Историја

Делата на Цепенков за Александар III Македонски

Делата на Цепенков за Александар III Македонски

Песната на Марко Цепенков

Автор: д-р Ранко Младеноски

Станува збор за песна од нашиот најактивен и најоригинален собирач и запишувач на македонски народни умотворби од 19 век. Тоа е песна со еден подолг наслов кој гласи Мајка Македонија ги советува своите чеда да востанат против тиранијата на Турците.6 Според својата содржина, но и според својата уметничка порака, оваа песна на Цепенков е многу слична со двете песни на Горѓија Пулевски („Самовила македонска“ и „Македонцим ув прилог“), а тоа го потврдува и Блаже Ристовски:

„Оваа песна по многу свои карактеристики е слична на песните на Ѓорѓија М. Пулевски. Иако Македонците ги наречува и ’Бугари‘, и Цепенков посегнува по ’велика цара Александра што се слави и до ден- денеска‘. Тоа беше всушност говорот на генерацијата на Цепенков и на тој наш граѓанско-еснафски слој од македонските низини, од кои произлегоа Пулевски, Мажовски, Мушевич и др. што во основата на својата идеологија ја постави државноста и културата на античката македонска држава“.7

Во споменатата песна Марко Цепенков ги повикува своите сонародници, Македонците, да се борат против петвековниот „турски јарем“ потсетувајќи на славното минато во древните времиња кога Александар Македонски со својата македонска војска ги победувал непријателите и на Балканскиот Полуостров, но и во Азија:

Помислете вие мили чеда:

за велика цара Александра

што се слави и до ден-денеска

за негово чудо по земјата

што напраи со негоа војска

и отиде дури до Азија,

во Азија при цара Дарија,

го победи и данок зеде.8

Јасно е дека и овде Александар Македонски треба да послужи како пример за поттикнување и воздигнување на борбениот дух кај Македонците во борбата за слобода. Очигледно е, исто така, дека како и во двете песни на Пулевски, и во песната на Цепенков се поставуваат опозиции базирани врз категориите супериорност и инфериорност во кои во прв ред е вклучен македонскиот крал Александар Македонски и неговите персиски непријатели.

Интересно е тоа што Цепенков во песната го споменува и историскиот податок за војувањето на Александар Македонски против персискиот крал Дариј III, односно ги споменува битките на македонските воини против персиската војска во кои Персијциге секогаш биле победувани. На ваков начин, со потсетувањето на големите победи на античко- македонската војска, ангажираноста на оваа песна добива во интензитет и во поголема мера ја постигнува основната интенција на нејзиниот автор – поттикнување и охрабрување на Македонците за нивното вклучување во ослободителната борба против петвековните поробувачи. Токму поради тоа, воопшто не е случајно што Марко Цепенков во поголемиот дел од својата песна дава опис за мошне тешката положба на македонскиот народ којшто секојдневно е подложен на тортури и измачувања од страна на „клетите Турци“ што, секако, треба да биде уште поголем поттик за да станат „сите на оружје“.

Навраќањето кон исклучителното херојство и кон светската воена слава на античките Македонци и на најголемиот крал и освојувач во античкиот период, Александар III Македонски, во песната на Цепенков е во функција да ја засили веќе споменатата поетска поента, односно порака (повикот за борба) во втората половина на 19 век, т.е. во времето кога на сета територија од Македонија веќе зачестуваат организираните акции за слобода и за своја самостојна држава врз национална основа.

6)    Првата објава на песната од Марко Цепенков: Майка Македония ги съветува своите чеда да востанат против тиранията на Турците, ,Автономия“, I, 28, София, 12.11. 1899, стр. 3; За ова, исто така, да се види: Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, Книга десетта, Материјали, Литературни творби, Редактирал Блаже Ристовски, Македонска книга, Институт за фолклор, Скопје, 1980, стр. 244 – 246.

7)    Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, Книга десетта, Материјали, Литературни творби, цит. дело, стр. 367.

8)    Исто, стр. 246

Macedonian Documents

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top