Историја

Бригите се еден од најславните народи во човечката историја, чија прататковина била во западна и централна Р. Македонија

ilija-casule

Херодот раскажува дека египетскиот фараон Псаметих (во седмиот век пред нашата ера (а ова го има анегдотално во секој учебник по лингвистика) направил опит и затворил две деца за да види кој збор кје го проустат без контакт со луѓе. Тие рекле бекос и Псаметих утврдил дека е тоа фригиски (бригиски) Шфригиски не е изворното име, тоа е грчка верзија) збор и го прогласил бригискиот за најстар јазик на човеството. Тоа е легенда, но ако се слушаме подобро, Египќаните ја знаеле големината на Бригите!

Кога некои од Бригите се преселиле во Мала Азија станале најкултурна и голема цивилизација, биле извонредни копаничари, (зборот фриз е во нивна чест), песнопојци (фригиската стапка во мзиката) играорци, килимари. Фригиската капа станале симбол на слобода дури и во Француската револуција. Нивни бил и славниот цар Мида кој од алчност се претворал во злато…

Кога стигнал Александар во Фригија ги нашол своите земјаци и со тоа го распетлал Гордиевиот јазол (Гордиј е исто фригиски цар).

И понатаму мигрирале се до Индија/Пакистан, според индиските научници името на санскритското божество на огнот Бхригу е во нивна чест. Да не може човек да се изначуди.

Тие што останале во Македонија биле сродни со Пајонците, а старомакедонското наследство и јазик е исто бригиско. (името на Скопје, на Вардар, на Штип е бригиско).

И на врвот од светот, во Пакистан се директните потомци на Бригите (Бурушите) кои во голема мерка го сочувале јазикот. Мене ми се даде честа тоа да го откријам заедно со супстратните елементи во македонскиот и балканските јазици.

Звучи фантастицно, но на оваа тема имам објавено 5 книги и дваесетина научни трудови во најугледни списанија.

И ние, јунаци, сме зачувале од бригиското наследство впрочем олицетворено и во ендонимите Мијаци и Брсјаци (од Березити).

Имаме со што да се гордееме. Грците бледнеат пред големината на Бригите.

Вистината се тенчи, ама не се кине.

ilija-casule
Илија Чашуле

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top