Историја

Дали Ахил бил црн?

dali-ahil-bil-crn

dali-ahil-bil-crn

Секој академски обид да се сугерира дека кожата на древните Грци можеби не била бела, туку барем нешто потемна, предизвикува контроверзи. Последната таква е поврзана со новата ТВ серија на Би-би-си, „Троја: пад на еден град“. Таму Ахил, Патроклo и уште пар ликови се – црни.

Идејата за Грците како симбол на „белоста“ е длабоко вкоренета во западната култура. Како што покажува нова книга на Дона Цукерберг, „Не сите мртви бели мажи“ (2018), таа жестоко се промовира од дел од радикалната десница, која на себе гледа како на потомок на (наводната) европска воена машкост. Расизмот така станува не само културна, туку и емоционална категорија.

Во обид таа барем малку да се рационализира, Тим Вајтмарш, професор по грчка култура на Кембриџ, во текст за Аеон анализира како самите Грци ги перцепирале разликите во бојата на кожата. Се покажува дека тие не ја делат модерната, западна опсесија со класификациите врз основа на нечиј пигмент.

На пример, Ахил во „Илијадата“ е опишан како некој кој e xhantos, што често се преведува како „русокос“. Но палетата на бои на старите Грци не соодветствува стопроцентно на модерниот англиски. Па така, истиот збор може да се употреби и за нешта кои се кафени, жолтеникави или златни. Понатаму, зборот argos, се користел за нешта кои ние би ги нарекле бели, но исто така и за молњи или за брзи кучиња, значи не означувал само боја туку и некаков проблесок. Khloros (како во „хлорофил“) се користи за зелена вегетација, но исто така и за песок крај морски брег, за солзи и крв, и за нијанса на кожа на оние кои се преплашени. Значи за нешта кои имаат квалитет на влажност, зеленикави, но не и само тоа.

И сега доаѓаме до проблемот со бојата на кожата, на пример онаа на Одисеј. Во „Одисејата“, кога божицата Атина магично му ја менува појавноста, се вели: „Тој повторно стана црнокожест (melagkhroies)“. Дали ова значи дека тој бил црнец? Или тој бил „исончан“? Можеби „темен“?

Она што ние го читаме како расна одредница за старите Грци можеби воопшто немало такво значење, туку се користело на ниво на поетска асоцијација. „Црното“ можеби е симбол на некаков внатрешен мрак, на морална деградација или на измамништво, на кое не се имуни ни хероите.

„Црно“ (melas) и бело (leukos) се и родово одредени термини: жените се фалени за нивните „бели раце“ но не и мажите. Да му се каже на некој маж дека е „бел“ за старите Грци значело дека тој е феминизиран. И обратно, ако Одисеј е „темнокожест“ тогаш можеби тоа е знак на неговата машкост, и опстојување на карпестата Итака.

Оттаму, да се постави прашањето дали Ахил и Одисеј биле црни или бели значи погрешно да се чита Хомер. Боите тука не служат за расна категоризација, туку на карактеризацијата на поединците. 19-вековната расна теорија ќе биде конструирана многу подоцна, а во тој момент мислењето во расни термини уште не функционирало на начин на кој тоа се случува денес. И самите Грци, иако се дефинирале како побели од потемните народи на Африка и Индија, сепак се опишувале и како „побледи“ од луѓето од северот. Но сигурно би се чуделе доколку би знаеле дека некој ги прогласил за симбол на „најбелите“.

Off.net.mk

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top