Историја

Актот од 14 август, кој се однесува на границата помеѓу Бугарија и Источна Румелија

balkan belligerants 1914

balkan belligerants 1914

Член 6

Од Манчу, точка сместена помеѓу Сиври-Тач и Кадри-Тепе, каде што границата помеѓу помеѓу Бугарија и Источна Румелија се спојува, во согласност со актот од 14 август о.г., со главниот гребен на Родопите обележен на австриската карта како граница на стариот санџак на Софија, јужната граница на Бугарија, одејќи право кон југ, ја следи преку главната верига на Родопите јасно означената линија за поделбата на водите помеѓу басените Места-Карасу (Рополница и Граничар) од една страна, и Искар од друга, преку Ручкаја -Чал и Налбант; во висина на Курџалак, таа го зема правецот кон запад преку Чабирна и Демир-Капија се до Кидиница Гора…каде што скршнува кон југозапад, па преку Коџа-Корица-Гора доаѓа до Ај-Гедик (врв на планината…

Таму таа скршнува одново кон запад и, следејќи ја линијата за поделба на водите помеѓу басените Рилска Река и Бистрица Река, притоки на Струма-Карасу, таа доаѓа кај потпорниот сид на Воденица-Планина до врвовите на Мрџик-Тепе, Кадиица, Маркова Скала, Царев Врв, Мусовра, Дерезлица, Кирело и Фетир.Таа и го остава на Бугарија Рилскиот манастир и селата Пастра, Рилосело и Истоп, а на Турција селата Бистрица и Добрава и градот Џумаја.

На 2.300 м., југоисточно од Бараково (Баракли) границата ја напушта делбената линија за да се спушти кон Рилска Река преку нагласениот гребен на вториот потпорен сид источно од Бараково…Оваа линија скоро да го дели грото на поседите на Бараково оставени на Турција од една страна, и на Параминово (Паромин) оставени на Бугарија, од друга.

Границата потоа се спушта на патот по долината на Рилска Река се до нејзината утока со Струма, и, свртувајќи на север, оди по текот на Струма се до 600 м. на оваа утока….кон запад во долот кој ги дели селата Текија (Јелешница) што и припаѓаат на Бугарија и Бучино што и припаѓа на Турција. Преку горниот дел на тој дел таа доаѓа… до врвот Чордак-Камик; потоа…по грбенот на Влаина,…јужно од Бучино; тој басен во целост заедно со селата Лисија, Дреново, Клисура и останува на Турција; наспроти тоа, територијата на Фрохопл и Червеница и останува на Бугарија

Преку Гора Ерсејковица и Гора Дирнберица границата доаѓа до веригата на Голема Планина до врвот Синианова Чука (што одговара на Гитка на австриската карта). На оваа верига која ги дели водите на Јелешница од оние на Саса-Дере што се вливаат во Брегалница, таа сукцесивно врви накај Гора_Планина, расфрланите куќи на Ветрен, Стервиж-Врв, врвовите жива Кобила, Стибаница, Куцулиница, Јадропаница, Балтајница и Руен, оставајќи и ги на југ на Турција селата Косевица, Млаштица и Саса.

Од Руен границата се спушта и, понатаму, следејќи го општиот правец југоисток кон северозапад, кон патот од ќустендил за Егри-Паланка преку делбената линија помеѓу восдите на Лепница, од една страна, и оние на Крива Река, притока на Егри-Дере, од друга; таму таа доаѓа до врвовите на Сака-Баши, Бождерица и Бачевица.

Таа го сече горенаведениот голем пат кај караулата Дере-Багдар, која се наоѓа на котата 1247 од австриската карта, се качува понатаму кон север и, следејќи ја воводелницата, минува по врвовите на Могилер, Сдранхофер, Трново, Сузрана, и оставајќи и ги на Бугарија селата Каменица, Ѓуешево, Скакавица, Раници, Пеколница, Червен Дол, Коприва, Бабечено, Черешново, и целиот басен на Покрива Река со селата Жеравино, Голеш и Караманица. Селата Жедуло, Радилиско, Фурпач, Медош, Сурсера, Луки,…и остануваат на Турција. Кај Бабина Полјана, демаркационата линија поминува преку врвовите Гулемиј-Врх-Гора и Вило-Коло, оставајќи и ги на Бугарија селата Доганица и Дукат, а на Турција Пролиесие и Червен Град, и 4 км. јужно од Црн Врх доаѓа до Гора-Патарица, место на составувањето на бугарско-турската, турско-српската и српско-бугарската граница, на изворите Суга -Лубата, на исток, и Орличка, на запад.

Член 8

Границата помеѓу Манчу и Гора-Патарица е нанесена во размер 1/42000 на скица изготвена според руски карти и мерења извршени специјално за комисијата од страна на англиски службеници, а која ќе биде дадена во прилог на овој акт за да биде консултирана, доколку се укаже потреба како објаснувачки документ.

Гореприведената скица ја прикажува, освен тоа, областа помеѓу Чам-Куру и Манчу и на тој начин ја комплетира скицата приложена кон Актот од 14 август, кој се однесува на границата помеѓу Бугарија и Источна Румелија…”

Македонија во меѓународните договори…, стр. 238-240;

Г.Е. Норадоунгхиан, Рецеуел д’Ацтес Интернатионаух, Т.IV, п.238-240;

Документи за борбата …, T.I, док.178, стр. 239- 242;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top