Историја

Проект за афтономна Македонија 1908

Значењето на „Мирцштегски реформи“ и „Равелска средба“Проект за афтономна Македонија 1908

Значењето на „Мирцштегски реформи“ и „Равелска средба“ и нивното пропаѓање пред Европа да ја направи неправдата за Македонија со нејзината голема поделба

Австрија Унгарија и Русија-Императорот Франц Јозеф и Никола II , во почетокот на октомври 1903 година, ги изработија во историјата познатите „Мирцштегски реформи“ – реформи по турското владеење во Македонија. Нешто подоцна како резултат на средбата меѓу англискиот и рускиот суверен во јуни 1908 година во Равел, познат како „Равелска средба“ настанува нов проект со кој се предвидувало во Македонија да се воведе автономија .

Илинденското востание и положбата што по него настанала во Македонија ја предизвикале реакцијата на големите сили особено на Австро-Унгарија и Русија како најзаинтересирани за балканските земји. Тргнувајќи од своите сопствени интереси да се запази целоста на Османската империја, а според тоа и развојот на ситуацијата во последнава да се стави под нивна контрола, двете сили, уште додека траеле востаничките акции во Македонија, пристапиле кон меѓусебно договарање за преземањето на заеднички иницијативи за подобрување нa положбата во Македонија.

Во почетокот на септември Виена беше посетена од англискиот крал и од германскиот кајзер. На 17 септември 1903 година таму пристига и рускиот император, придружуван од својот министер за надворешни работи грофот Ламсдорф.

Започнати во Виена, советувањата меѓу двата императори и нивните министри продолжија во штаерското гратче Мирцштег, кадешто Франц Јозеф поседуваше ловечки дворец. Како резултат на разговорите меѓу владетелите на двете земји, цар Никола II и императорот Франц Јозеф, завршени во почетокот на октомври 1903 година, биле изработени во историјата познатите „Мирцштегски реформи“.

Суштината на овие реформи, базирани врз предлогот на англиската влада за реформи од 21.09.1903 година, била: при главниот инспектор Хилми-паша се поставуваат двајца цивилни агенти – еден од Австро-Унгарија и еден од Русија – надлежни за примена на реформата во македонските вилаети од страна на турската администрација. Покрај нив, за реорганизација на турската жандармерија во Македонија се именува еден странски генерал, под чија команда се аташираат определен број европски офицери. Исто така се предвидувало реформирање на администрацијата, судството, развивање на месната самоуправа итн.

По подолги одолговлекувања и саботажи, најпосле турската влада се согласила со предложените реформи, но однапред решена да го спречи нивното воведување. За командант на жандармеријата бил именуван италијанскиот генерал Де Џорџис. Од своја страна Македонија била поделена на пет сектори, во кои биле распоредени странски офицери. Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери, Битолскиот вилает на италијански, Солунскиот на руски, Серскиот санџак на француски, Драмскиот на англиски.

Мирцштегските реформи не навлегле во суштината на ситуацијата во Македонија, затоа и не можеле да ги задоволат интересите на македонскиот народ. Поради тоа тие биле комплектно осудени од Внатрешната организација.

Меѓутоа, иако Организацијата оправдано ги осудувала овие реформи, сепак тие имале определени позитивни страни. Во прв ред овозможиле да се афирмира далеку поцелосно борбата на македонскиот народ за слобода во Европа и светот. Натаму, самото спроведување на Мирцштегските реформи барало ширење на нивната база и врз други области на животот. Така, тие го повлекле воведувањето на финансиски реформи при крајот на 1905 година. На нив натаму се опирале и други проекти за реформа во Македонија. Во тој поглед особено заслужува внимание проектот настанат како резултат на средбата меѓу англискиот и рускиот суверен во јуни 1908 година во Равел, познат како „Равелска средба“. Според проектите од „Равелската средба“, се предвидувало во Македонија да се воведе автономија. Но Младотурската револуција го попречила воведувањето на овој проект во живот. При крајот на 1909 година престанала и целата реформна активност на европските сили во Македонија.

К.Л.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top