Историја

Грчки шпион го предаде Гоце Делчев

Goce Delcev121

Goce Delcev

“ЊУЈОРК ТАЈМС” ВО 1903 ПИШУВА

Со насловот “Смрт на македонскиот војвода” на 26 мај 1903 угледниот американски весник “Њујорк тајмс” пишува дека “грчки шпион го предал Делчев на Турците”. 

Во текстот стои:
Dock

“Дописникот на ‘Тајмс’ од Софија пренесува дека деталните извештаи за смртта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.
Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.
Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.
Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.”
Овој текст во “Њујорк тајмс” го открија членови на македонската дијаспора во САД, кои во архивите на весникот истражувале откако во вторникот “Вест” објави друг архивски текст од “Њујорк тајмс” од 31 март 1902, насловен “Грците ги предадоа Македонците”. Во него пишува дека година и пол пред Илинденското востание Грците ги накодошле Македонците кај турските власти.
Најинтересно е што со овој текст се фрла нова светлина за убиството на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Имено, во историографијата е познат фактот дека тој е убиен затоа што е предаден. Но, и 105 години по смртта се уште не се знае кој го предал.
Дека станува збор за предавство пишува и најблискиот соборец на Делчев, Ѓорче Петров, во неговата беседа за Гоце Делчев одржана во Софија во 1919, по повод 16-годишнината од неговата смрт, на комеморација што во софискиот Воен клуб ја организира македонската група студенти. За убиството на Делчев, Ѓорче пишува дека “предавство е во прашање, но не се дозна од каде”. Оваа беседа на Ѓорче, инаку, беше за прв пат објавена во Македонија во 2003, по повод стогодишнината од Илинденското востание.
Во турските архиви постои преписката за акцијата на отоманската војска против четата на Гоце, и таа е објавена кај нас пред петнаесетина години. Според “Шифрирана телеграма од управата на Серскиот санџак од 21 април 1319 година (4 мај 1903)” – “Врз основа на тајно спроведената истрага од пред една седмица па наваму и примените известувања од назначените разузнавачи (шпиони), се дознало дека во серските села Раховица (Рахово, Орехово, село северно од Сер), Баница (денес Карие, село североисточно од Сер), Фраштан (село соседно на Баница), и М’клен (село североисточно од Сер) и во нивната околина, обиколува една бунтовничка чета.” Понатаму во преписката, има и телеграма од 5 мај која вели дека меѓу убиените е и војводата Делчев, дека битката траела точно 30 часа, а дека четата броела 21 член или вкупно 50-60 души сосе селаните кои им се придружиле. Сосе Делчев загинале вкупно 11-мина од четата.
Текстот од “Њујорк тајмс” дека грчки шпион го предал Гоце е сведоштво за континуираната активност на Грците против македонската борба за слобода . Фактот дека само осумдесетина години пред тоа и самите се бореле за слобода против таа иста Отоманска империја воопшто не ги спречил Грците да работат против Македонците, а со цел во иднина да го шират своето влијание во Македонија и по можност да ја освојат.
(М. К.) 

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top