Историја

Бугарски погледи за Илинденското востание

bugarski-pogledi

bugarski-pogledi

Во својата историја сите народи имаат свои јубилеи на настани и личности кои оставиле траги во нивниот историски развој.

Сто шеснаесет годишнината од Илинденското востание е редок јубилеј за македонскиот народ, за Македонија како држава и за сите нејзини граѓани. Судбината на нашиот народ така се одвивала што токму Илинден 1903 година, кога се кренало ослободителното Илинденско востание, станал симболот на македонското опстојување.

Илинден бил и е верски празник кој поради историските околности на кревањето на Илинденското востание стана семакедонски дух, симбол на непокорот, составен дел на неговата колективна свест создавана низ повеќевековната борба за слобода, и е многу повеќе од верски празник.

Трагичниот крај на Илинденското востание, неговото задушување и неуспешно завршување, повеќе од кое било друго неуспешно востание, стана симбол на непокорот кој ги мотивираше генерациите во борбата за слобода и за создавање на сопствена држава.

Бугарски погледи

bugarski-pogledi

Карта на востаничките териториии во Македонија и Одринско од летото на 1903 година. Прикажани се Илинденскиот, Крстовденскиот, Преображенскиот и Родопскиот револт на ВМОРО во Османската империја, нарекувани најчесто во Бугарија со општото име Илинденско-Преображенско востание.

pismo

Писмо на Главниот штаб до бугарската влада од 9 септември, 1903 година со кое тој обрнал внимание на катастрофалните последици за бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа и да им се притекне на помош со војна.

Бугарската наука смета дека Илинденско востание било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Таа, врз основата на спомените на учесниците во востанието, прифаќа дека ВМОРО организирала едно општо востание во летото на 1903 година во Македонија и Одринско.

Востанието се одржало од неколку локални револти во одделни револуционерни окрузи на ВМОРО, каде што тие почнале со неколку недели разлика. Серијата бунтови започнала со Илинденскиот револт во Битолскиот револуционерен округ, продолжила со Преображенскиот револт во Одринскиот округ, а завршила со Петровденскиот револт во Серскиот револуционерен округ во есента истата година.

Бугарската наука го нарекува востанието Илинденско-Преображенско по името на двата најголеми револта. Ова мислење е поддржано и во „Историскиот речник на Република Македонија“, кој е најреферентен документ од овој тип во Европа, како и во аналогискиот „Историски речник на Бугарија“, каде востанието е посочено како едно општо. Истиот став е прифатен и од други најавторитетни светски истражувачи.

Според Христо Силјанов револуционер, историчар и деец на ВМОРО, учесник во востанието, тоа забележило врв во национално-ослободителната борба на македонските и тракиските Бугари во Отоманската империја.

Задушувањето на востанието довело само во Источна Тракија до 30.000 бугарски бегалци, населени претежно во денешната Бургаска област. До избувнувањето на Балканските војни во 1912 – 1913 година, бројот на бегалското население во Бугарија по востанието бил околу 120.000 луѓе. По падот на комунизмот, Бугарија и` понудила на Република Македонија неколку пати, предлог за заедничко славење на востанието и неговите херои, но овие предлози не биле прифатени.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top