Историја

Македонска граматика од Пулевски печатена во Софија во 1880 годона!

slognica

slognica

Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817 – 1893) е македонски писател, лексикограф, историчар и воен водач.  Тој е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Од печалбар – ѕидар во Романија, на почетокот на шеесетитите години во XIX век, Галичанецот Ѓорѓија Пулевски станал борец во ослободителните борби на балкански народи и својот македонски народ. Во 1862/1863 учествува во борбата против турскиот гарнизон во Белград, во Српско-турската војна (1876), во Руско-турската војна за ослободување на Бугарија (1877 – 1878) и како војвода во Кресненското (Македонско) востание (1878 – 1879).

Сепак, не помалку е значајна неговата борба за културно-национална преродба на македонскиот народ. Негово прво печатено дело е Речникот од четири јазика (Белград, 1873 г.). Потоа следува Речник од три јазика (Белград, 1875), во која јасно ги издвојува македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во славјанскиот свет. Во 1879 година Пулевски ја објавува поемата “Самовила Македонска“, во која ги споменува Филип и Александар Македонски како претци на денешните Македонци, со што ја преставува идеологијата на македонските востаници во Кресненското востание. Во 1880 година, во Софија излегува од печат македонска граматика “Слогница речовска“, а непосредно пред смртта, Пулевски во 1892 година го завршува своето капитално дело, познатата Славјанско-македонска општа историја.

Од особено значење е „Слогница речовска“ или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ (Гь.М. Пульевски, Славянско-насельениски-македонска Слогница речовска. София 1880, стр. 5, 13.) Слогница речовска важи за прва печатена македонска граматика, но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик.

Во неа Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со славјанската писмена традиција во Македонија, креирајќи при тоа мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани.

При пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Славјани. Така, писмото е составено од македонски и старославјански букви.

Овој труд на Горѓи Пулевски е повеќе увод во граматиката и најголемо место и се дава на азбуката, посебно на одделни букви. Изводите кој овде ги пренесуваме се дадени во оригинал, а единствено е интервенирано во интерпункцијата.

“I.- Притяжательнихь сказаниы и содъжаниы, притяжательства букваркинихь у образительнихь засебинье за сляванско-македонски язикъ, а и за биди каковъ да е други иноизраженискихъ писуванье.

Глава I.

Входъ за язическо правописание, толкуванье.

1во. Правописание се вельить това што кога писуваме за нешто некому, а онъ наше писуванѣ разбиратъ. Но речено писуванье го хобразуваме со некаквихь бельези, та доказуваме наше мисльенье ильи нашиехь мисльениы другему, ильи  другиемь та онь, ильи оние гльедаешти реченихъ бельези спроти нихь, разберуватъ, наше мисленье што му казуваме, ильи порочуваме. Ако е написано со бельези, разбирать спроти написанихь бельези; а ако речуваме на уста, овея речуванье го учинуваме безь бельези. Но и за безь. бельези речено онь слушать, та наше мисльенье као со бельези спроти гласовски наражениьі разберувать.

2. Харно, ние (разлика: мие наша, ми (сьр.), ниы (бъл.)) вельиме. Да-аль, наше мисленье, со правописание го образуваме другему. Емь онь ни разбирать. Но затова не одобравамь. Дальи зноеме аль е верно и правословско наше мисльснье та да писуваме правописание.

За това дека требегь наінапредь да зноеме Правословіе, та спроти правословию и со право писание да писуваме наше мисльенье.

II. – … дека не можать сами за себе да изявать пьлнь (български: пъеьн, пунь, сьр.) глась безь даже (дури нашински, доклье, сърпски, дгде бълг.) да ги придружиме со некоы другихъ буквы, или со самогласнихъ ильи со полъгласнихь. Тада напишиме пьлнословень изражаі ильи речь.

19. А полгласнихь букви овие се: ъ, ь, і. Току и безь  реченихь польгласнихь букви не можеме да испълниме пълнословенъ изражаі, ако не ги приимиме вь памят. Затова дека со реченихъ букви допълнуваме Правописание и потпори слоговско-израженискихь допълнениы.

Свекоі оснофь стречовски дека ни служить I. за потпорь слоговски. II – ро, за преломь  речовскоизражениски. III – то, за поемъ пьлносложноизражениски. Та за това требеъ да ги имаме въ память, безъ заборавносгь та спроти биди (еди, бълг., будъ. сър. – Белешки од Ѓ. П) каковг стречъ изражениски. Свекою букву коя коде ни требетъ, за потребно еі место правописанки да ю сложуваме.

Глава III.

Разлоки, и соредуванье букви. И гласоударениы, буквинскихъ слухови.

20.  Предљ ухобразенихъ, три разноименскихъ засебинье буквинскихъ разлоки, свиехъ  реченихъ букви, ги распоредуваме за писуванъе свекаквихъ речовскихъ гласеви.

Но, за речовскихъ гласеви писуванье, наінапредъ требетъ со свое мисльенье сами со себе да ухобразиме каковъ изражаі ни требетъ да напишиме ильи речеме…“

Ѓорѓи Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел. Инаку, првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование.

Огромно е значењето на делата на македонскиот преродбеник Пулевски кои докажуваат дека македонскиот народ и македонскиот јазик не се од вчера и дека не се измислена нација., како што некои милуваат да кажат. Оттука, истите дела кои зборуваат за посебнаоста на македонскиот народ и јазик, биле долго време далеку од очите на јавноста. 

(извор:  Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, Скопје, 1981, стр.271 – 272 )

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top