Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (1 дел)

Aleksandar_Donski

Donski 2Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

ФЕЉТОН: МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (1 дел)

КРСТЕ МИСИРКОВ: „СО ПАРИ ЧОВЕК МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ МАКЕ­ДОНЦИТЕ, НЕ САМО БУГАРСКА, СРПСКА И ГРЧКА…,ТУКУ И ЦИГАНСКА НАРОД­Н­ОСТ“. 

Уште со доаѓањето на власт на сегашната гарнитура предвидов дека Република Македонија ќе се најде под грчко-бугарска духовна окупација во која тие ќе ни диктираат каква е нашата историја, но да бидам искрен верував дека тоа ќе биде компензирано со подобрување на материјалната состојба на жителите на нашата држава со цел полесно да се „надминат траумите“. Но, ни трага од тоа. Историјата почнаа да ни ја мануваат, а наместо благосостојба, сведоци сме на животинска алчност за крадење на највисоките структури и луѓето блиски до нив. Па да видиме до кога ова ќе трае или којзнае по кој пат ќе се повтори изреката „Каков народ, таква држава…“ А сега да се вратиме на историјата со предупредување до нашата историска Комисија која преговара со своите бугарски колеги, да ги третираат и историските факти кои ќе бидат презентирани во фељтонот што следува.           

Неколкумина македонски застапници на големобугарската про­па­ганда (кои македонската исто­рија ја учат исклучиво од еднос­тра­ните бугарски историски книги) вклучително и речиси сите бугарски историчари континуирано изјавуваат дека во периодот на Илинденското востание сите илинденци без исклучок се декларирале како „Бугари“. Но, тоа е ноторна бесмислица и голе­ма лага. Еве зошто.      

Да претпоставиме дека во Илинденското востание учест­ву­ва­ле околу 20.000 востаници и можеби уште толку нивни јатаци и под­држу­вачи. Тоа значи дека големобугар­ските пропаган­дис­ти ќе треба да дока­жат дека секој од тие четириесетина илјади Маке­донци поединечно са­миот себе се декларирал како „Бугарин“. За да го докажат ова тие тре­ба да покажат четирие­сетина илјади пот­пишани изјави, во кои ќе стои дека секој илинденец самиот се дек­ларира како „Бугарин“, а бес­мис­лено е и да се претпос­тави дека се во сос­тојба да најдат такво нешто. Конечно, постојат многу тогаш­ни бугарски документи, кои дури  све­до­чат и за опас­нос­та за бугарското дело во Ма­ке­донија од стра­на на илинден­ците со македонско национално чувство.        

Сега да преминеме на емпириката. Како прво, точно е дека из­весен број македонски револуционери биле вос­питувани и изложе­ни под силно влијание на бугарската пропаганда и Егзар­хијата. Тоа значи дека во Илинденското востание главно учество имале токму Маке­донците-егзархисти што секако претставувало голем хендикеп за оп­штото семакедонско национално дело, во кое би биле опфатени  си­те етнички Македонци, без разлика на која црква и  припаѓале. Познато е и со какви пропагандни средства се служела Егзархијата (како што впрочем правеле и другите антимакедонски цркви во Македо­ни­ја: грчката и српската).        

Сите Македонци што таму посакале да си ги задоволат своите религи­озни чувства биле убедувани дека се „Бугари“, во докумен­тите биле запишувани како „Бугари“, а така биле презентирани и пред по­широката странска јавност. На учениците што учеле во егзар­хис­ките училишта им била натурана бугарската историја, а историските до­кази за македонската национална посебност биле фалсификувани или криени. За да појасниме дека Македонците-егзархисти не биле ни­какви „Бугари“, ќе се послужиме со еден еднос­тавен пример. Да зе­меме тројца родени браќа, етнички Македонци и да претпоставиме дека секој од нив во истиот град посетувал различна црква и различни цр­ковни училишта – бугарско, српско и грчко. Што би се случило по­тоа?          

Едниот од нив (под влијание на српската пропаганда) во тур­ските (но и во сите други) документи би бил заведен како „Србин“. Овој ученик, во согласност со историските сознанија што би ги добил во српското училиште, би твр­дел дека Македонците се „Срби“.           

Соодветно би се однесувале и другите двајца браќа, кои би оде­ле во грчка и во бугарска црква. И тие би твр­деле дека Македонците се „Грци“, т.е. „Бугари“, а како такви би биле и трети­рани во турските деф­тери и пописи.          

За жал, ваква состојба имаме и денес кај денационализираните Македонци во Грција и во Бугарија (но и во Србија), кои, иако при­паѓаат на еден единствен народ, за себе тврдат дека се „Грци“, „Буга­ри“ или „Срби“. Тоа е трагедијата на Македонскиот народ. Оваа траге­дија од почетокот на 20 век, мошне пластично ја отсликал Никола Нау­мов, кој (иако прво им припаѓал на лозарите, а извесно време бил и под влијание на српската пропаганда) бил уредник на про­бу­гар­скиот вес­ник „Македонски преглед“. Во 1905 година, во врска со ус­песите на ст­ран­ските пропаганди во Македонија, Наумов пред срп­ски­от дип­ломатски агент во Софија Симиќ го дал следното приз­на­ние:         

„Ние (Македонците егзархисти, з.м.) сме воспитани во бугарски училишта, задоени сме со бу­гарски дух и си се чувствуваме како Бу­гари. Јас и не умеам да се слу­жам со друг јазик освен со бугар­ски­от, исто како што оние Ма­кедонци што се воспитани по српските училишта, не можат да се служат со друг јазик освен со српскиот.“ (Блаже Ристовски: Крсте П. Мисирков, 1966 г.стр. 327).         

Во врска со странските пропаганди во Македонија во септември 1905 година Крсте Мисирков во уводната статија на своето списание „Вардар“ депримирано забележува:         

„Со пари човек во Македонија може да создаде од нашите Маке­донци, не само бугарска, српска и грчка…,туку и циганска народ­н­ост“.         

Поради целата оваа состојба во Македонија воопшто не треба да зачудува фактот што во дел од тогашните странски и турски из­вештаи за Илинденското востание нашиот народ бил нарекуван со туркскиот етноним „Бугари“ или што некои од илинденците и навистина сметале дека Македонците се „Бугари“.           

Но, и покрај ова, ако се анализираат ретките запишани автен­тични документи од илинденските револу­ционери од тоа време, ќе се утврди дека е далеку од вистината тврдењето оти сите дејци на ВМРО отсе­когаш се чувст­вувале како „македонски Бугари“. Ова посебно се однесува за  локалните вој­во­ди и за обич­ните четници.         

Да го спомнеме и фактот дека од голем број македонски илин­денски револуционери воопшто не постојат, од нив запишани, автен­тични  документи, па да се тврди дека сите тие се „чувствувале како Бугари“, во најмала рака е смешно. Најмалку што може да се каже за нив е дека – не знаеме како се чувствувале, бидејќи не оста­виле свои автентични мемоари или какви било други записи.           

Во највисокиот акт на Илинденското востание, во Прогласот на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ,преку кој бил об­јавен почетокот на востанието,воопшто не е спомнат етно­нимот „Бу­гари“.            

Во врска со ова не смеат да се зане­марат и позитивните дејства што тогашна Бугарија ги имала кон илинденците и кон востанието, како што се, на пример: дозволување на сло­бодно дејствување на ма­ке­донските органи­зации на своја територија, нивно вооружување, при­фа­ќање и помош на маке­донските бегалци (при што посебна гри­жа покажал обичниот бугар­ски на­род, кој несебично ги примал ма­кедон­ски­те бе­галци по своите куќи, за што и ние денешните гене­ра­ции треба да бидеме благодарни); учество на одделни Бугари во и око­лу востанието,кон кои ние Македонците треба да искажуваме длабока почит (Пеју Јаворов, Тома Давидов и други) и редица други дејства.           

Сепак, и покрај сите овие позитивни манифестации (независно од скри­е­ните планови на бугарската влада околу судбината на Маке­донија), и покрај силната егзархиска пропаганда на која биле изло­жени Македонците егзархисти (какви што во најголема мера биле илинденците), одделни рево­луционери од времето околу Илин­ден­­ски­от пери­од, јасно се деклари­рале како Македонци (децидно потен­ци­рајќи дека не се Бугари).

(ПРОДОЛЖУВА) 

DonКрсте Мисирков (1905 год.): „Со пари човек може да создаде Маке­донците, не само бугарска, српска и грчка…,туку и циганска народ­н­ост“.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top