Историја

Антон фон Вернер. Берлински конгрес

Berlin

Berlin

Антон фон Вернер. Берлински конгрес

Берлински конгрес (13 јуни – 13 јули, 1878)

Берлинскиот конгрес е средба на државните претставници на тогашните европски големи сили и Отоманската Империја која се одржала во Берлин во 1878 година, после завршувањето на Руско-турската војна, 1877-1878. На конгресот се расправало за новонастанатите услови на Балканот. Претседавач на конгресот бил Ото фон Бизмарк.

Некои од големите сили, особено Австро-Унгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор, кој бил склучен помеѓу Русија и Турција во март истата година. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки, особено излез на Егејското море до Солун и Кавала преку бугарска територија. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок. Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. На инсистирање на Русија, Бугарија не учествувала на Берлинскиот конгрес.

Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Бизмарк.

На Конгресот се одлучило:

  • на Отоманската империја да ѝ се вратат во владение териториите на Македонија и Одринска Тракија од Санстефанска Бугарија кои ѝ биле одземени со Санстефанскиот договор во полза на Бугарија. Исто така, според претходно склучени во Руско-британски договор (од 30 мај 1878 година), територијата на Бугарија е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор (било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина).
  • Од остатокот од територијата на Санстефанска Бугарија, односно Источна Румелија потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област;
  • Србија, Црна Гора и Романија да добијат независност;
  • Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската Империја;
  • Кипар ѝ бил доделен на Велика Британија;
  • Босна и Херцеговина ѝ била доделена на Австро-Унгарија.

На овој начин моќта на Отоманската Империја во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австро-Унгарија.

На Конгресот се договорил и бил ратификуван Берлинскиот договор.

На Конгресот се направила целосна ревизија или биле избришани 18 од вкупно 29 членови на Санстефанскиот договор, и во таа смисла ги исполнил целите.

Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна.

На конгресот учествувале претставници од Британската империја, Австро-Унгарија, Француската Трета Република, Германската Империја, Руската Империја и Отоманската Империја. Делегати од Грчкото Кралство, Романското Кралство, Србија и Црна Гора биле присутни на конгресните сесии во кои се расправало за нивните држави, но тие не биле членови на конгресот.

Делегати

Велика Британија

  • Ерлот од Беконсфилд
  • Маркизот од Сализбури
  • Лорд Расел

Русија

  • Принцот Горчаков
  • Грофот Шувалов
  • Баронот Убрил

Германија

  • Принцот Бизмарк
  • Принцот Хохенох
  • Канцеларот фон Билов

Австро-Унгарија

  • Грофот Андраши
  • Грофот Кароли
  • Баронот Хајнрих Карл фон Хајмерл

Франција

  • Монсењор Вадингтон
  • Comte de Saint-Vallier
  • Monsieur Desprey

Италија

  • Грофот Корти
  • Count De Launay

Отоманска Империја

  • Пашата Каратеодор
  • Бегот Садулах
  • Пашата Мехмет Али

Грција

  • Теодорас Делијанис

Србија

  • Јован Ристиќ

Романија

Црна Гора

Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период – вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.

Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција. Тој предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на царската влада. Помошниците на мутасарафите – муслиманите, би биле христијани, а на христијаните – муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками. Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско – односно муслиманско – население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.

Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својот национален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.

Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе ѝ се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како „етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“.

Со Санстефанскиот договор, Бугарија добила огромни територии од Отоманската империја, вклучувајќи ја целата територија на географска Македонија, но и делови од денешна Србија (Пирот, Врање) и Албанија (Корча). Со Берлинскиот конгрес, оваа ситуација е значајно изменета, при што Источна Румелија повторно станала oтоманска провинција, како и Македонија. Исто така, денешни делови од Србија и Романија биле доделени на тие земји.

Иако Санстефанскиот договор живеел само три месеци, тој создал во Бугарија фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top