филипа, излезе од земјата Хетејска и го победи Дарија…”

Повторно се соочуваме со погрешен превод на зборот Хетејска, каде според познавачите на еврејскиот јазик треба да стои Китимска[4]. Иако непознат, авторот на 1 Макабејска ни открива дека Александар треба да го поистоветиме со Китим, еден од синовите на Јаван. Тука е вредно да се напомене дека името Китим некои погрешно го поистоветуваат со Крит, заради сличното име на градот Килтион кој се наоѓал на Крит. Град со име Kition (Китим) се наоѓал во Македонија во близина на градот Еге[5], што не ја отфрла можноста некои доселеници од Македонија да го основале градот Килтион на Крит.

Според ова, Македонија е земјата на предокот Китим кој се населил на тие простори, од кого подоцна се разграниле сродните Македонски племиња, меѓу кои и Аргеадите и нивната царска династија.

Интересни се сугестиите на Поп-Атанасов, дека Китим би требало да се чита Скитим, и со тоа името да се доведе во однос со Скитите, кои пак подоцна, според некои автори[6] се поистоветуваат со Словените.


[1] едно од Македонските племиња од каде и потекнува Александар Македонски.

[2] А. Шкокљев – С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 71.

[3] (apokrifa) таен, книги кои имале сомнително, нејасно потекло.  Евреите не ги вклучиле во останатите книги од Библијата, но се користеле како историска литература.

[4] Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 31-45

[5] Алфред Делакулонш, Лулката на Македонската државност, 60.

[6] А. Шкокљев – С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација. ???

denis-tanev

Напишано од Денис Тенев

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top