Историја

Впечатоците на Филип Дифрен-Кане од престојот во Македонија во 1573 година

uskub

uskubВо XVI век, Скопје се издига како значаен стопански и политички центар. Во него постојано наминувале трговци и патници: Венецијанци, Дубровчани, Евреи, Грци, Арапи и други. Венецијанскиот пратеник Јакобо Соренцо (1575), покрај другото запишал дека: „Скопје е голем град и зафаќа 28 квадратни километри. Жителите се христијани, Турци и Евреи. Куќите се мошне убави. Во градот се врши голема преработка на кожи, што се негов главен производ…. (Скопје, 1985, стр. 14).

Саат кулата не оставала рамнодушен ниту еден од патеписците кои го посетиле Скопје. Турскиот историчар и географ, Хаџи Калфа, забележал дека Скопје има една Саат кула, најголема од сите кули кај христијаните и дека таа ги отчукувала часовите и дење и ноќе, а ѕвоното се слушало на „два часа далечина“.

За Саат кулата пишува и Филип Дифрен-Кане, кој престојува во Скопје две години пред Венецијанскиот пратеник Соренцо. Како приврзаник на протестантизмот, Филип Дифрен-Кане бил принуден често да патува во странство. Во 1573 година, тој се придружил кон француското пратеништво кое заминало преку Дубровник за Цариград. Своите впечатоци од ова патување ги изнесол во своето дело „Патување на Левант“.

Филип Дифрен-Кане, патеписот го напишал по враќањето во Венеција, но неговото дело било издадено дури во 1897 година. Пишувајќи за своите впечатоци за време на престојот во Македонија, покрај описот на Саат кулата во Скопје дава и интересни податоци за градот и Македонија (Документи, Том Први, Скопје, 1981 – Р. Самарѓиќ, Београд и Србија у списима француских савременика, 49-51). Филип Дифрен-Кане во својот патепис, меѓудругото ќе запише;

„ ..Минувавме преку нерамни и кривулести врвици, преку темни долинки и густи шуми. Нашиот чауш не предупреди дека треба да се оди претпазливо, со оружје в рака, зашто овој премин обично е запоседнат од албакските убијци и разбојници, кои пред некој ден отепале пет кадии со целата нивна придружба. Со милоста божја, ние го најдовме патот слободен. Видовме една древна кула и некои урнатини од тврдини издлабени во планината. Слушнавме турски стражи кои со удирање во тапани го обезбедуваа патот на карваните. Оттаму излеговме на една голема рамнина, на чиј почеток, скоро скриен од неколку мали вишинки, се наоѓа Скопје, многу голем град, кој според некои е во Бугарија, но по моето мислење е во Македонија, ако се зачуваат старите граници, а се вика Стоби, во соседство на Мигдонија. Тука тече реката наречена Вардар.

Кај Скопје видовме еден убав водовод, се уште зачуван, кој доведувал вода за градот, но сега тој не служи, зашто е пронајдена употреба на подземните канали, кои се многу попогодни, посигурни и поекономични. На влезот во градот се наоѓаат остатоците од една стара тврдина, а во неа грчка црква. Но најмногу не зачудија гробиштата, кои заземаа поголем простор отколку целиот град, покривајќи ги сите околни ридишта, бидејќи во изминатите години овде владеел голем помор, а Турците никогаш не погребуваат две тела на едно место.

Овој град има еден јавен саат кој се слуша во целиот град и којшто ги отчукува часовите по француски. Донесен е од Сигет во Унгарија, заедно со неговиот мајстор, кој има добра плата. Иако Турците многу ги сакаат саатите и многу ги ценат, во цела Турција нема друг јавен саат..“

Писателот, иако погрешно го заменил Скопје со Стоби, разурнат град на утоката на Црна во Вардар, сепак тој има доволно познавање дека градот не се наоѓа во Бугарија, туку во Македонија. Исто така, пишувајќи за Скопје, Филип Дифрен-Кане ќе забележи дека градот „има еден јавен саат кој се слуша во целиот град и којшто ги отчукува часовите по француски.“

Според досегашните сознанија, таа била првата Саат кула подигната на територијата на тогашното Турско Царство. По воениот поход во Унгарија, саатниот механизам донесен од Сигет бил сместен во кула која не била специјално градена.  За таа цел била искористена една од четирите кули во составот на бедемите што го штителе манастирот Свети Ѓорѓи Скоропостижник.

Македонска нација

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top