Историја

Лагата за Грчкиот ексклузивитет на Олимписките игри

idrett og kultur

idrett og kultur

Античките атлетски игри се оддржувале во четири годишен циклус наречен Олипијада во кој своето место го завземале четирите одделни антички спортски фестивали:

  1.     Олимпијските игри – кои важат за најстари од преостанатите четири и на кои им се придава најголемо значење, се одржувале секоја четврта година во близина на Елис, во чест на Зевс, а наградата бил маслиновиот венец.
  2.     Питијските игри познати и како Делфиски – се одржувале секоја четврта година во близина на Делфи во чест на Аполон, а наградата бил ловоровиот венец.
  3.     Немејските игри – секоја втора година во близина на Немеа во чест на Зевс, а наградата бил целеровиот венец.
  4.     Истмијските игри – исто така секоја втора година, во близина на Коринт во чест на Посејдон, а наградата бил боровиот венец.

Олимписките игри претставувале почетна точка на овој циклус во првата година, потоа Немејските и Истминските игри биле одржувани во различни месеци во втората  и повторно во четвртата година од Олимпискиот циклус, додека во третата година се одржувале Питијските игри.

Потоа овој циклус се повторувал со Олиписките игри.

За почетна година на Олимпијските игри се зема 776 година пред н.е.  сметано според најстариот запис сочуван од листата на победниците, меѓутоа археолошите наоди покажуваат активност на тие локалитети и многу порано.

Според Вилијам Роуботам  во неговото дело “Олимпија и Олимписките игри“  старите Грци писменоста ја добиле во осмиот век пред нашата ера и поради тоа имињата на претходните победници на Олимписките игри не се запишани, т.е. сочувани.

Ова претходно го потврдил и Херберт Џорџ Велс  во “Кратка Историја на Светот“ од 1922 година, кој зборувајќи за Илијадата и Одисејата  на 113 страна  напишал:

“Овие епови беа отприлика запишани во 8-от или 7-от век п.н.е. запишани, кога Грците од своите култивирани соседи ја научија азбуката, но се верува дека настанале многу порано (Еповите).“

Сепак, вистинското потекло на Олимписките игри е сокриено во својата мистериозност и многубројните легенди. (Дејвид  Јанг, “Кратка историја на Олимписките Игри“ стр.12, 2004 г. )

Нашиот интерес се состои во карактерот на овие игри и нивната манипулативна употреба од страна на одредени фактори кои се обидуваат да ги прикажат Македонците како учесници на овие игри и според измисленото правило на “ексклузивност“ на истите да се наметне Грчки карактер и да се негира засебноста на античките Македонци.

Овие манипулации одат дотаму што велат дека основен услов за учество на Олимписките игри било “грчкото“ потекло на натпреварувачите, па според тоа го користат како “доказ“ дека старите Македонци биле – Грци односно Хелени.

Дека ова не е точно, може да ни потврди самата листа на запишани победници на која се наоѓаат и:

  •     Во 4 век ПРЕД нашата ера, ТИБЕРИУС, кој подоцна станал и Римски император, учествувал на Олимписките игри и победил во трката со четири коњи.
  •     Во 67 година од н.е. уште еден Римски император – НЕРО учествувал и скандалозно победил во сите конкуренции на Олимписките игри.

Според ова погоре, дали можеме да тврдиме дека и старите Римјани биле Грци?

Како дополнитен доказ дека античките Олимписки игри немале ексклузивен карактер на кој учествувале само Грците е последниот запишан победник Ерменскиот принц Варастадес, кој подоцна станал и крал, кој исто така учествувал на Олимписките игри во 4 век од н.е. и победил во боксување.

Единствениот услов за учество на Олимписките игри бил статусот на натпреварувачот, односно тој да биде слободен човек и да го говори Грчкиот јазик. ( Никола Чендлер и Питер Мареј “Олимпискиот Свет“ на стр.8, издание од 2008 г.)

Причината поради која Македонците и Римјаните учествувале на Олимписките игри се должи исклучиво на нивната воена и политичка доминација врз Хелените кои пак, користејќи ги веќе добро познатите политики на умирување и културна асимилација се обидувале да си ги олеснат корисните политички релации со двете страни.

Македонците не биле единствените за кои биле користени шемите за митските колонизации и далечните “Хеленски“ генеолошки врски, туку потполно истото било пресликано и во релациите со Римјаните. (“Cultural politics in Polybius’s Histories“ одCraige Brian Champion, стр. 48)

Грците им дозволиле на Римјаните да учествуваат и на Истмијските игри како на “почесни Грци“ и на истите овие игри во 196 година п.н.е. римскиот политичар Titus Quinctius Flamininus со познатата Истмијска прокламацијаги прогласил Грчките држави за слободни од Македонскиот јарем. (Полибиј, “Histories“ 18.46. и Апиан, “Roman History“)

Грчката политика на умилкување кон Рим била со цел отфрлање на Македонското ропство.

Грчките интелектуалци оделе дотаму со своето умилкување кон Рим, што се обидувале и Рим да го прикажат како Грчки град, а Римјаните како Хелени. (“Cultural politics in Polybius’s Histories“ одCraige Brian Champion, стр. 49)

Дека грчката политика на 21-от век е контрадикторна самата на себе го потврдуваат најмалце четиринаесет Грчки интелектуалци во преминот од 18 кон 19 век или поточно во периодот меѓу 1794-1841 година, меѓу кои биле Панагиотис Кордикас, Адамантиос Кораис, Александрос Соутсос, Георгиос Козакис-Типалдос и Лаковос Ризос-Нерулос кои го застапувале ставот дека Македонците не биле дел од Грчкиот антички свет.

Македонците биле сметани за освојувачи на Грција и го претставувале почетокот од серијата инвазии кои го владееле регионот на Грција повеќе од 2 милениума.

( “Nationalism, Globalization and Orthodoxy – The Social Origins of Ethnic Conflict In the Balkans“ од Victor Roudometof, страна 102.)

 Mihail B

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top