Историја

ИЗЈАВИ НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА АНГЛИЈА, АВСТРИЈА И ФРАНЦИЈА ВО ВРСКА СО САНСТЕФАНСКИОТ ДОГОВОР И МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ

potpisuvanje-na-sanstefanskiot-dogovor

potpisuvanje-na-sanstefanskiot-dogovor

(Април-мај 1878 год.)

“Лордот Солзбери, англискиот министер за надворешни работи, во инструкциите до својот амбасадор во Цариград, од 18 април 1878 год., во врска со Санстефанскиот прелиминарен договор пишувал: “без одлагање зацртаното бугарско кнежевство во Санстефанскиот мировен договор, не смее да остане во такви широки граници и  да држи територии кои етнички не му припаѓаат”.

Австрискиот министер за надворешни работи, во инструкциите до својот амбасадор во Цариград, од 17 мај 1878 год., му пишувал: “Дајте му на знаење на Недилов, рускиот ам-басадор во Цариград, дека нашата влада никако нема да толерира едно широко бугарско кнежевство. Во Санстефанскиот прелиминарен мировен договор  воопшто не е зачуван етничкиот принцип. Нам ни е познато, според статистичките податоци со кои располагаме, дека Бугарите и Србите ја населуваат земјата од Црното до Јадранското Море. Србите се протегаат на запад и на левиот брег  на Дунав и Сава, додека Бугарите се протегаат од Дунав со стара Планина. Територијата на Македонија е на-селена со разновидно население, во кое преовладува словенскиот елемент. Меѓутоа, познато е дека во тамошното словенско население се јавува една силна струја, која  настојува да трг-не по својот сопствен пат. Нашите интереси во поново време ни наложуваат да продреме во Македонија и да излеземе на Егејско-то Море, користејќи се со наклонетоста на словенското население во Македонија.”

Во телеграмата на францускиот министер за надворешни работи, испратена до својот амбасадор во Цариград, меѓу останатото, пишува: “Ние и натаму стоиме на гледиштето дека, освен бугарскиот, постојат и други народи на Балканскиот Полуостров, кои во догледно време трба да бидат ослободени. Словенското население во Македонија во ваквата ситуација лесно може да се  приврзе кон Франција, со што нашите позиции во овој дел на светот би пораснале. Нашата влада остро му се сп-ротивставува на Санстефанскиот мировен договор…”

(Хоф-унд Стааатсарцхив Њиен, ” Политисцхес арцхив ЏЏЏИИИ Туркеѕ”, Картон 129

 – цит. сп.  С. Димовски, Сведоштва и документи; Доцументс дипломатиљуе, .III бр. 432 од 15 мај 1878 – цит. сп. С. Димевски, Сведоштва и документи; -цит од кн. на Д. Ташковски За македонската нација).

ИЗЈАВА НА РУСКИОТ ЦАР АЛЕКСАНДАР  II ЗА САНСТЕФАНСКИОТ ДОГОВОР И ВЕЛИКОБУГАРСКИОТ ШОВИНИЗАМ

“Рускиот цар Александар ИИ, нешто подоцна во една прилика изјави: “… Ги штитев интересите на Русија а, не етничката припадност на населението…За среќе валидноста на тој Договор, траеше само четири месеци и никогаш во сила не влезе…“Во една друга пригода рускиот цар рекол: “ ој договор претвори еден народ, без јасно народносно сознание, без сеопшти политички цели, без здраво навлезени во него идеи за национална слобода, во народ со голем процент на шовинисти. Ги посади во него бацилите на великобугаризмот. Тие кои…дадоа писмени изјави  дека се задоволни од султанот, од турското владеење и дека не бараат слобода, сега, за кус период, ги прегрнаа идеите на великобугарскиот шовинизам. шовинистичките идеи треба да се маскираат со силатата на науката. Ако за внатрешните консу-мирања емоционалните изливи беа доволни, за надворешниот свет беа неопходни научни аргументи… Така до великогрчкиот и великосрпскиот ќе се доближи, не помалку опасниот за Македон-ците, великобугарски шовинизам.”

Г. Радуле, Историја на Македонија, Софија 1997, стр 242;

СКЛУЧУВАЊЕТО НА САНСТЕФАНСКИОТ ДОГОВОР ОД РУСКА СТРАНА БЕШЕ  ГОЛЕМА ГРЕШКА

(в. “Петербуршки ведомости”, Бр. 315 од 1900 г.)

“Склучувањето на  Санстефанскиот договор беше од руска страна голема грешка. Зашто тој Договор правеше од Македонија чисто бугарска земја. Таа е словенска, но не и бугарска…”

Коста Георгиев, “ Филетизм или проклјатие”, Софија, 1995, стр 157

ИЗЈАВА НА ГРОФОТ ШУВАЛОВ: САНСТЕФАНСКИОТ МИР Е НЕСРЕЌА И НАЈГОЛЕМО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ЗА РУСИЈА

“По силните притисоци на Австро-Унгарија и Англија врз така скроениот Санстефански договор, идејата за  негова ревизија била прифатена и од владата на Русија. Кнезот Горчаков, по чија наредба руската делегација го потпишала договорот, нешто подоцна самиот напишал: “Санстефанскиот мир ни создаде големи потешкотии. Сега ние треба да отстапуваме, и без жртви, одвај  ќе најдеме излез од положбата”. По тој настан реагирал и грофот шувалов, кој на австроунгарскиот министер Андраши му изјавил: “Санстефанскиот мир е несреќа за нас, а не за Австрија. Тоа е најголемото недоразбирање што можевме да го направиме. На крајот на краиштата, ние ќе бидеме принудени да отстапиме пред очите на цела Европа…”

Ванчо Стојчев,  Распаѓање на идејата за голема словенска држава на Балканот, Македонско време, бр.56, јуни 1999, стр. 33-34;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top