Историја

Крстоносците од Првиот крстоносен поход во Македонија

crusades

crusadesКрстоносците од Првиот крстоносен поход во Македонија

Во почетокот на 80-те години на XI век, како што веќе пишувавме, Норманите ја ограбуваат и завладуваат Македонија. Тогаш балканските поседи на Византија ги нападнале Норманите, предводени од Роберт Гвискард и син му Боемунд. Доаѓајќи од Апенинскиот Полуостров во 1082 година, тие извојувале голема победа кај Драч, а наредната година кај Јанина. Со овие победи им се отворил патот за освојување и на еден голем дел од Македонија. Така, Боемунд го зазел Охрид, војсководителот Петар Алиф ги освоил двата Полога, а грофот Пунтес – Скопје. Од Охрид Боемунд се упатил кон Верија (Бер), а потоа во Меглен. Тука го оставил грофот Сарацин, а самиот тргнал кон реката Вардар и стигнал до т.н. Бели Цркви, каде останал три месеци. Потоа ги зазел Пелагонија, Трикала и Костур. Се обидел да ја заземе и Лариса, но во јануари 1084 година претрпел пораз.

Во 1085 година, по смртта на Роберт Гвискард, Боемунд бил принуден да се повлече од Балканот. Но, веќе во 1096 и 1097 година во Македонија навлегле крстоносците од Првиот крстоносен поход, кој се движеле по патот Виа Егнатија. И овие навлегувања на норманските крстоносци оставиле тешки последици кај македонското население. Особено страшни биле крстоносците на Боемунд Тарентски, кои навлегле во 1096 година. За да се снабдат со храна и други потреби,  тие не се воздржувале од употреба на сила. Тие ограбувале во Костур, а во Битолско-прилепскиот крај, уништиле тврдина на некакви еретици заедно со се населението. При преминот на реката Вардар, крстоносците биле нападнати од Турците и Печенезите што дејствувале во состав на византиската војска, но непоразени, тие го продолжиле патот кон Серес, каде биле удостоени со големи почести и богати подароци што Византијците ги собрале од населението. Крстоносците потоа го продолжиле патот за Мала Азија.

Капеланот Фулхер од Шартр (Foucher du Chartres,1059 – 1127), бил католички свештеник и историчар, кој е познат е по својата хроника за Првиот крстоносен поход. Тој како духовно лице бил учесник и патувал со крстоносната војска предводена од херцогот Роберт Нормански и грофот Стефан од Блоа и Шартр. По преминувањето на Италија, во пролетта 1097-та година, преку Драч, крстоносната војска се движела по античкиот и средновековниот магистрален пат Виа Егнатија кон Цариград, при што поминала низ Македонија. Во своето дело „Ерусалимска историја”, делото на Франките крстоносци во Ерусалим од 1095-1127 година, Фулхер пишува и за поминувањето на нормандиската крстоносна војска низ  Македонија.

Историчарот Милан Бошковски кој го следи континуитетот на имињата на Македонија и Македонците во средновековните извори, во својата истоимена книга ни пренесува изводи од хрониката во која Фулхер по пристигнувањето на крстоносците во Драч ќе забележи:

„Откако ги преминавме тешко проодните планини и градовите Лукреција (Охрид), Ботела (Битола), Бофинат, Стела (Пела), стигнавме до една река која се нарекува Вардар. Иако таа вообичаено се преминуаше со бродови, со Божја помош ние ја поминавме радосно со брод. Следниот ден, откако ја поминавме ги распославме шаторите пред градот Солун кој изобилуваше со разновидни богатства. Таму станавме четири дена, а потоа ја поминавме Македонија и преку долината на Филипи, преку Хрисопол, Христопол, Преторија, Мосинопол… и други градови кои се расположени во Тракија…“

На 14 мај 1097-та година, оваа група на крстоносци стигнала во Константинопол. Коментирајќи го цитираниот текст Бошковски ќе забележи дека „наведените градови ја подразбираат Македонија во нејзиното историско-географско значење на ХI-от и ХII-от век. Според него, ова мислење на Фулхер, произлегувало, како поради неговите широки познавања на класичната историјата на Македонија, така и поради тоа што авторот сакал намерно да ја разграничи Македонија од името Бугарија, име кое било наметнато за истата теритирија.

Името на Македонија и Македонците продолжува да егзистира во овој период, но маките на Македонците од навлегувањето на Норманите не престануваат. Во почетокот на XII век Боемунд пак ги загрозил балканските поседи на Византија. Во есента на 1108 година четириесетипетилјадната војска на Боемунд, натоварена на 200 транспортни и 30 воени бродови се истоварила кај Авлона (Валона), која била лесно заземена. Боемундовата војска се упатила кон Драч, но и покрај неколку напади, тој останал во византиски раце. Затоапак, Боемунд презел неколку околни тврдини, како и Арбанон и Дебар. Меѓутоа, овојпат Византијците многу посолидно ја организирале одбраната, раководена од самиот император. Боемунд набргу бил принуден да побара мир, кој бил и склучен на реката Девол во логорот на императорот. Деволскиот договор од 1108 година истовремено значел и крај на кариерата на Боемунд Тарентски, кој се повлекол во Италија и таму умрел во 1111 година.

(извори: М. Бошковски, „Имињата на Македонија и Македонците во средновековните извори“, Скопје, 2003, стр. 120 – 121; Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 57-58 )

Тихомир Каранфилов

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top