Историја

Над 1000 Македонци, меѓу кои и половина од делегатите на АСНОМ, завршиле на Голи оток

Над 1000 Македонци, меѓу кои и половина од делегатите на АСНОМ, завршиле на Голи оток

По распадот на Југославија долго време се раправаше за бројот на луѓето кои од 1949 до 1956 година лежеа во затворот на Голи оток, познат логор за политички затвореници во периодот на судирот на КПЈ со КП СССР. Логорот почнал да функционира по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото во 1948 година. Првите казнети лица биле примени на 6 јули 1949 г., а во овој логор издржувале казна голем број политички затвореници од Македонија.

По судирот на КПЈ со КП СССР и донесувањето на Резолуцијата на Информбирото во 1948 година, хрватски остров во Јадранско море Голи оток, лоциран источно од полуостровот Истра, во Велебитскиот канал, помеѓу островите Раб, Св. Гргур и Првиќ, од 6 јули 1949 година функционира како логор на политички затвореници, титови противници, подржувачи на сталинизмот, националисти, членови на демократски движења и партии од годините веднаш по комунистичката револуција. На Голи оток беа затварани мажи, а на Свети Гргур жени.

Меѓу логорашите имало висок процент на дотогашни министри, предвоени комунисти и видни луѓе. Последниот политички затвореник бил отпуштен во 1956 година, кога островот преоѓа во надлежност на Република Хрватска. Се до 1988 година, кога затворот престанал да функционира, на островот казни издржуваат криминалци и тешки млади деликвенти.

Денес напуштените згради на островот се неми сведоци на едно тешко минато, кога во овој логор издржувале казна и голем број политички затвореници од Македонија. Затворени биле учесници во НОБ, првоборци, членови на КПЈ пред војната, истакнати воени раководители. Во поглед на апсењата, Македонија процентуално се наоѓала на четвртото место во Југославија.

Сеуште „не е утврдено колку Македонци настрадале во времето на ИБ. Според еден извор (од 1958), во НРМ биле регистрирани 1.651 информбировци, според друг (од 1993) – на Голи Оток престојувале 820 Македонци, а според трет (од 1990), вкупно казнети и осудени лица за ИБ биле 888 Македонци, или 0,09% од вкупниот број на населението во Македонија. Најголемиот број од уапсените биле од Велес, Прилеп, Битола и нивните околии. На Голи Оток биле затворени и репресирани и пратеници – членови на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ (Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Кирил Петрушев, Ќемал Аголи, Благоја Хаџи Панзов, Генади Лешко, Мино Богданов, Васил Калајџиски, Никола Вражалски, Мире Анастасов, Неџат Аголи, Илија Митревски, Трајко Цветанов, Илија Божиновски, Милан Стефанов и Ѓорѓи Василев…“  (Енциклопедија Македоника, МАНУ, Скопје, 2009)

Во декември 2013 година хрватскиот портал „Новипламен“ ги објави списокот на сите затвореници интернирани по линија на ИБ која го направила тогашната сојузна УДБА. На  листите со имињата на 16.101 затвореници и затворенички кои биле затворени на Голи оток и Св, Гргур. Според списокот, во сите логори за инфорбировци, на разни начини (убиство, самоубиство, природна смрт), животот го загубиле 413 лица, меѓу кои и Македонци. Вкупната бројка од 16.000 луѓе, како што тогаш пишуваше хрватскиот портал, во научната литература била спомната многу одамна, но се сметало дека се работи за режимска одбрана на суровата кампања проти уапсените припадници на просоветската опозиција.

Македонските историчари сметаат дека по судирот меѓу Комунистичката партија на Југославија и Комунистичкото информационо биро (Инфорбиро) од идеолошки причини над 1.000 Македонци завршиле на робија во озогласениот логор Голи оток. Меѓу нив, се нашле речиси и целиот Президиум на АСНОМ, истакнати македонски дејци како Пенко Брашнаров, Петре Пирузе Мајски, Владимир Полежиновски, Лазар Соколов, поетот Венко Марковски, како и првиот македонски премиер Никола Кљусев.

Во идеолошката пресметка со неистомислениците, македонските дејци заслужни за Македонија, поради изразено мислење биле етикетирани како антидржавен елемент и без кривична одговорност биле испраќани на превоспитување од една до повеќе години на Голи Оток. По одлежаната казна, некои како непоправливи биле повторно враќани на островот.

Списокот со затвореници кои поминале низ Голи Оток денес се наоѓа во Државниот архив на Хрватска. Сепак, до ден денешен постои сомнеж дека УДБА го предала целиот список на затвореници, како и енигма за вистинскиот број на политички затвореници од Македонија кои биле затворени на Голи оток.

Објавувањето на листата на затвореници на Голи оток кон крајот на 2013 г. предизвика голем интерес во Македонија. Текстот и факсимилите од изворната документација на УДБА со сите 16.101 затвореници кои ги објави хрватскиот портал Новипламен.

http://javno.mk/nad-1000-makedonci-megju-koi-polovina-od-delegatite-na-asnom-zavrsile-na-goli-otok/

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top