Историја

МАКЕДОНИЈА ДА НИ СЛУЖИ КАКО ЗЛАТНА РЕЗЕРВА ВО НАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ КОМБИНАЦИИ НА ИСТОКОТ

Berliner kongress

Berliner kongress

ГРОФОТ ШУВАЛОВ ДО РУСКАТА ВЛАДА:
МАКЕДОНИЈА ДА НИ СЛУЖИ  КАКО ЗЛАТНА РЕЗЕРВА
ВО НАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ КОМБИНАЦИИ НА ИСТОКОТ

” Македонското прашање на Берлинскиот конгрес, остана нерешено поради повеќе причини. Меѓутоа, тоа нам не може да ни послужи за постигнување неа одредени цели. После повлекувањето на руската војска од Бугарија, лесно може да дојде до промена на бугарската приврзаност спрема нас,особено затоа што веќе се јавува таква тенденција. Ако Кнежевството Бугарија остане  до крајот со нас, тогаш може да се работи  на припојување на Македонија кон него. Меѓутоа, постои и друга алтернатива – Македонија да се припои кон Србија, доколку таа ја напушти својата проавстриска политика. Македонија треба да ни послужи како златна резерва за нашите политички комбинации во врска со нашата источна политика”.

Документи од секретните архиви на Руското правителство.  Софија 1893, стр.12-13;

ОД ЗАПИСНИКОТ НА ТАЈНАТА  ЦАРСКА АРХИВА НА РУСИЈА
ЗА  УПРАВУВАЊЕТО СО БАЛКАНСКИТЕ ОБЛАСТИ:  РЕШАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ  ЗА НАС  Е МНОГУ ТЕШКО И ИЗБРЗАНО.
НИЕ СМЕ ДОЛЖНИ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА ДА ДЕЈСТВУВАМЕ
СОЛИДАРНО СО ЦАРИГРАДСКИОТ ПРЕСТОЛ

(1878 год.)

“…Грофот Шувалов (руски државник и дипломат,  на чело на руската делегација на Берлинскиот конгрес, н.б.) моли да се донесат сите потребни мерки за смирување во Македонија. Заради тоа би било пожелно да се испратат таму опитни агенти, да им се објави на Македонците од името на Императорот дека Неговото Величество се грижи за нивната судбина, еднакво како и за другите Словени, и дека ќе им биде дадена таква иста слобода како и на Бугарите, сега веќе ослободени… Решавањето на македонското прашање за нас  се покажува  многу тешко и избрзано. Ние сме должни во однос на Македонија да дејствуваме солидарно со цариградскиот престол…” 

Документи од секретните архиви на Руското правителство.  Софија 1893, стр.11-12;

Д-р Иван Алексов
ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
од праисторијата до почетокот на 21 век- Скопје, 2007

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top