Историја

Македонија 51-та ѕвезда на Американското знаме

american-flag-600x375

ВМРО – СДРМА

american-flag-600x375

Голем Македонски проект на млади патриоти во текот на 1947 година

По завршувањето на втората светска војна и формирањето на колективите – задругите, по селата кога неукиот и кроток македонски  намачен народ, кој со векови  работи по своите ниви  со цел да го прехрани  големото македонско семејство, се соочува со уште една голема мака, конфискација на имотот, добиток, жито, механизација.

За овај периот не само историчарите туку и  високи функционери на тогашна СФРЈ не сакаат многу да зборуваат. Што уште немаше да им текне викаа старите луѓе по селата. Законот  на Лазо Колишевски, забрани да се чуваат  кози, зошто козата била „штетно животно“, или пак ако сакаш пензија за учество во НОБ, најди двајца сведоци и ја добиваш веднаш, или пак уште еден убав пример, ако имаш шест крави, една за тебе другите за колективот, или накодоши  некој близок во УДБА, добиваш работно место.

Гледајќи ги сите овие случувања, повеќе групи младинци, посегнуваат на мислата Македонија, протекторат на САД.

Епицентарот на случувањата е Прилеп и од таму мрежата се шири кон Битола, преку село Цер, до Кичево. Но тука сакам да додадам дека за нешто слично е осуден и Методија Андонов Ченто, силен противник на ставовите на Темпо, Видое Смилески Бато, Вера Ацева, Страхил Гигов.

Од март 1946 год, до пролетта 1947 год, во Прилеп се фромира македонска револуционерна организација, со цел за крајно политичко обединување на Македонија, под покровителство на САД, од каде доаѓа и името, ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка).

Организацијата зема силен замав, во текот на летото 1947 година ширум цела Македонија.

Но како и сите позитивни работи кои се одвиваат  во тоа време, па и оваа е разоткриена од тогашната УДБА. Голем дел од членовите на организацијата се затворени и осудени. Најнапред би го спомнал  Г-дин Глигор Крстевски , кој е главен организатор на оваа дело, кој е осуден на 3 години  затвор во воспитно поправна установа, Благој Рампов на 1 год и 6 месеци, Благоја Мрмевски 10 години затвор, сите пресуди се донесени во „името на народот“ и со образложение дека сите се осудуваат поради соработка со терористичкото крило на ВМРО на Ванчо Михајлов, и додавката соработка со агентот  Ванчо Михајлов кој сакал да ја одцепи НРМ од ФНРЈ за некаква си Самостојна Македонија под протекторат на Америка.

Идејата за Македонија како 49 – та или денес  51 – ва, држава на САД, постои многу одамна.

Тука би го споменал и покојниот Вецко Стаматоски родум од село Цер, кој по наредба на органите на УДБА бил убиен во затворот во Идризово, а предходно осуден на 8 години затвор заедно со своите истомисленици.

Вецко при судењето  многу директно се изјаснил: На америнаското знаме сега има 48 ѕвезди ќе додадеме уште една – Македонија, со тоа ние не мораме да одиме таму, туку Америка ке дојде тука. Со тоа Вецко Стаматоски ја потврдува својата саможртвеност за Самостојна и обединета Македонија како протекторат на Америка.

За овој “проект” е напишано во многу малку, има пишувано до Г-дин Глигор Крстевки, и германскиот историчар-балканолог  Стефан Троебст од Универзитетот во Лаипциг Германија, кој покрај другото до детали ги објаснува работите за Македонското прашање во бугарскиот парламент, ВМРО во периодот 1924-1944, како и предлогот на Адолф Хитлер за Обединета Македонија, и Македонија Швајцарија на Балканот на Иван Ванчо Михајлов.

Денес ова тема е сеуште актуелна, голем дел од народот во Македонија има голема поврзаност и симпатии кон САД.  Многу млади луге ја гледаат својата иднина во САД, по сево ова што и се случува денес на Македонија, најдобро е да се вратиме на старата идеја  од пред 55 години, да бидеме денес 51-та ѕвезда на американското знаме?

За „Македонска нација“  од  САД
Ивица Белев

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top