Историја

КУЗМАН ШАПКАРЕВ ЗА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ (Софија, 1882 год.)

pulevski

pulevski

АВТОРОТ НА ОВАА НАРОДНА ПЕСНА ГО ПОЧИТУВААТ СИТЕ МАКЕДОНЦИ ОВДЕ И ПО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

“Јас знам овде еден македонски Бугарин (Македонец, н.б.) од дебарското село Галичник, кај којшто ма многу материјал собран од дебарските бугарски (македонски, н.б.) села. Кај него има песни, нарави, обичаи, приказни и разни други податоци за географската положба на оние месности. Овој човек одамна се занимавал со такви работи и има достатно количество бесценет материјал. Освен тоа, тој учествувал во разни востанички движења, за кое му сведочат ордените. Тој и по ослободувањето се занимава со такви работи, шета по улиците и ќошињата на Софија, бара дулѓери и други работници од разните места на Македонија за да запишува од нив песни и др. По едно време овој самоутврденец и белобрад подвижник се најде во критична положба во материјален поглед и се принуди да побара служба во едно од министерствата за да може да се прехранува и друго, да се  олесни за да му служи на пофалното свое дело. Тој намисли да побара служба и побара. Но знаете ли што му се одговорило? Му рекле дека се прима во служба, но да си го фрли народното облекло и да се облече во европски алишта. Старецот одговори: “Ако вие сакате да ме принудите да си ја фрлам народната облека со којашто сум пораснали сум работел толку време за својот народ, тогаш јас не ви ја сакам ни службата ни платата, и си излегол. Оттогаш и до денеска овој старец стои без никаква служба во претстолнината, се занимава пак со старини, одејќи меѓу своите сотатковинци дулѓери од Дебарско за да си ги дополнува трудовите. Тој има многу материјал, но му недостасуваат средства за да може да го издаде на свет.Само еден мошне малечок дел, и тоа материјал од новото време го издаде поминатата година во ограничен број примероци, (се однесува на книшката “Македонска песнарка”, објавена во Софија во 1879 год.,н.б.) повеќето од кои што ги испрати во Русија до редакциите на весниците.

Овој старец е автор на следнава песна што ја пеат овде сега сите македонски Бугари ( се однесува на  на поемата “Самовила Македонска”, н.б.), и не само овде туку и во Дебарско во Албанија. Јас  ја наведувам буквално оваа песна за вашите читатели.

Таа носи наслов Самовила Македонска и гласи вака:…

( се цитира целиот текст на поемата  “Самовила Македонска”, н.б.)

…Авторот на оваа нова народна песна, когошто го уважуваат и го почитуваат сите Македонци овде и којшто има популарност по цела Македонија, а особено меѓу Мијаците во дебарската околност, издаде на бел свет во 1879 година една “Македонска Песнарка”, првиот дел од 17 страници со црковнословенски букви, а вториот випуск од 16 страници со граѓански букви.

Г-н Георги Пулевски (така се вика авторот на горната песна) е познат уште и со издавањето на еден особен вид речник чиј прв дел е излезен во 1873 год. под наслов “ Речник од четири јазика: 1) српско-албански, 2) албано-арнаутски, 3) турски, 4) грчки (печатен во Белград во 1973 год., н.б.) а вториот дел е напечатен во 1875 год., направен по прашања и одговори на три јазика: македонски, албански и турски. За овој речник “Рус” (се однесува на весникот “Рус” редактиран од  Ив. С. Аксаков) вели вака: “речникот на Г.Пулевскиј буди многу интерес за запознавањето со јазикот на македонските жители, коишто Србите толку настојчиво го приклучуваат кон српското племе. Воопшто треба да забележиме дека Македонија претставува за славистите – ако можеме така да се изразиме – непозната почва што ги чека своите истражувачи”.

Б. Ристовски, Портрети и процеси, 1,…стр. 268-271;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top