Историја

Некои македонски патриоти имаат прецизна мисла – (Солун, февруари 1874 год

2
 

2ПЕТКО РАЧЕВ СЛАВЕЈКОВ:
НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ИМААТ ПРЕЦИЗНА МИСЛА:
“МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ БУГАРИ” И УПОРНО НАСТОЈУВААТ ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО СВОЈА ОДДЕЛНА ЦРКВА И ГО ИСТАКНУВААТ МЕСНОТО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ КАКО ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

Ваше Блаженство,

“Во Солун пристигнасв ба 14-ти минатиот месец  вечета. Веднаш успеав да се сретнам со сите поважни месни и некои други лица од другие македонски градови. Целта ми беше што поскоро да го раберам она што ќе ми биде неопходно да ја завршам успешно мисијата што ми ја доверивте. Најнапред се сретнав со Аверкиј Зографски (калуѓер од Света Гора, н.б.), а уште на следниот ден асо отецот Петар Димитров тукашен претседател на општината. Можам да Ви речам, Ваше блаженство, дека одовде, од Солун ветерот дува и се разнесува на сите страни. Двајцата почитувани духовници се водачите на движењето за обнова на Охридската архиепископија, макар што не треба да се заборави и Охрид, донекаде Битола, Велес и Скопје.

Унијатското движење тука не е без корен, како што се мисли во Цариград, а посебно од неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев (Грод Николај Игнатиев,  тогашен руски амбасадор во Царииград, н.б.). За ова време додека сум во Македонија јас го констатирав она што од порано го знаеме и за кое пишувавме пред три години. И сега, како и тогаш., како и пред дваесетина години, станува збор за македонското прашање. Во разговорот со некои македонски “патриоти” разбрав дека ова движење, кое само пред неколку години беше голи зборови, сега е јасна прецизирана мисла: “Македонците не се Бугари” и тие упорно настојуваат, без оглед на цената, да се здобијат со своја одделна црква.

Во тој свој партикуларизам имааат поддршка и од некои црковни високодостојници во Цариград, особено од Високопросветениот Натанаил Охридски (Натанаил Охридски, од скопското с. Кучевиште, подоцнежен митрополит на Охридската епархија, н.б.), Панарет Пловдивски (од леринското с. Пателе, тогашен пловдивски митрополит, н.б.), Архимандритот Харитон Караузов (Архимандрит Харитон Карпузов, црковен деец од Неврокопско, н.б.).

Во текот на овој месец разбрав од доверливи извори  дека пристигнуваат катадневно писма од Цариград до солунската општина, а одовде се испраќааат до другите општини во внатрешноста. Писмата се пишувани во тој дух. Едно такво писмо… ги повикува воденчани да ги прекинат сите врски со Егзархијата додека не се решело македонското црковно прашање, бидејќи “сега бил моментот”. Особено активност во ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија покажува нам опознатиот г-дин Кузман Шапкарев од Охрид, кој постојано скита од Кукуш до Охрид и обратно… Не помалку активен е и  Димитар Македонски (од неврокопско, учител и автор на учебници на македонски јазик, н.б.), “македонскиот учебникар” кој прима плата  како учител од Егзархијата и од тукашниве лазаристи.

Поради ваквите неразумни проповеди на македонските патриоти, дека црковното прашање е разрешено само во полза на Бугарите, кај народот се разбудило нерасположение кон епархиите во Дунавскиот и Одринскиот вилает и завист поради поранешното пробудување на Бугарите. Особено се чувствува голем отпор против источнобугарскиот говор во литературата. Општ впечаток е дека месните луѓе сметаат оти Македонците се нажалени од  разрешување на црквеното прашање во полза на крајдунавските и тракиските Бугари. Ова нерасположение веќе прерасна во недоверба кон Егзархијата и кон нејзината висока хиерархија и е оформена мислата за истакнување на месното македонско наречје како литературен јазик и за создавање  на македонска хиерархија.

Посебно внимание…треба да се обрати на неговото високопреосвештенство Натанаил, кој им ветува на месните луѓе, штом ќе дојде во својата епархија, оти ќе преземе чекори за обнова на Охридската архиепископија. Изгледа, тој се поврзал со македонските еснафи во Цариград и кај нив ги протура вестите за спогодбата со Патријаршијата. Од своја страна, тие ги известувааат пак своите во Македонија. Тоа предизвикува голем револт овде. Според тоа, сепаратизмот ги има своите корења во тајниот круг во Цариград. Ако се притисне таму, овде во Македонија ќе стивне работата. Запрете ја трубата, ќе има и ехо.

Прашањето до дедото Нил (Нил Изворов Смоленски, унијатски епископ, родум од Русе, н.б.) е мошне деликатно, бидејќи се забарикадирал во Кукуш… Си всадил мисла да стане охридски архиепископ или барем солунски митрополит. Како егзархиски пратеник, тој како “ најинформиран” ги шири гласовите за спогодба со Патријаршијата. Ја претставува пред народот Егзархијата како рамнодушна, неактивна да го избави македонското население од грчкото духовно ропство….Тој одржува постојани врски со владиците  Панарет и Натанаил, опсобено со последниов кој му сугерира да се задржи во Македонија додека не добие берат за Охрид и пристигне во Македонија.

Мое мислење е дедото Нил по секоја цена да се крене од  Македонија и да се одведе во Цариград, бидејќи овде е опасен. Тој веќе дејствува под заштита на овдешните лазаристи и на францускиот конзул.

Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат плановите, тука се собираат запалените глави. Таа мисла, се разбира, не се базира врз некаква зрелост, особено откако Митхад паша е сменет од солун. Но таа постепено се шири и во северна Македонија, само што не е сосема јасна. Во народот еден фрла едно, друг друго. Постои опасност, до колку не се преземат чекори од авторитетно место, да дојде до едно општо мислење. Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Најдобро би било ако…гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж дека само од Русија може да му дојде спасот.

Утре, со господа напред, имам намера да се сретнам со некои првенци од тукашнава општина. Ќе настојувам да ги убедам во неоснованоста на нивните стремежи за одделна црква, кога веќе имааат своја во лицето на Егзархијата. Секако дека најтешкото прашање ќе биде околу назначувањето владици од македонско потекло, а особено за хиротонијата (ракополагање, н.б.) на дедо Харитон…”

Солун , февруари 1874 

П. Р. Славејков

Славко  Димевски, Две писма на Петко Рачев Славејков за македонизмот.- Разгледи ЏИВ, 5 (1972), стр.  561-566;

Документи за борбата на македонскиот народ, И, стр.218-221;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top