Историја

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

manifest1881

manifest1881Привремената влада на Македонија – Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владата била создадена 1880 година во Гремен и требало да ги застапува интересите на сите Македонци без разлика на нивната вера и народност, пред Големите сили. Таа се залагала за Автономна Македонија, но и за создавање на македонска самостојна држава.

Романскот конзул од Солун дава четири гледишта за појавата на Привремената влада кој биле распростарнети меѓу конзулите во Солун.

Според првото гледиште Владата била творба на Русија, со цел да се крене востание во Македонија, да се создаде Автономна Македонија со престолнина во Солун, и на тој начин да се спречи Австрија да излезе на Егејското море.

Според второто гледиште Владата била творба на Грција со цел полесно присоединување на Епир и Теслаија кон грчата држава и создавање на услови за подоцнежно завојување и на Македонија.

Според третото гледиште владата била создадена од Отоманската империја со цел да се спречи Грција да ги заземе Епир, Тесалија и Македонија.

Четвртото гледиште е ставот и на самиот Романски конзул и според него, творец на Привремената влада на Македонија – Единство е самиот Македонски народ кој бил незадоволен од општата состоја и од останувањето на Македонија под турска власт. Врз основа на овие гледишта како и други изворни документи постојат полемики во историската наука за причините за појавата на привремената влада, од своја старна пак најголемиот дел од македонските историчари го прифаќаат гледиштето дека влада е формирана од страна на македонскиот народ кој бил нездоволен од својата положба.

Од мај 21 до 2 јуни 1880 година во Грамос се собрале 32 делегати, преставници на македонската, албанската, влашката и српската народност. Националното собрание ја разгледала програмата на Војводите Вулгарис и Буфски и одлучиле дека треба да се преземат мерки за остварување на национална цел на Македонија.

Собранието најпрво заклучило дека:

Македонија со векови страдала од турскиот тимарско – спахиски систем, а потоа од чифлигарскиот систем и дека нема услови по мирен пат да се ослободи од турската власт. Македонија етнички е расцепкана на Македонци, Грци, Албанци, Власи и Турци, меѓу кои е создадено непријателство поради политички цели на оделни држави. Соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонците со своите верско – национални пропагнди и Македонците ги прават анонимни пред европското јавно мислење. Остранувањето на изнесените причини е единствен излез Македонија да се ослободи од турското ропство.

Собранието заклучило дека членот 23 од Берлинскиот конгрес не се спроведува од страна на турските власти и затоа биле донесени следните решенија:

1. Најнапред да се стави до знаење на Високата порта преку главниот управител (Валијата) на Македонија, дека македонскиот народ бара побрза примена на член 23 од Берлинскиот договор и донесување на Органски устав со учество и на македонски преставници

2. Решенијето на Националното собрание да се достави до сите преставници на големите сили во Македонија – потписнички на Берлинскиот договор, со молба, Големите сили да се застапат кај Високата порта за примена на членот 23 од Берлинскиот договор

3. Доколку Високата порта ја одбие примената на членот 23 од Берлинскиот договор, Националното собрание ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата – Македонија на Македонците, за востановување на древна Македонија

4. Националното собрание одлучи и избра од своите редови Привремена влада на Македонија – Единство, во која се зстапени преставници на нардоностите што ја населуваат Македонија.

Со решението на Народното собрание била формирана Привремената влада на Македонија – Единство и во неја влегле:

Претседател – Васил Симон и двјца членови Анастас Димитријовиќ и Али Ефенди кој бил Албанец. Владата во овој состав имала задача да ги престават барањата на собранието пред големите сили.

Во јули 1880 година Владата ги преставила барањата на Собранието пред солунските конзули, барањето било подпишано од Васил Симеон, Анастас Димитријовиќ, Али Ефенди, а било предадено и протоколното решеније на Националното собрание кое било потпишано од 32 делегати и претседтелот на собранието Стефо Николов. На 23 март 1881 година во Ќустендил, Привремената влада објавила манифест во кој се истакнува меѓу другото дека:

…Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт…

За решавање на македонското прашање, Привремената влада имала две варијанти. Првата варијанта преставувала Автономија на Македонија во рамките на Отоманската империја и тоа преку реализација на членот 23 од Берлинскиот договор, втората варијанта предвидувала доколку не се реализира споменатиот член 23 да се крене востание во Македонија и да се создаде самостојна и независна македонска држава. Според втората варијанта, самостојна македонска држава се поврзувала со воспоставувањето на древна Македонија, и од тука произлегле неколку полемики помеѓу историчарите, зошто народното собрани и Привремената влада на Македонија – Единство иднината на идната самостојна држава ја поврзале со Античка Македонија на филип и Александар….

Владата не успеала да повлијае врз странските конзули во Македонија, а отука и врз големите сили, од друга страна пак условите за кревање на едно востание не биле погодни и затоа владата се откажала од идејата за востание и продолжила со својата четничка организација. Владата немала своја сопствена организација и војска, била во контакти со оделни чети и војводи но тие не биле доволни за кревање на едно општо внатрешно вострание. Владата повеќе преставувала израз на македонци кои биле незадоволни од состојбата во Македонија. Владата немајќи свои сопствени сили и првенствено дисциплинирана организација постепено згаснала но силно влијаела врз понатамошниот развој на македонското националноослободително дело и секако во развојот на македонскиот национален индивидуалитет.

Извор:

Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура – Скопје, 1980

Љ. Лапе, Одбрани текстови… втор дел, 254 – 253

Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет

Ibid. Pol. archiv XXXVIII. Konsulat Salonich. Karton 235. Izv. No 86 rez. Salonich 28.VII.1880. Прилог: 2 документи на Привремената влада на Македонија

Манифест на Привремената Влада на Македонија – 1881

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top