Историја

Александар I бил убиен од Македонците поради неговата хеленофилска политика!

aleksandar-prvi-filhelen

aleksandar-prvi-filhelen

Александар I Филхелен (498-452 п.н.е) бил син на Аминта I и кралицата Евридика. Тој е седмиот македонски крал по ред од лозата Аргеадите кој дошол на власт во 498 година п.н.е наследувајки го својот татко и владеел до неговата смрт во 452 година п.н.е. Александар I бил на власт во време на судирот помеѓу хеленските градови и моќната Персија, период познат како Грчко-персиски војни. Наследувајќи го својот татко и неговата политика, Александар I иако бил пријател и вазал на Персијанците, ги обновил дипломатските контакти со Атина, за што ги добива титулите почесен гостин и доброчинител. Според историчарот Абел, поради неговата хеленофилска политика бил убиен од видните Македонци.

Во 6 век пред нашата ера на Балканот се појавува една нова военополитичка сила – Персиското царство. Персиска делгација на Мегабаз доаѓа на дворот на македонскиот крал Аминта I, по што Македонија воспоставува вазален однос. Сепак Македонија има широк опсег на автономија.

Ваквиот однос на мирољубива соработка со Персија на Македонија во времето на Аминта и донело територијално проширување на северо –исток преку реката Вардар. Ваквиот вазален однос со Персија го потврдил и синот на Аминта, Александар I кој го наследил својот татко на престолот.

Синот на Аминта – Александар I станал персиски пријател и вазал, а  Персијанците му дале право легално да ја опфати и територијата до долниот тек на реката Струма, и така тој завземал територија 2-3 пати поголема од дотогашната Македонија. Исто така му било дадено да ги експлоатира сребрените рудници на Пангеј, и секако на Персија да и плаќа годишен данок.

Меѓутоа, користејќи го персиско-грчкиот судир, Александар I сакал да стане значаен фактор на Балканот и да излезе на меѓународната сцена, ги обновил дипломатските контакти со Атина, за што ги добива титулите почесен гостин и доброчинител.

По избувнувањето на грчко-персиските војни тој застанал на страната на хелените. Во 492 година, персискиот генерал Мардониј предводи воен поход за комплетно совладување на Македонија, која сепак продолжува да егзистира и да и плаќа данок на Персија. Всушност персиската војска ја десеткуваат тракиските Бриги, а флотата претрпува бродолом кај полуостровот Атос, и  по се изгледа дека намерата на Персијанците не била спроведена целосно. Потоа во 480. година следи походот на Ксеркс на Грција, во кој Александар I ги предупредува Хелените на персиската воена сила и правците по кои ќе се движат.

Во 479 година Мардониј го праќа Александра да бара од Атињаните да се покорат и бидат вазали. Но, тие ја одбиваат препораката. Пред битката кај Платеја, Александар I, ги известува Хелените за персијанските планови. Сепак, и покрај поразот на Персијанците кај Платаја, тој не се откажува веднаш од вазалството: Така, персиската војска при своето повлекување минува безбедно низ Македонија, па дури го опседнуваат Олинт.

Александар I дури потоа, учествувал во прогонување на Персијанците. Повеќето од 43.000 преживеани биле нападнати и убиени од страна на силите на Александар во вливот на реката Стримон. Александар на крајот ја обнови независноста на Македонија по завршувањето на Персиските војни..

Според податоците видливо е дека Александар I спроведувал вешта политика на лавирање во односите со тогашните воени сили, а во корист на кралството Македонија. Тој дури ја дал својата сестра да се омажи за персискиот генерал Бубарес, кон крајот на 6-тиот век п.н.е., кој во тоа време бил во Македонија, само за да ги спречи да ги бараат персиски војници кои биле дојдени како делегација и тивко биле убиени од страна на македонските војници на команда на Александар.

Мора да се напомене, дека во овој период постои една подвоеност на териториите на античка Македонија: Имено, Долна Македонија, ја  сочинувало  кралството  на Александар I. на просторот од широката рамнина околу Солунскиот залив. на југ до планината Олимп; на запад долните теченија на  реките Бистрица, Мегленица, граница со планините Пирена, Каракамен; на северо-исток долниот тек на реката Вардар, на исток до долното течение на Струма. А, Горна Македонија, ја сочинувале сеуште независните македонски кнежевства: Орестида, Елимеја, Еордаја и Линкестида.

Александар сакал да учествува на Олиписките игри во Атина. Но, бидејќи таа чест ја имале само Грците по род, тој тврдел дека потекнува од Аргеадите и Херакле. Бидејќи Македонците биле сметани за “варвари”, судот  морал да го потврди неговото тврдење дека е вистина, по што му било дозволено да учествува на Олимписките игри, најверојатно во 504 п.н.е.. Поради тоа Александар I ја добил титула “Филхелен” (љубител на Грците).

Меѓутоа, неговиот однос кон Грците не бил прифатен од Македонците. Александар I бил изгледа убиен, од страна на повидните Македонци, како што претпоставува историчарот Абел,исплашени од неговата хеленофилска политика, во која тие гледале опасност за Македонија.

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top