Историја

Рачна бомба „Македонка“ користена за време на Балканските војни

doom
????????????????????????????????????

doomМакедонска нација

Рачна бомба „Македонка“ користена за време на Балканските војни

Наум Туфекчиев (Ресен, 29. VI. 1864 – Софија, 26. II. 1926) е македонски револуционер учесник во Македонското револуционерно движење. Учествувал во дејноста на Младата македонската книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Неговото име е поврзано со неколку атентати, меѓу кои и убиството на бугарскиот премиер Стефан Стамболов. Учел пиротехника во Белгија и потоа отвора претпријатие за производство на експлозивни материјали и оружје во Софија. Во својата бомболеарница произведувал бомби со кои ја снабдувал Македонската револуционерна организација. Во 1906 година склучува договор со Бугарската армија на која и` испорачува рачни бомби „Македонки“ или „Македонија“ кои се користат во текот на Балканските војни.

Во 1895 година, Наум Туфекчиев, кој е потпретседател на Македонскиот комитет основан во март истата година од македонските емигрантски друштва, подоцна познат како Врховен македонско-одрински комитет, организирал работилница за производство на рачни бомби. Неговата бомболеарница која со бомби ја снабдува Македонската револуционерна организација (во аферата на Дончо Штипјанчето биле откриени овие бомби) била затворена од бугарската полиција во 1896 година, по поделбата на Македонскиот комитет. Наиме по неуспешното Мелничко востание на II македонски конгрес дошло до поделба на Комитетот од кои се одвоиле офицерите на чело со Туфекчиев и формирале друг комитет, но го задржале старото име Македонски комитет. Откако бугарската влада оценила дека не и` е потребно да ги заострува односите, ја откажала поддршката и бомболеарницата на Туфекчиев била затворена.

Кон крајот на 1896 година била отворена уште една работилница за рачни бомби во Дедино, во Североисточна Македонија, но и таа била затворена веќе во ноември 1897 година. Уште една работилница е основана во Сабљар, во близина на турската граница, меѓутоа по протестите на турската влада истата беше затворена во 1898 година.

Рачните гранати произведени во овие фабрики значително варираа.

Во 1902 година, инжинерите од бугарската армија од 2-от Пионерски батаљон во Софија тестираа бомби произведени од македонските револуционери со цел да се произведе стандардна граната за бугарските војници. Тие го нагласија „силниот морален ефект и големиот процент на погодоци предизвикани од распрскувањето на бомбите“. Поради тоа инжинерите побараа дозвола за производство на обична рачна граната со подобра конструкција, со чие воведување во вооружувањето, војската ќе добие моќно средство за одбрана. Барањето било поднесено до началникот на Инжинерскиот корпус во јули 1905 г., но двете цилиндрични рачни гранати произведени во Артилерискиот арсенал во Софија не дадоа задоволителни резултати за време на тестот извршен на почетокот на октомври.

Меѓутоа, неспособноста на Бугарската армија ја надополнуваат Македонците. Како резултат на борбеното искуство на македонските револуционер за време на востанието во Горна Џумаја во 1902 година и Илинденското востание во 1903 година, ресенчанецот Наум Туфекчиев во пролетта 1905 година му предложи на Инспекторот на Инженерскиот корпус, генерал мајор Георги Вазов, како и на Артилерискиот комитет план за производство на девет различни видови во сиво леано железо. Комитетот со кој претседава полковник З. Бошев и членовите капетаните Паприков и С. Величков ги тестираат бомбите на 23 мај и две од нив биле одбрани.

На 23 март 1906 година бил склучен Договор со Наум Туфекчиев за производство на 24.000 квадратни и 24.000 сферични рачни гранати „Македонија“, 2.000 квадратни мини, 10.000 детонатори 12 cm долг. Вкупната цена беше 86.000 златни лева. Рачните бомби беа доставени од јануари до октомври 1907 година, а другите меѓу септември и октомври 1908 година. Полнењето, предложено во 1907 година под името “Бомбит“, беше составено од Бертолетова сол, смола и масло. Тестот на сферичните бомби тешки околу 150 гр. покажа распрскување на 270 фрагменти, кои кога ќе погодат предизвикуваат сириозна штета на голема површина.

На почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, Бугарската армија имаше на располагање рачини бомби „Македонија“ (24.000 + 24.000). Тие биле интензивно употребувани за време на војната и нивната моќ доаѓа до израз за време на последниот напад на Одрин.

Македонската рачна бомба во прво време е позната како „систем Туфекчиев“ по името на својот пронаоѓач, пиротехничар и револуционер Наум Туфекчиев од Ресен. Произведена од Македонец и првично користена од македонските револуционери во борбата за ослободување на Македонија, таа е позната како „Македонка“ или „Македонија“. Оваа рачна бомба која е резултата на искуствата на македонските револуционери од Горно Џумајското и Илинденското востание го зачувала своето име „Македонка“ и во Бугарската армија. Поради својата едноставност и ефективност таа се користи за време на Балканските војни, особено од македонските доброволци при борбите кај Одрин. 

Македонската сферична рачна бомба беше леана железна топка со внатрешна сегментација. Ѕидовите на телото беа околу 7 милиметри. Имаше голема навојна дупка на врвот, која беше затворена со приклучок за запалката на телото од обработен месинг или сиво леано железо. Приклучокот имаше дупка во средината за безбедносната запалка и две затворени странични дупки кои биле користени да го зацрстат приклучокот. Кога навојот е во позиција, приклучокот го држи адаптерот на место. Адаптерот формираше менгеме за одржување на безбедносната запалка во место кога е монтирана…  Бомбата беше полна со 80 до 100 гр. на „Бомбит“. Телото било со црна или сива лакирана боја, а на горната страна на адаптерот можело да бидат изгравирани иницијалите на Н.Т. (Наум Туфекчиев).

Првичниот систем за палење бил едноставен… Во 1911 година Туфекчиев понудил нова запалка, но за време на Балканските војни само мал дел можеа да бидет опремени со неа. По 1914 година, Одринската запалка обично се употребува. Бидејќи таа била потешка од пранешната запалка, тежината на гранатата се зголеми за 70 грама. Максималниот ефективен опсег на бомбата „Македонија“ бил ист како и на бомбата „Одрин“.

Квадратните бомби „Македонија“ исто така биле направени од леано железо и имаше ѕидови од 9 мм дебелина. Внатрешноста на телото е поделено за подобрувањето на фрагментацијата. Телото во основа е квадратно, а страните 72:72:75 mm долги. Отворот на врвот беше направен за да го прифати приклучокот. Системот за палење е вообичаен. Бомбата била исполнета со 150 грама “Бомбит“. За време на Првата Светска Војна во случај на потреба на војниците им било дозволено да направат импровизирани рачни гранати во согласност со моделот „Македонија“. Вежбовната верзија на рачната бомба “Македонка“ била со нормални димензии чие тело било исполнето со песок и немало запалка.

Технички карактеристики на сферичната и квадратната рачна бомба “Македонија“: надворешни димензии (72mm; 72mm), внатрешни димензии (58mm; 58mm), дебелина на ѕидот (7mm; 9mm), дебелина блиски на сегментот (3mm;  4mm), тежина на телото (530 гр; 1.240 гр), тежина на запалката од тип “Одрин’  (90 гр; – ?), тежина на запалка стар тип (20гр; 20гр), тежина на полнење (80- 100гр;  150гр), тежина на бомба (630 – 760 гр; 1410 гр) и одложено палење (8сек; 8сек.)

Најново од: Историја

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк?

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк е прашање што многумина го поставуваат и ги тера на сомнение и дилеми. Алек (Алекс – Александар) Џигеров, Македонец од Канада, кому Македонија му е судбина и преокупација, има видување и аргументи дека Зорба не бил Грк, туку Македонец. Според неговиот текст со наслов „Македонска чорба“, што е напишан […]

Гаврил Радомир – Самоиловиот наследник што загинал од раката на својот братучед

Двапати го спасил својот татко на бојното поле, а животот го загубил од Јован Владислав – човекот за чие спасување самиот се заложил. Гаврил Радомир бил син на цар Самоил и царицата Агата, истакнат војсководец и наследник на Самоиловиот престол. Владеел од октомври 1014 до летото 1015 година, во еден од најтешките периоди за Самоиловата […]

Најнови вести

To top