Историја

Во книгата на Даниел XI. 30, Македонците се споменати под името “Китим”

Во книгата на Даниел XI. 30, Македонците се споменати под името “Китим”

Македонците во Еврејската енциклопедија од 1906 година

Македонците и Евреите низ вековите остварувале бројни контакти, иако местото на живеење на овие два народи било доста одалечено. Меѓутоа, колку и да изгледа чудно, за врските на овие две култури, нивните средби запишани се во Светото писмо. И не само во Библијата, за Македонците се зборува и во Еврејската Енциклопедија објавена на почетокот на XX век. Во дванаесеттомното издадние на оваа Енциклопедија публикувано во периодот од 1901 до 1906 година, од авторите Ричард Готхеил (Richard Gottheil) и Самоил Краус (Samuel Krauss) постои посебно поглавје за Македонија.

На самиот почеток авторите ја издвојуваат Македонија како посебна целина во југоисточниот дел на Европа, која во тоа време се наоѓа во состав на Турската империја. За Евреите тоа е татковината на Александар Велики, поради која рабините ќе го наречат „Александар Македонски“. Изворот на овие вистини ќе го изнесе и потеклото на Македонците, како директни потомци Китим, син на Јаван. а токму рабините ја идентификувале Македонија со еврејскиот збор “јаван”. Во Библијата земјата Китимска се нарекува сестра Ерусалимска, што би значело според библиското родословие дека Македонија и Изтаел се сестра и брат. Меѓудругото, во Еврејската Енциклопедија од 1906 година, во текстот кој се однесува на Македонија стои:

„Македонија – Земја во југоисточна Европа, денес дел од Турската империја. Таа е татковина на Александар Велики, кој заради тоа во записите на рабините го викаат “Александар Македонски”. Во книгата на Даниел XI. 30 Македонците се споменати под името “Китим” (R.V.) и Еузебиус и евреинот Јозефус или Горионидес (Knobel, “Völkertafel, ” p. 103) ја користат истата ознака.

Во апокалиптичната литература, ова кралство е познато како “четвртиот ѕвер” (Даниел. 7.7). Првата книга од Макабиите, која оригинално била напишана на хебрејски, исто така го користи зборот “Китим” за Македонците, и ги споменува Филип и Александар (1.1), како и Филип III и неговиот незаконит син Персеј (8.5), како кралеви на Македонците. Бидејќи грчките Сиријци се именувале себеси како “наследници на Александар”, овие Сиријци исто така биле нарекувани Македонци (II Macc. 8. 20).

Рабините, чие познавање со грчкиот живот се случил за време на Македонската ера, ја идентификувале Македонија со еврејскиот збор “Јаван” и за нив како и за Даниел, Македонија го претставувала есхатолошкото кралство. За нив изразот Јаван бил заменлив за Македонија. Тие го споменувале, секако во фигуративна смисла, зборот “сонцето” од Македонија, за златото од таа земја.

Многу македонски идиоми, се тврди дека се најдени во еврејско-хеленскиот јазик, особено поради тоа што се појавуваат во Септуагинта (Swete, “Вовед во O.T. на грчки”, стр. 291, Кембриџ, 1900). Градови кои имале македонски имиња биле основани на палестинска земја, како што се Верија (Бер), Дион, Пела. Одредени оружја на Македонците се спомнати од Јозефус (“BJ” в. 11 § 3).

Многу Евреи најверојатно живееле во Македонија, бидејќи христијанските доктрини таму наишле на подготвеност и рано прифаќање. Павле ги посетил македонските области при своето второ мисионерско патување; неговите соработници Сила и Тимотеј работеле таму. Павле ги посетил повторно на своето трето патување, задржувајќи се во градовите Филипи, Солун и Bерија (Бер). Еврејски натписи се пронајдени во Солун (“R. E. J.” X. 78), а присуството на Евреите во Македонија е докажано со писмото Агрипа до Калигула (Филон, ” Legatio ad Caium,” § 36 [ед. Mangey, II. 587 ])

Најстарите библиски и еврејски ракописи ги потврдува историските вистини за Македонија и Македонците, како и вековните врски со еврејскиот народ.

Во Еврејската енциклопедија од 1906 година, постои посебно поглавје за Грција, Во ова поглавје нема место ниту за Македонија ниту Александар Македонски. Едноставно Евреите многу добро знаат за разликите меѓу двата народа и границите во кои живеат.

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top