Историја

Султан-Муратова (Хјунќар) џамија

sultan-muratova-dzamija

sultan-muratova-dzamija

– несомнено, најстара постојна џамија на територијата на Балканот е изградена уште во 1436 година како задужбина на султан Мурат II (владеел од 1421 до 1451 година), татко на султан Мехмед Освојувач и токму поради тоа таа во народот е позната уште и како Хјунќар, односно господска или султанска џамија.

– оваа џамија била изградена на темелите на некогашниот христијански центар на Скопје, манастирот Свети Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) на врвот на Виргинов Рид, кој се издига источно од Бит-пазар.

– Султан-Муратова џамија во својата долга историја двапати била цел на пожари: првпат во 1537 година кога и изгореле нејзиниот горен дел и минарето, по што султан Сулејман Величествениот (1520-1566) ја обновил. Џамијата настрадала и во големиот пожар во 1689 година што го подметнал австрискиот војсководител Пиколомини. По 23-годишна пауза, односно во 1712 година таа повторно е обновена, овојпат по наредба на султан Ахмед III. Последните значајни поправки на џамијата биле извршени во 1912 година. Токму поради овие многубројни поправки, не е познат нејзиниот првобитен изглед. Но, ако се земат предвид другите две џамии – задужбини на султан Мурат II – изградени во Бурса и во Измир, може да се претпостави дека и оваа нашава – скопска Хјунќар џамија – била слична на нив.

– Султан-Муратова џамија е изградена од камен и од тули во брусански стил (XIII – XV век). Нејзиниот внатрешен квадратен простор има облик на трибродна базилика со рамни табаници. Поделен е со по три, во два реда поставени столбови, кои се поврзани со полукружни лакови. Џамијата, која е покриена со керамиди, има покрив на четири води.

– На северозападната страна на џамијата е подигнат трем, чија покривна конструкција се потпира на четири столбови, со пластично декорирани капители, поврзани со пет аркади кои имаат шилести лакови. Како нејзин главен градител се спомнува мајсторот Хусеин од Дебар.

– Султан-Муратова џамија за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година претрпе сериозни оштетувања кои подоцна беа санирани.

– Во дворот на џамијата се наоѓаат две турбиња: Бикиј Хан и Али-паша од Дагестан, како и познатата скопска Саат кула, сочинувајќи со нив единствен комплекс.

Саат кула …

Се наоѓа во дел од дворот на Хјунќар џамија.

Оваа градба, што патописците Евлија Челебија и Хаџи Калфа ја опишуваат во своите натписи како шестоаголна градба, чиј горен дел бил изграден од дрвена конструкција, била подигната во средината на XVI век, поточно во периодот меѓу 1566 и 1572 година. Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат кула најголема од сите саат кули кај христијаните, како и дека таа ги отчукувала саатите и ден и ноќ, а звоното и се слушало на два саати надалеку.

– Францускиот патописец Филип Дифрен-Кане, пак, во 1573 година пишува дека во Скопје има еден јавен часовник што се слушал во целиот град и кој ги отчукувал часовите на француски начин.

– Според досегашните сознанија, таа е прва саат кула подигната на територијата на тогашното Турско Царство. Треба да се напомене дека нејзиниот долен, односно ѕидан дел не бил специјално граден, туку едноставно за оваа намена била искористена една од четирите кули во составот на бедемите што го штителе манастирот Свети Ѓорѓи Скоропостижник. Нејзиниот сааатен механизам бил донесен од Унгарија, по освојувањето на градот Сигет од страна на Турците.

– И овој објект, како и Хјунќар џамија, претрпел огромни оштетувања за време на големиот пожар во 1689 година. Но, интересно е тоа што старата манастирска кула и дрвената надградба со часовникот опстојувале се до 1904 година кога саат кулата, во времето на валијата Хафиз-паша, го добила сегашниот изглед: дрвената конструкција конечно била заменета со тули и бил монтиран нов саатен механизам кој го одбројувал времето “ала турка”.

– Во 1963 година за време на катастрофалниот земјотрес Саат кула претрпува сериозни оштетувања. Подоцна таа е санирана, но и до ден денес е без својот саатен механизам кој бил изгубен за време на земјотресот.

… Набргу потоа, брз темелите на некогашниот христијански центар на Скопје – манастирот Свети Ѓорѓи Горгос, на познатиот Виргинов Рид, започнува изградбата на најголемата и најубава џамија на територијата на Балканот, познатата Султан-Муратова (Хјунќар) џамија, чија изградба ќе биде завршена во 1436 година. Неполни две години подецна – во 1438 година, на просторот на некогашната манастирска ливада, на која со векови дотогаш биле одржувани годишниот панаѓур на празникот “Воведение на Богородица” и неделниот пазар, ќе биде подигната уште една џамија – познатата Алаџа (Шарена) џамија, чиј легатор е вториот скопски краишки војвода Исхак-бег кој, покрај џамијата изградил и медреса, конаци и турбе.

saat-kula-1

Саат кулата изградена помеѓу 1566 и 1572 година и Султан-Муратова (Хјунќар) џамија изградена 1436

saat-kula-2

 saat-kula-3

ВИРГИНСКИОТ МАНАСТИР СВЕТИ ЃОРЃИ СКОРОПОДВИЖНИК

Во десниот горен агол е Виргинскиот манастир.

… Прочуениот македонски манастир ‘Свети Ѓорѓи Скороподвижник’, во стручната јавност попознат како Виргински манастир, бил изграден во времето на Цар Самуил, а разурнат до темел во 1428-та година од Турците. Осум години подоцна на истото место најверојатно е изградена денешната Султан-Муратова џамија, и оттогаш се губат сите траги за четиривековното опстојување на овој царски манастир.

Превземено од: volanskopje

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top