Историја

По поделбата од 10.08.1913 година Вардарска Македонија

slika-milton-manaki

slika-milton-manaki

По поделбата на Македонија од 10.08.1913 година Вардарска Македонија потпаднала под српска власт. Тогашните власти на Југославија со сите свои сили се ангажираа на сите полиња за целосно економско и политичко потчинување и асимилација на македонскиот народ.

Една од испробаните и можеби најефикасни методи за асимилација на еден народ е неговото превоспитување во училиштата. Затоа постојните училишта беа прекрстувани, некаде беа отворани нови, со единствена цел младите Македончиња да научат дека се Срби, а не Македонци. Нивните имиња во училишните книги биле пишувани со додавката “ИЌ” на српски јазик.

Школо Вук Караџиќ- Битола, слика на Милтон Манаки

Содржината на работа во училиштата била според тогашните наставни планови и програми, но со посебен акцент врз асимилацијата на Македончињата и негување на културно-историските традиции на српскиот народ и Србија.

За да ги асимилираат македонските деца не им ги менуваа само презимињата со додавката „иќ“ во училишните книги туку и во нивните црковни крштеници. Се менуваа презимињата, но и нивните имиња. За тоа најдобро говори писмото на архијерејското намесништво во Битола до парохиите за дозволените имиња при крштевањто.

Во писмото заведено под бр. 199 од 20 јануар 1939 година на Архиерејското намесништво во Битола до парохиите за дозволените имиња (Историски архив Битола Ф. ЗИД/А-1/31), потпишано од архиерејскиот намесник, протојереј чиј потпис не е читлив, објавено во „Документи“, том втори од 1981 година, се вели:

„Црковниот суд под С. бр. 8523 од 29. II 1938 год. го достави следново:

Архијерејската власт под Е. бр. 2416 од 15/28. XII о.г. повела да му го достави на судот следново:

Нашиот архијерејски заменик со јавна наредба нека ги предупреди и извести парохиските свештеници да водат сметка при давањето имиња на новородените деца во време на крштавањето. Се вкоренил лош обичај кумот да си го присвојува правото при крштавањето да дава име по своја волја. Тоа право на кумот има значење само додека е во границата на дозволеното и целесообразното. Штом свештеникот протестира, ќе се покори на неговото барање. Воопшто свештенството е должно да ја обучува својата паства, дека нашиот црковен збор, наредба и пропис се поважни од сите ќефови и неоправдани барања на поединци. Во сите случаи, и тоа без секаков изговор, ќе биде така како што ќе нареди свештеникот. Во никој случај да не се дозволи самоволието на мирјаните и малтретирањето на нашите свештеници. Во поглед на името парохијаните имаат широко поле за избор на име. Календарските имиња се безброј. Еве им го, значи, календарот (Јован, Петар, Тодор итн.). и за националните имиња исто така има именик и само такви имиња можат да им се даваат ла децата при крштавањето.

Горната одлука им се доставува на архијерејските намесници заедно со наредбата со неа да го запознаат подрачното парохиско свештенство и да му наредат строго да се придржува кон „именикот” и кон календарот во поглед на давањето имиња.

Архијерејски намесници да водат сметка за извршувањето на оваа наредба.

Горното им се доставува и на паросите и им се наредува најточно да се придржуваат кон наредбата.“

Ваквиот чин на српската власт не преставувал само насилно менување на името и презимето на македонските деца, туку преставува и насилно менување на вековните традиции и култура на македонскиот народ. Слично како и српската и бугарската власт која доаѓа по нив во 1941 година, го продолжува истото сценарио, овојпат бришејќи ја додавката „иќ“ и заменувајќи ја со „ов“ . Но и покрај сите усилби за целосно економско и политичко потчинување и асимилација на македонскиот народ, Македонците постојат и ќе опстанат на оваа земја. Корените на македонскиот народ се премногу длабоки за да може било кој да ги сосече.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top