Историја

Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата!

obligaciq 2

obligaciq 2

По Првата светска војна (1914 – 1918), со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија на 27 ноември 1919 година во Неј била во истото време склучена и Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата. За ова прашање дискутирал „Комитетот за нови држави” и се согласил да се донесе ваква Конвенција за реципрочна емиграција на населението помеѓу Грција и Бугарија. Таа е извршена за сметка на македонскиот народ во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

Оваа конвенција наречена „Конвенција меѓу Бугарија и Грција за замена и доброволна емиграција на малцинставата“ е објавена во тогашните владини весници на Грција и Бугарија., Од Конвенцијата, која била ратифицирана на 4 октомври 1920 година, ви пренесуваме изводи:

“Согласно со уредбата, предвидена во чл. 56, став 2, од Договорот за мир со Бугарија, склучен на 27 ноември 1919 година и усогласено со решението на Сојузените и Здружените Големи Сили од 27 ноември 1919 година, кое гласи:

„Со оглед на чл. 56, став 2 од Мировниот договор во Бугарија, Сојузените и Здружените Големи Сили сметаа за навремено дека заемната и доброволната емиграција на етничките малцинства по вера и јазик во Грција и Бугарија да биде установена со една конвенција, склучена помеѓу тие две Сили под услови установени на денешен ден.”

Потпишаните полномошници на Грција, од една страна, и на Бугарија, од друга, откако ги разменија полномоштијата, се согласија за следниве уредби:

Член 1

Високите земји договорнички им го признаваат на своите поданици од етничките малцинства, по вера или јазик, правото да се иселат слободно во нивните соодветни територии.

Член2

Високите земји договорнички се задолжуваат да го применат правото предвидено во чл. 1 и да не пречат, ниту директно ниту индиректно, во слободата на иселувањето, и покрај противните закони или наредби, кои во тој однос ќе се сметаат за обессилени. Со примената на правото на иселување не ќе ги накрнуваат имотните права на преселениците, така што тие права постојат во моментот на иселувањето.

Член5

… Иселениците го губат поданството на земјата, што ја напуштаат, уште од моментот на отпатувањето и добиваат поданство на земјата, во која заминуваат, со самото пристигнување во оваа земја.

Член 16

… Во рок од една година по влегувањето во сила, кон оваа конвенција ќе можат да се присоединат државите кои имаат заедничка граница со една од земјите што ја потпишале оваа конвенција… (Б. Кесаков, Принос., стр. 84-87).

Конвенцијата содржи 16 члена и е потпишана од премиерот на Грција Елефтериос Венизелос и министерот за надворешни работи на Грција Николаос Политис, од една страна и премиерот на Бугарија и министер за надворешни работи, Александар Стамболиски од друга страна.

И покрај сите притисоци на грчката вооружена пропаганда и големите иселувања на Македонците од Егејска Македонија за време на балканските војни и поделбата на Македонија во 1913 година, по Првата светска војна македонскиот народ се уште бил доминантен во Егејска Македонија.

За да се ослободи од македонскиот народ кој беше доминантен во Егејскиот дел на Македонија, Грција во согласност на сојузниците, на поразената Бугарија и наметна Конвенција, која предвидуваше наводно „добоволнa“ размена на населенијата помеѓу Бугарија и Грција. Ова намерно наметнување имаше за цел да го озакони принудното иселување на Македонци од Егејска Македонија во Бугарија.

Од друга страна, и на победената Бугарија и одговараше ваквиот развој на настаните, бидејќи и самата сакаше на сметка на Македонци да се ослободи од грчкото население што живееше во тогашна Бугарија, посебно во Пловдив и околината, како и во црноморските градови и села.

За да се спроведе „доброволната“ размена на населението беше предвидена и гарантирана оштета за нивниот недвижен имот. Во септември 1920 година беше именувана специјална комисија именувана како Грчко-бугарска комисија на Советот на друштвото на народите.

Меѓутоа, оваа конвенција во пракса не даде резултати. Во текот на три години комисијата увиде дека ниту Македонците и Тракијците кои беа во рамките на грчката држава, ниту Грците кои биле во рамките на Бугарија, не сакаат доброволно да се иселат од своите домови. До 1923 година во двата правца едвај биле иселени 800 лица, од кои една третина биле Македонците.

До помасовно иселување доаѓа по Грчко-турската војна (1919 – 1922), во која Турција како победник го наметна Договорот од Лозана во 1923 година. Овој договор предвидуваше принудно иселување на христијаните од Турција во Грција, и на муслиманите од Грција во Турција. Исклучок беа само христијаните во Цариград и муслиманите во западниот дел на Тракија.

Протераните Грци од Турција беа населувани во Егејскиот дел на Македонија, додека македонскиот народ под принуда и терор беа протерувани од нивните домови.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојна и за национална држава, Скопје, 1981,  стр. 629)

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top