Историја

Македонците никогаш не се миреа со наметнатата положба по мировните договори во Лондон и Букурешт (1913)

Peace-conference-paris

Peace-conference-paris

Телеграма до Мировната конференција во Париз

На седницата од 25 март 1919 година Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија се обрнал со телеграма до Мировната конференција во Париз, во која ги изложува барањата на Македонците и енергично протестира против евентуалното проектирано раздробување, кое би било само едно ново издание на фаталната грешка што ја изврши Букурешкиот мировен договор (1913) на кој македонското население беше третирано како стадо.

Македонците никогаш не се миреа со наметнатата положба по мировните договори во Лондон и Букурешт (1913), како и оние склучени по Првата Светска Војна (1919 и 1920). Оттука, по поделбата на Македонија на три дела и по повторното поробување на македонскиот народ,  борбата за слобода не стивнува, туку продолжува да се води. По завршувањето на Првата Светска Војна, следствено на историските услови, Македонците ги користеле сите возможни начини, форми и средства на борбата како во Македонија, така и надвор од неа.

И покрај сите опструкции, светот сепак беше запознат со основниот стремеж на македонскиот народ, а тоа е воспоставување на територијална целост на Македонија. Македонската емиграција која не беше изложена на политички и физички репресалии од окупаторите во Македонија можеа по слободно да го изразат овој стремеж и да бараат негово реализирање.

Особено во ова беа активни македонските студенти на универзитетите ширум Европа, особено во Русија и Швајцарија. Околу покренувањето на решавањето на македоиското прашање, жива активност пред крајот на војната развиле македонските студенти во Швајцарија. За нив било важно Македонија да ја зачува својата територијална целина и да не биде поделена помеѓу балканските држави. Студентите кои биле организирани во неколку друштва барале како крајна можност Македонија да биде под старателство на Друштвото на народите.

Македонските студентски друштва од универзитетите во Женева, Цирих и Лозана на 15 декември 1918 година на ‘својата пленарна седница во Лозана формираа единствено тело под името Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија. Формирањето на ова тело имало задача да ги обедини акциите за реализирање на истата цел којашто ја имале поставено пред себе друштвата при своето формирање околу актуелизирање на прашањето на Македонија пред Париската мировна конференција.

По формирањето, Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија испраќал телеграми, меморандуми, петиции до големите сили или одделни истакнати личности, во кои ја истакнува борбата на својот народ и неговите настојувања за слобода. Генералниот совет истовремено апелирал и се заземал за правилно решавање на македонскиот проблем во духот на стремежите на македонскиот народ. Со цел за да се запознае јавноста со борбата и стремежите на македонскиот народ, Генералниот совет покренал и свој весник „Македонска независност“ кој излегувал на француски јазик под наеловот „L Independance macedonienne“.

Во тој контекст, од седницата одржана на 25 март 1919 година, Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија испраќа телеграма до Мировната конференција во Париз, потпишана од претседателот Ст. Тилков и секретарот А. Гиков, во која се вели:

„Со телеграмата од 10 декември 1918 и со меморандумот од 11 јануари 1919 г. понизно ја молевме почитуваната Конференција за мир да повели да го примени и врз Македонија принципот на слободното располагање, денес даден на толку потиснати народи. Населението на Македонија, чијашто земја е натопена со крв и солзи и кое, трпејќи најгрозни маки, се бори повеќе од 40 години за своето ослободување од туѓинскиот јарем, енергично протестира пред почитуваната Мировна конференција против евентуалното проектирано раздробување, кое би било само едно ново издание на фаталната грешка што ја изврши Букурешкиот мир (1913) на кој македонското население беше третирано како стадо.

Огромното мнозинство на македонското население силно го сака создавањето на една автономна држава, под протекторатот на големите сојузени држави и управа по примерот на кантоните во Швајцарија. Ваквата управа, барана од огромното мнозинство на македонското население, истовремено би донесла траен мир на Балканот и единствено би била во состојба да ги осигури економскиот и духовниот развиток на сите Македонци, без разлика на раса и вера. Принципот „Македонија на Македонците“, кој беше девиза на Внатрешната револуционерна организација е мошне популарен во Македонија. Инаку, автономијата на Македонија беше и формално призната од страна на Грција, Србија и Бугарија во нивниот ултиматум до Турција во 1912 година.

Си дозволуваме да го привлечеме специјалното внимание на почитуваната Конференција за мир на овој последен факт и понизно ја молиме да не уништува еден невин народ кој изобилно го платил данокот на каузата за своето ослободување со робување, маки и болки“.

Покрај испраќањето на писмени материјали до преговарачите во Париз, Генералниот совет решил да испрати своја три-члена комисија која би ги застапувала интересите на македонскиот народ. Меѓутоа, ова барање било одбиено со мотивација дека тие „не го претставувале македонскиот народ, туку дека се само друштво и дека немале полномошно од македонскиот народ“.

Ваквот став не ги обесхрабрил членовите на друштвата. Тие продолжиле да испраќаат и натаму телеграми и петиции со цел да се чуе гласот на Македонија за нејзиното право на самоопределување, инсистирајќи постојано во своите апели да укажуваат дека без справедливо решавање на македонскиот проблем не може да има мир на Балканот и ќе се даде повод за нови немири и крвави судири помеѓу балканските држави. „Женевските студенти најмногу инсистирале на 14-те Вилсонови точки во кои се прдвидувало правото на самоопределување на секој народ“.

Сепак активноста на македонските студентски друштва во Швајцарија, како и на патриотските сили на целокупната македонска емиграција, ќе даде некаков резултат. Македонското прашање беше актуелизирано и не беше одминато на Париската мировна конференција. Тоа било актуелизирано на седници на Комитетот за новите држави на Париската мировна конференција. Воглавно италијанската делегација истапувала со разни предлози по однос на идниот статус на Македонија. На таквите предлози најостро се спротивставила делегацијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, која била поддржувана од француската дипломатија. Поради отпорот на одредени победнички страни, пропаднала идејата за автономна Македонија. Но и покрај тоа што на Париската мировна конференција големите сили и земјите победнички ги отфрлиле барањата и идеите за решавање на македонското прашање, сепак тоа не престанувало да се поставува, актуелизира и по склучувањето на мировните договори по Првата Светска Војна.

Македонското прашање продолжува да го обременува светот и денес. Иако измина многу време од тогаш, сеуште постојат сили кои македонското население го третираат како стадо. Обидите под притисок да го смени името и идентитетот, не носат трајно решение за македонскиот народ, кој единствено сака да го зачува своето име и идентитет, како и да го осигури економскиот и духовниот развиток на сите Македонци, без разлика на раса и вера.

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top