Вечното почивалиште на Александар Македонски во Свети Николе?
Геоглифот во близина на Свети Николе кај селото Црнилиште го означува вечното почивалиште на Александар Македонски, смета самостојниот истражувач од Хрватска Домагој Николиќ, кој во 2013 година истражуваше во Свети Николе и присуствуваше на празникот на градот.
Николиќ вели дека доколку се докаже дека тоа е местото каде што е закопан Алесандар Македонски, ќе се смени не само историјата, туку и нашата иднина.
– Според мене се работи за гробницата на Александар Македонски. Јас своите аргументи ги темелам на моите читања на овој геоглиф, кој всушност по аналогните правила кои се работени по древните метафизички градби, како на небото, така и на земјата, геоглифот ја прикажува сликата на големата мајка која се огледува по точно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој го славиме секоја година на 21 или 22 јули и единствено во тие денови во зората на овој геоглиф е управуван со Касиопеја, изјави Николиќ.
На ова место има еден цел текст кој говори кој го изградил но, според него, кој е закопан баш таму треба да покажат археолошките истражувања и тоа со современи методи.
Самостојните истражувачи најмногу придонеле за промоција на Свети Николе, а дали приказната за вечното почивалиште на Александар Македонски е вистина ќе покажат истражувањата на археолозите.
Има големо интересирање од граѓани и од туристи од други земји за да го поисетат ова место кое, според локалните жители, е свето место, а никој од нив не го ни обработува.
Геоглифот е во непосредна близина и на пајонскиот град Била Зора, за кој се најавени поголеми археолошки истражувања.