Историја

Грчката вооружена пропаганда во Македонија – омразата кон Македонците психопатолошки феномен на Грците !?

Germanos-Karavangelis-Turkish-officers

Germanos-Karavangelis-Turkish-officers„Негирањето на (Македонците – н.з), како психопатолошки феномен на Грците во тоа време, беше поттикнат од разни лоши чувства, меѓу кои љубомората и горчината од брзиот и сеопфатен развој на (Македонците – н.з) кои завземаат место далеку од последното. Меѓутоа, најдлабоко, сепак, тоа беше поткрепено со некои заблуди длабоко вкоренети во грчката душа. Како и многу други просветени Грци, Мелас, со своите заблуди, не можеше објективно и правилно да гледа и за најобичните нешта по однос на (Македонците – н.з.)  – пишува Христо Силјанов во својата анализа за омразата на Грците кон Македонците.

Македонскиот револуционер Христо Силјанов, врз основа на објавените документи и писма за патот, акциите и резултатите на првите андартски чети во Македонија, во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“ го портретира Павлос Мелас, иако има и други андартски водачи кои пролеале многу повеќе македонска крв. Опишувајќи го како непријател кој не заслужува никаква почит, Силјанов меѓудругото за Мелас ќе напише:

„… Мелас го зазема првото место во грчкиот пантеон на “одмаздниците“ против македонските борци и револуционери. Неговата личност е воздигната во култ и се слави во редот со најголемите херои од борбите за независност на Грција. Зашто тој прв почна да ја прифаќа идејата за вооружена акција, го постави почетокот на нејзиното остварување и загина за тоа. Тој е, како што вели Јон Драгмис, “прв меѓу Грците, кој после стотици години повторно ја започна дивата војна против (Македонците – н.з)”.

Мелас, несомнено, има организациски заслуги. Ако врските и искуството на родоотстапниците (предавниците н.з.) од типот на Коте им дадоа на андартите возможност да проникнат во Македонија и да се задржат во западните падини на Вич, влашките и албанските села, пак, по источните падини на Вич – Невеска, Елеово, Негован и Белкамен, му послужија на Мелас како бази за акција и за ставање почеток на нешто како грчка “внатрешна организација”, со правилник, раководни тела, поштенски, стражарска и разни други служби. Постоечкиот правилник, како што самиот кажува во својот извештај, тој го дополнил во “правилник за внатрешна служба на разбојничкиот комитет”… Во поважните пунктови Мелас назначил по еден или двајца курири со месечна плата од 1 1/2 турска лира во Елеово и по 2 1/2 фунти во Невеска. Освен тоа во Негован се ангажирани пет вооружени луѓе, со по еден наполеон месечна плата, да го чуваат ноќно време селото и при потреба да ја засилуваат четата. На раковотителот во Невеска Мелас му определил месечна плата од 5 фунти.

Од овде можеме да видеме дека андартската организација не се базира на патриотизмот туку на наемни начела. Се плаќале месечно четници, курири, чувари, раководители. Самиот Мелас од касата полна со жолтици, ги исплаќал плати и храна за намениците, давал подароци и т.н. Иако неговите извештаи за неговата дејност кон Атина биле полни со оптимизам, во своите писма кон сопругата тој покажува разочараност од самото население поради што ја барал нивната глава. Опишувајќи го неговото и расположението на народот, Силјанов вели:

„Со извесна гордост, Мелас зборуваше во својот извештај за “паника” на членовите на комитетите во селата од  неговото појавување. Некои ги напуштале своите села и се преселиле во градовите, други барале прошка, други ветуваа дека да му служат повеќе отколку на (македонскиот – н.з) комитет. Сепак, тој одговорил дека не ги сакал услугите “туку нивните глави”. Зборувајќи за неактивноста на (Македонците – н.з.) против него и нивниот страв, Мелас, слично на Ст. Раптис, ги нарекува “комитаџии” и селаните-егзархисти и обични редовните четници. Генерално, извештајот на Мелас е полн со оптимизам. Во него тој не ги спомнува неговите неоправдани надежи и разочарувања – тој за нив претпочита да ги споделува  со својата сопруга и роднините.

Во споменатите писма Мелас е самопортретиран како човек, граѓанин и патриот. Сите тие чувства кај него се необично силно развиени. Мелас нежно ги сака сопругата и татко му. Секој одделување од семејниот круг му претставува голема тешкотија. Мелас болно ги доживува понижувањето на Грција, која сака да ја види голема и славна, достојна за нејзиното минато. Неговата душа жеднее за подвиг и е помириен со саможртвата. Карактер крајно впечатлив, тој често опаѓа со духот, но и брзо се опоравува. Често се измачува со анализирање на  себеси и самокритичност, но задоен со идејата и хроничното чувство на одговорност ја држат во тензија неговата волја, која му дава сила да ги толерира незгодите на шумскиот живот и ја оддржува неговата верба.

Овие карактеристики, кои, украсени со ореолот на маченик, го прават човечкиот лик привлечен, достоен за почита и на противникот. Сепак, како противник, Мелас заслужува само жалење – никаква почит. Светлината во неговата душа е помрачена од нечовечката омраза и заблуди на кои тој е затвореник. Омразата не е политичка и минлива, туку органска, расна – заблуди стекнати од домашно, училишно и јавно образование. Омразата и заблудите кои го заслепија грчкиот народ и ги изопачија нивните поими за национален и човечки морал во последната војна што им беше објавена на Македонците.во Македонија. Овие четири мисли не се појавени во овој историски момент. Тие изразуваат една колективна ментална состојба и програма. Сета литература, крвожедна поезија и цела серија масакри го потврдуваат ова. Истите четирите мисли (Македонец да не остане! – н.з) – се повторуваат девет години подоцна, во една наредба на грчката армија, потпишана од главниот командант крал Константин.“

Мошне е интересен психопатолошкиот феномен на Грците кој уште од времето на Александар Македонски па до ден денешен ги мразат Македонците. Обидувајќи да го опише овој феномен Силјанов на почетокот на 20 век ќе забележи: 

„Негирањето на (Македонците – н.з), како психопатолошки феномен на Грците во тоа време, беше поттикнат од разни лоши чувства, меѓу кои љубомората и горчината од брзиот и сеопфатен развој на (Македонците – н.з) кои завземаат место далеку од последното. Меѓутоа, најдлабоко, сепак, тоа беше поткрепено со некои заблуди длабоко вкоренети во грчката душа. Како и многу други просветени Грци, Мелас, со своите заблуди, не можеше објективно и правилно да гледа и за најобичните нешта по однос на (Македонците – н.з.).

Таквите факти, како ослободителното движење, револуционерната организација и востанието на (Македонците – н.з)  – големи факти кои сите просветени умови во Европа го објснуваат со природниот копнеж на македонското население за ослободување од турската империја – за Мелас имат друго, чисто грчко објаснување. (Македонци – н.з) и ослободителна идеја! (Македонци – н.з) и благородни пориви! Тоа се нешта кои меѓусебно се исклучуваат. Ако се почне од Б. Сарафов, Чекаларов, Митре Влаот и се завршува со последниот овчар, член на Комитетот – сите се разбојници, злосторници, убијци, жедни за грчка крв, дојдени да го ограбат историското наследство на елинизмот во Македонија. Тие направија и едно “лажно востание откако ги кренаа насила селаните”. Со овие концепти тргнува Мелас од Атина, за да “одмаздува” за пролеаната грчка крв и да ја уништува (македонштината –н.з), додека “не остане (Македонец – н.з)”.

Дон Кихот, со сите свои предрасуди и заблуди, сепак е симпатичен, зашто не знае такво нешто што е долен компромис, лицемерие и лага, го носи секогаш сам ризикот на своите ненаметливи активности и не ја валка со ништо нечисто својата наивна душа на благороден рицар. За жал, ова тешко може да се каже за грчкиот национален херој. Во својот безумен поход Мелас прави секакви компромиси и сосем не му е страно лицемерието и свесната лага. Тој што зборува со одвратност за “разбојникот” Митре Влаот, купува со пари и носи дружина на професионални, осудени разбојници од грчките судови, како Караливанос и Визвикис. А Митре Влаот и неговите соработници заслужават повеќе почит, бидејќи во “разбојничкиот комитет” не се служи за плати и парични надоместоци, не се ветуваат бесплатно пушки на селаните и не се раздаваат локуми и петачиња на учениците. И големи и мали во овој комитет служат на светата идеја за ослободување, и таа е која ги инспирира за секакви ризици и жртви. Таа е, која ги поттикна и кон најрискантната масовна акција, која Мелас ја нарекува “лажно востание “. Мелас знае од поновата историја на сопствената татковина дека народ не се крева со жените и децата и не прави насила востание, но предпоставките на неговата грчка теза бараат да се омаловажува и негира она што е обштопризнат факт. Воопшто Мелас се однесува со целосно запоставување кон ослободителните копнежи на христијанското население.

Во Турција има и чисти Грци кои робуваат и страдаат, но ако Мелас сонува и за нивна организирање, тоа е за да му бидат во помош против (Македонците – н.з). Тој се иритира кога месните Грци му зборуваат дека (Македонците – н.з) се борат за слобода и брза да ги извади од оваа заблуда, соопштувајќи ја официјалната “грчка редакција” за (македонското – н.з) востание. Разбојници, родоотстапници и предавници – сите се добри и потребни во походот против македонштината, но најценето и најпотребно му е пријателството и соработката на Турците. Затоа на селаните му препорачува лојалност кон  турската власт, на своите четници им заповеда да не стрелаат против војската, а сам сака да наметне пријателството на турскиот кајмакам во Лерин. И, без сомнение, тој е искрен и логичен не кога им ветува на селаните дека ќе се бори, “ако стане нужда”, против “нечесноста на Турците”, туку кога сам им се нуди на турските властодршци.“

Предавајќи го целосно карактерот на Мелас и позадината на грчката антимакедонска хистерија воопшто, Силјанов прави уште еден удар на духовниот лик на грчкиот национален херој за кој на крај пишува:

„Мелас е религиозна личност и верен син на Источната православна црква. Како таков тој се кога ќе му даде можност, во црквите, не заборава дури да се причестува. Религијата, сепак, не е една потреба на неговата душа, но е основа на неговиот противмакедонски поход. Во своите  говори пред андартите Мелас се труди да им вдахне и верски фанатизам против непријателите, зашто (македонците н.з.) се нафрлиле “пред се” на религијата. За внатрешно убедување или политичка сметка, Мелас го идентификува христијанинот како патриаршиста. И ако инквизиторите во Шпанија, идентификувајќи го христијанството со верноста кон папата, подложуваа на маки еретици, така и Мелас ги спасува со терор блудните души на шизматиците, т. е. ги враќа под духовната власт на Каравангелис. Ова е “полубогот” Мелас.’

(продолжува)

Подготвил Т. Каранфилов

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top