Историја

Како четите на ВМРО ја поразиле грчката армија

Невиден историски хероизам: Како четите на ВМРО ја поразиле грчката армија од Пиринскиот дел на Македонија?

Во есента 1925 година Бугарија е вовлечена во најчудната и истовремено малку позната војна која ја водела во поновата историја. Настаните се случија помеѓу 19 и 28 октомври 1925 година и започна со граничен инцидент, кога по убиството на грчки војник, грчката армија навлегла во Пиринскиот дел на Македонија и окупира 10 села. По десетдневната необјавена војна, која се води со четите на ВМРО и мал дел на бугарската армија, грчката војска неславно се повлекува. Конфликтот познат како “Петрички инцидент” бил разрешен од Лигата на народите (ОН).

По завршувањето на Првата светска војна, со Нејскиот договор од 27 ноември 1919 година, Бугарија била казнета од победниците (Антантата), Бугарија немала право да има воздухопловство, морнарица и артилерија, а бугарската армија не можела да ја надмине бројката од 33.000 војници, вклучувајќи ја и пограничната стража. Едноставно Бугарија не била способна да ја брани својата територија.

Со Нејскиот договор најмногу добила фаворизирата Грција. Освен Егејска Македонија, населена претежно со македонско население, таа ги добила и териториите во Западна Тракија, кои за Бугарија биле единствениот излез на Бело Море.

Грчките политичари кои сонувале да ја обноват Византија, по поразот од Турција во 1922 година и обединувањето на македонските револуционерни сили (Мајскиот манифест во 1924 година и основачкиот конгрес на ВМРО обединета, одржан од 1 до 11 октонври 1925 година во Виена), гледаат закана за остварување на своите цели во окупираниот од Бугарија Пирински дел на Македонија, каде ВМРО создаде држава во држава.

Свесни дека разоружаната и речиси беспомошна Бугарија, која во тоа време се наоѓа и во меѓународна изолација, неможе да се справи со ВМРО, Атина стационира војска на грчко-бугарската граница и бараат повод за навлегување во Пиринска Македонија за да ја уништи Македонската револуционерна организација која бара ослободување и обединување на сите три дела на окупирана Македонија (Пиринска, Вардарска и Егејска Македонија).

Причината за да ја нападне Бугарија, Грција нашла во еден пограничен инцидент на 19-ти октомври 1925 година. На граничниот премин Демиркапија на Беласица, бугарските граничари на своја територија копале бунар. Во 14:30 часот, грчка патрола влегла на бугарската територија и ги обвинила за копање ровови. Во текот на расправијата дошло до престрелка во која бил убиен грчки војник и сериозно ранет грчки офицер. При обидот на грчката војска да го собере телото на починатиот војник дошло до престрелка, која потоа ќе прерасне во војна.

Иако, бугарската влада инсистирала да биде формирана бугарско-грчка комисија за истражување на инцидентот, како што барала Лигата на народите (ОН), денешната ООН, Атина не го прифатила, бидејќи поводот за напад бил најден.

Подготвувајќи се за избори грчкиот диктатор генерал Теодорос Пангалос ја распалува националистичката хистерија во Грција и на 22 октомври 1925 година, без објавување на војна, им заповедал на војниците од VІ грчка дивизија лоцирана кај Сер, да навлезат во Бугарија.

Во овој дел од границата Бугарската армија располагала само со 300 војници од пограничната стража. Тие го презеле врз себе првиот напад во зорите на 22 октомври 1925 година. Меѓутоа, деветте баталјони на грчката армија со планинска артилерија, митралези и минофрлачи лесно ја форсирале бугарската граница на фронт од 30 км и навлегле на 10 до 12 км на бугарска територија.

Бугарија била изненадена, а бидејќи ги нема потребните воени сили да се спротивстави, по наредба на министерот за одбрана, генерал Иван Велков, кон границата биле упатени околу 1.000 војници, со 18 митралези и 12 топови.

Против 100-илјадната грчка армија се спротивставиле вкупно 1 300 бугарски војници без тешко вооружување. Во првите часови на војната бугарските сили отстапиле, а Грците ги зазеле селата Кулата, Марино област, Долно Спанчево, Чучулигово, Ново Хоџово, Пиперица, Лехово, Марикостиново, Тополница, Петрово и Дрангов. Во еден момент грчката офанзива се забавила, бидејќи грчките војници се впуштаат во грабежи на покуќнина и добиток по селата во Поринска Македонија.

Владата во Софија испраќа повик за помош до секретаријатот на ОН во Женева и наредува на бугарските војници да се воздржат од воени дејствија. Малите бугарски сили кои неможат да и се спротивстават на грчката армија се окопуваат околу Рупите и станица Генерал Тодоров.

Но, грчката армија којашто има за цел да се заземе градот Петрич, кој е аминистративен центар на Пиринскиот дел на Македонија, и оттаму да го отвори патот по долината на реката Струма, продолжува со воените дејства.

Меѓутоа, тука грчката армија ќе се соочи со една од најдобро организираната воена сила во овој регион – четите на ВМРО. Имено, по крајот на Првата светска војна ВМРО ја обновува својата револуционерна дејност и гради многу добра воена организација на територијата на Пиринска Македонија, која станува држава во држава.

На 22 октомври, во моментов на грчката инвазија, ВМРО собрала за одбрана на Петрич околу 4.500 четници, поделени во пет одреди, кои ги зазеле позициите околу градот. За подобра кординација ЦК на ВМРО го испратила во градот Јордан Ѓурков од Штип и на 23 октомври во Петрич бил формиран кризен штаб на чело со војводата Георги Вандев од мегленското село Лесково и помошникот Борис Бунев од Тетово. Штабот ја презел кординацијата за одбрана на градот, а по левиот брег на Струма командант на четите е Зисо Попов од село Бапчор, Егејска Македонија, кој го спречил напредувањето на грчките војски. Истовремено организацијата извршила евакуација на околу 15.000 бегалци во внатрешноста.

Најжестоките борби се воделе на 22 и 23 октомври, кога грчките војници од југ и од запад ја почнале офанзивата, поддржана со артилерија и авијација. Грчката армија отворила силен оган врз станиците Петрич и Марино поле. Сепак во борбите во овие два дена грчкото напредување било спречено од четите на ВМРО.

На 25 октомври грчката армија презеде нова офанзива против Петрич и повторно била одбиена. Грчката офанзива потоа запира, а во наредните денови, на некои фронтови, Грците биле разбиени по што почнале да се повлекуваат. Покрај тоа, цел еден грчки полк, одвоени од главните сили, бил опкружен и целосно уништен од дејците на ВМРО.

На 27-ми октомври, ОН им нареди на Грција веднаш да ја прекине својата воена акција против Бугарија и во регионот испратила воени претставници во Англија, Италија и Франција.

На 28 октомври грчката влада издала наредба да ги повлече своите војници од територијата на Пиринска Македонија. Грчката војска потоа неславно се повлекува, поразена не од редовна армија, туку од мобилизираните одреди на ВМРО, селани и доброволци.

На 29-ти октомври Советот на ОН назначи специјална анкетна комисија за истражување на конфликтот. Истражната комисија откри дека се изгорени 12 села, 15.000 бегалци ги напуштиле своите родни места, а цивилните жртви од Петрич и околните села биле околу 40 лица.

Врз основа на извештајот на комисијата, Генералното собрание на ОН ја осуди Грција како агресор и наложила да исплати репарации на Бугарија во износ од 30 милиони лева.

Така завршува необјавената десетдневна војна меѓу Грција и Бугарија, односно меѓу четите на ВМРО и грчката армија. Овие настани покажаа дека и без помош на разоружената бугарска армија, обединетите Македонци биле спремни да го спречат секој агресор.

Неколку месеци подоцна, грчкиот генерал Пангалос ги изгубил изборите, бил суден и убиен за уништувањето што и го донел на Грција.

Republika.mk

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top