Историја

Писмо од Македонци од 1905 до Европа: Грците извршија ужаси нечуени во светската историја!

yhn1

yhn1

Загоричани по масакрот

„Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!“

Овие пораки не се напишани сега, по уште едната срамна одлука на европската администрација во однос на Македонија. Во овие пораки Македонци се жалат на однесувањето на Европа, на цивилизираните земји што го толерираа ваквото однесување на Грците. Во 1905 година!

yhn2 

Германос Каравангелис

Се работи за масакрот во македонското село Загоричани на 25 март во 1905 година кога ѕверски биле убиени 62 селани, деца, жени-старци од страна на грчките андрати, кога биле запалени куќи, ранети луѓе… Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис, Грк што целиот живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор.

Цитатот од погоре е писмо од преживеаните селани на Загоричани испратено до австрискиот и рускиот конзул во Битола.

Овој масакр се смета за еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и припаѓа на Грција. Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска, која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.

Еве што италијанскиот полковник Албер, офицер на италијанската армија кој учествувал во многу борби со дивите африкански племиња, напишал за убиствата во Загоричани. „Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“. Тој, заедно со неговиот колега Манери, австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, кога пристигнале во Загоричани ден-два по злосторството, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат. Обезличени тела, пресечени грклани, избодени очи, распорени гради, исечени раце и нозе… е само мал дел од описите на очевидците на овој грозоморен чин.

Велат дека пламенот во селото од далеку го посматрал и Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или се зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото.

Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело царско село. Ова име го добило во 1928 година.

Еве го писмото од населението на с. Загоричани што на 28 март 1905 година му го напишале на рускиот и австрискиот конзул за ѕверскиот колеж на жителите на селото.

 yhn3

До господата рускиот и австрискиот конзул

На 25 март во темни зори една грчка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најнапред слушнавме како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде. Со голема сила, разбојниците не им дадоа на несреќните селани навреме да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од по 4 до 8 души […] О, Боже!!! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село! Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на „вандализмот“! Секој што падна во нивните безмилосни раце беше трагично убиен! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту нивните солзи и писоците на малите и невини деца, ниту паричните награди, кои разбојниците ги прифаќаа на драго срце – ништо не беше во состојба да го омекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!!

Сите ние ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам, чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Георгиос Каравангелис), ако не пристигнеше еден одред војска. При појавата на тој мал одред војска разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од сигурна смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението нè спаси!!!

По тоа малку време (разбојниците отворија оган во 10 и пол часот „алатурка“. Аскерот се појави во 1 часот и по еден и пол час борба, во 2 и пол часот, бандата се повлече) додека разбојниците дивееја во нашето село, беа извршени злосторства, чии размери јасно се гледаат од таблиците што се дадени во прилог.

По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!

Бараме казнување на виновниците и обезбедување на човечкиот живот и на човечките права!

Од целото население на село Загоричани

(Писмото е објавено во зборникот „Руски документи за Македонија и македонското прашање (1859-1918)“, издание на Архивот на Македонија)

МКД

Најново од: Историја

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк?

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк е прашање што многумина го поставуваат и ги тера на сомнение и дилеми. Алек (Алекс – Александар) Џигеров, Македонец од Канада, кому Македонија му е судбина и преокупација, има видување и аргументи дека Зорба не бил Грк, туку Македонец. Според неговиот текст со наслов „Македонска чорба“, што е напишан […]

Гаврил Радомир – Самоиловиот наследник што загинал од раката на својот братучед

Двапати го спасил својот татко на бојното поле, а животот го загубил од Јован Владислав – човекот за чие спасување самиот се заложил. Гаврил Радомир бил син на цар Самоил и царицата Агата, истакнат војсководец и наследник на Самоиловиот престол. Владеел од октомври 1014 до летото 1015 година, во еден од најтешките периоди за Самоиловата […]

Најнови вести

To top