Историја

Њујорк тајмс:„Грците ги предадоа Македонците“

NEWT

NEWT

ТЕКСТ ОД ПРЕД 100 ГОДИНИ АКТУЕЛЕН И ДЕНЕСКА

Угледниот весник во насловот зборува за Македонци уште пред повеќе од 100 години и за тоа како Грците ги накодошиле кај турските власти една година пред Илинденското востание.

Текстот со наслов “Грците ги предадоа Македонците” објавен во “Њујорк тајмс” пред повеќе од сто години е најинтересниот дел од неколку архивски материјали кои се однесуваат на Македонија, а што режисерот Милчо Манчевски реши да ги подари како факсимили на Архивот на Македонија и на Музеите на Македонија.

Ова се материјали кои Манчевски и неговиот тим соработници ги откриле додека истражувале по светските архиви за потребите на неговиот филм “Прашина” (кој се однесува на периодот околу Илинденското востание) и за потребите на неговиот иден проект, се уште без наслов.
Станува збор за новинарски извештаи од Македонија што се објавени во “Њујорк тајмс” во периодот пред и за време на Илинденското востание, од 1901 до 1903 година.
Од денешна преспектива фрапантна е актуелноста на текстот “Грците ги предадоа Македонците” од “Њујорк тајмс” на 31. март 1902.
” Одлични се насловите. Угледниот весник во насловот зборува за Македонци уште пред повеќе од 100 години и за тоа како Грците ги накодошиле кај турските власти една година пред Илинденското востание. Иако станува збор за сериозен весник, “Њујорк тајмс” не се воздржува да нагласи некои работи”, вели Манчевски.
Новинарот на “Њујорк тајмс” во овој текст објаснува дека откако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот. Фактот дека само осумдесетина години пред тоа и самите се бореле за слобода против таа иста Отоманска империја воопшто не ги спречил Грците да работат против македонската борба за слобода, а со цел во иднина да го шират своето влијание во Македонија и по можност да ја освојат.
Во текстот револуционерната организација се споредува со ирските националисти, а се верува (погрешно) дека таа “се уште (во 1902) работи под водства на Сарафов”. Текстот понатаму наведува дека состојбата во Македонија нема да се подобри оти се “потребни реформи, но тие нема да се случат поради разединетоста на европските сили”.
Да потсетиме, безмалку во ден, точно 106 години подоцна, на 3 април годинава, откако Грција стави вето за покана за Македонија во НАТО само затоа што не и се допаѓа името на земјава, “Њујорк тајмс” тоа го осуди со уводник под наслов “Срамота за Грција, се закача со Македонија”.
Манчевски кој веќе подолго време е и професор на Универзитетот во Њујорк, обајснува како дошол до текстовите во “Њујорк тајмс” од пред сто години:
“Д-р Ирис Кронауер и д-р Ерик Тангерстад работат книга за моето творештво неодамна ме замолија да им дадам на увид документи од подготовките и од снимањето. Почнав во мојата архива да копам по купиштата материјали што ги имам насобрано додека истражував за моите филмови (само во “Прашина” имавме над 160 библиографски единици). Тогаш пак налетав на овие новински текстови од “Њујорк тајмс” кои се однесуваат на борбите во Македонија. Ги бев заборавил. Ги бевме откупиле од Њујоршката библиотека пред десетина години. Имам намера да им ги подарам на нашите музеи и на архивот”, вели Манчевски.
(М. К.) 

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top