Историја

Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност

Balkan federation

Balkan federation

Д. Чуповски – „Балканската Федеративна Демократска Република“

„Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност, но таа предавнички, неправедно беше раскината од злосторниот шовинизам и од алчноста на крвавите династии на државите што ја опкружуваат. Резултатите од овој беспримерен грабеж во историјата предизвикаа не само заемно истребување на балканските народи, но потоа и досега невидената светска војна… Ние, Македонците, настрадани повеќе од кој и да е друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги заборавите минатите расправии, да се обедините и да се приклучите кон нашата општобалканска револуционерна програма за заедничка упорна борба и за создавање Балканска Федеративна Демократска Република.“ – се посочува во воведот на Програмата на Македонскиот револуционерен комитет од Петроград,

Во март 1917 година Македонското научно-литературно другарство во Петроград (Санкт Петербург) ќе премине во нова форма на својата работа. Од негова средина, по фебруарската револуција во Русија, беше формиран Македонскиот револуционерен комитет, на чело со Димитрија Чуповски. Меѓу дејците на Македонскиот револуционерен комитет, покрај Чуповски се наоѓаат имињата на Гаврил Константиновиќ (с. Смрдеш, Костурско), Глигор Угриновски (Кичевско), Антон Мирчев – Пешковски (с. Тресонче, Гостиварско) учесник во Октомвриската револуција и близок соработник В. И. Ленин и К. Раковски, и други.

Согледувајќи ги последиците на Балканските војни со која Македонија беше поделена на три дела, како и последиците од Првата светска војна, Македонскиот револуционерен комитет се залага за обединување на Македонија и за создавање на Балканската Федеративна Демократска Република (БФДР). Според програмата на Македонскиот комитет, во составот на Балканската федерација би влегле следниве републики: Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Тракија.

Димитрија Павле – Чуповски од името на Македонскиот револуционерен комитет ја составува програмата под наслов „Балканската Федеративна Демократска Република”. Во оваа Програма од 18 јуни 1917 година, која ја објавуваме во целост стои:

„Балканот за балканските народи. Полно самоопределување на секоја нација.

Сегашнава светска војна на многу поробени народи им носи слобода и самоопределување. Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност, но таа предавнички, неправедно беше раскината од злосторниот шовинизам и од алчноста на крвавите династии на државите што ја опкружуваат. Резултатите од овој беспримерен грабеж во историјата предизвикаа не само заемно истребување на балканските народи, но потоа и досега невидената светска војна. Сега, кога големиот дел од Балканскиот Полуостров е во урнатини, а остатоците од неговите народи се наоѓаат под тешко австро-германско ропство, ние, Македонците, настрадани повеќе од кој и да е друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги заборавите минатите расправии, да се обедините и да се приклучите кон нашата општобалканска револуционерна програма за заедничка упорна борба и за создавање Балканска Федеративна Демократска Република.

Програмата на нашиот Револуционерен комитет се состои од следниве основни пунктови:

I.  Сите балкански народи се должни да ги урнат постојните династии и да воведат кај себе републикански начин на управување.

2.  Секоја балканска република во својот внатрешен живот треба да биде наполно самостојна.

3.  Сите балкански републики составуваат една општа Балканска Федеративна Демократска Република.

4.  Во составот на Балканската Федеративна Демократска Република влегуваат следниве републики: Македонската, Албанската, Црно-горската, Грчката, Српската, Бугарската, Хрватската, Босанско-Херцеговинската, Словенечката и Тракиската.

5.  Самостојни републики  на Балканот се признаваат не само едноплеменските држави, туку и оние области, со мешано население, чиишто животни интереси тесно се поврзани со географските, историските, политичките и културно-економските услови.

6.  Во републиките со мешано население можат да се образуваат автономни окрузи и општини, каде што секоја народност ќе има полна слобода на родниот јазик, верата и обичаите.

7.  Официјален јазик на секоја одделна република е јазикот на мнозинството.

8.  Секоја одделна република испраќа свои ополномоштени народни пратеници во општиот Сојузен парламент на Балканската Федеративна Демократска Република.

9.  Од составот на ополномоштените народни пратеници се формира Сојузна влада и Совет што го заменува претседателот на Федеративната Република.

10. Во составот на Сојузната влада и во Советот влегуваат еднаков број лица од секоја република-федерација.

I1.  Федеративната влада и Советот ги раководат сите општофедеративни внатрешни и надворешни меѓународни работи на Балканската Република.“

Програмата на Македонскиот револуционерен комитет од Петроград била спротивна на интересите на владеачките куќи во Србија, Бугарија и Грција. Иако оваа идеја не се спроведе, сепак на Балканот дојде до создавање на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Но, во оваа балканска држава создадена по Првата светска војна не влегоа Бугарија, Грција и Албанија, кои во 1913 година меѓусебе ја поделија територијата на Македонија. Со мировните договори по Првата светска војна беше потврдена поделбата на Македонија, а Македонците во сите окупирани делови останаа без никакви права.

Дури по Втората светска војна делумно беше остварена Програмата на Македонскиот револуционерен комитет од Петроград со создавањето на Југословенаката федерација. Дури по војната имаше големи изгледи кон ова федерација да се приклучат Албанија и Бугарија, Меѓутоа, користејќи ги поделеноста и различните интереси на балканските народи, големите европски сили, кои денес се обединети во ЕУ не дозволија создавање на Балканска федерација. Во овие игри повторно клучно место имаше Македонија, заради која се водеа Првата и Втората Балканска војна, но беше и една од главните причини за Првата светска војна.

Денес, дел од овие балкански држави се членки на ЕУ и НАТО, а дел се обидуваат да станат дел од тоа семејство. Меѓутоа, поради истите причини како во минатото, тие се разединети, раскарани и пиончиња во рацете на големите сили.

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top