Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (6 дел)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

БУГАРСКИ СВЕДОШТВА ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

Во продолжение ќе се задржиме и  на  документите во кои се потврду­ваат проја­ви­те на македонско национално чувство кај илинденскиот војво­да Димитар Мирасчиев и неговиот соборец и другар четникот Јордан Анге­лов. И овие двајца истакнати илинденци, не само што се декла­рирале како Македонци (а не како Бугари), туку и отворено ги при­фа­тиле идеите на Крсте Мисирков, поради што дури биле и апсени од бугарската поли­ција во Софија, веднаш по трагичниот крај на Илин­ден­ското воста­ние. Од овој пери­од останало следново сведоштво од са­ми­от Анге­­лов:       

„Димитар Мирасчиев се зближи со Мисирков и обајцата се сог­ласија кон политичкиот автономен принцип за слободата на Маке­донија да се додаде националната и јазична автономија, преку за­почнување на издавање книги и весници на чист македонски јазик. Кон оваа идеја се приклонив и јас… Но, не поминаа ни два дена, кни­гата беше се уште в печат, во една прекрасна зимска ноќ, јас и Мирасчиев се најдовме по бели гаќи во софискиот затвор… Не нав­редуваа дека сме сепаратисти и неблагодарници за добрините што ни се направени за слободата на Македонија.“ (Поде­тал­но кај: Блаже Рис­товски: „Димитрија Чуповски 1878-1940“, Скопје, 1978).        

Значи, поради отвореното застапување на македонштината илин­­­ден­ците Димитар Мирасчиев и Јордан Ангелов биле уапсени од бу­гар­с­ката полиција некаде во декември 1903 година. По малтре­ти­ра­њата што ги доживеал во затворот, Ангелов вели дека си се вратил во Македонија, во родниот Прилеп.        

Дека Ангелов не бил осамен во своите идеи најдецидно зборува и неговата изјава дека македонската национална идеја што тој ја про­поведал толку им се допаднала на одговорните во Внатрешната орга­низација, што го поставиле за еден од нејзините раководи­тели:         

„Идејата на Мисирков не ме оставаше на мира. Со тројца верни другари започнав да го објавувам тајниот весник “Шило”,. Почнав да ги критикувам сите внатрешни недостатоци на Револуционер­ната организација. Не ги оставив на мира ни империјалистичките стре­межи на Србите, Буга­рите и Грците кон Македонија. Мојата прог­рама им се допадна на одговор­ните во Внатрешната револу­цио­нер­на организација и заради тоа ме поставија за раководител“. (Поде­тал­но кај: Блаже Ристовски: „Димитрија Чуповски 1878-1940“, Скопје, 1978, стр. 260-261).         

За македонското национално чувство на илинденскиот војвода Мирас­чиев и четникот Ангелов и за опасноста за бугарштината од вак­­вите идеи, постои и бугарски документ од тоа време. Се работи за едно тајно писмо од 1905 година од егзархискиот бугарски агент Ефтим Спространов до тогашниот бугарски премиер Рачо Петров, во кое го информира за т. н. „македон­ски сепаратизам“ и за македонското национално чувство на Мирас­чи­ев и Ангелов:          

„Во сегашните услови, господине министер-претседателе, кога македонското население е длабоко разочарано од Бугарија по повод нејзиното држење во Илинденското востание, јас лично сум убеден  дека сепаратизмот, што зафаќа во Македонија длабоки корени во масите, може да стане решителен фактор… Бездруго, народните маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на маке­донските националисти, кои проповедаат Организацијата да се престори од револуционерна во еволуциона. Но овојпат таа нема да има други цели, освен преку добиената културна автономија за Македонија да ја јакне маке­дон­ска­та индивидуал­ност, преку созда­вање македонски културно-просве­тни устано­ви на македонски јазик и создавање македонска самостојна црква на чело со македонски патријарх… Кон македонските националисти во последно време  почнаа да се придружуваат и луѓето на Организацијата. Ако од тој аспект погледнете на проблемот, т.е. ако ја земете организа­циската и ударната сила  на Организацијата во служба на македон­ското национал­но движење, дури то­гаш во вистинска светлина се јавува опасноста за бугарското дело во Маке­до­ни­ја. Со сигурност знам дека кон македонските националисти веќе се прид­ру­жија маке­донските револуционери Димитар Мирасчиев, војводата и четни­кот Јордан Ангелов. По се изгледа наскоро ќе им се приклу­чат и не­кои од лиде­ри­те на Организацијата…“ (Подетално кај: Блаже Ристовски: „Портрети и процеси 1“,… стр. 77).         

Зарем се потребни уште докази во утврдувањето на вистината дека македонското национално чувство било широко распространето во времето околу Илинденскиот период, кога гледаме дека и самите бугарски документи го потврдуваат тоа? Сепак, ако ни ова не е до­волно, еве цитат од уште еден бугарски весник, во кој се потврдува пос­то­ењето на македонското национално чувство од тоа време. Се работи за статијата „Патриотизам или сепаратизам“, објавена во софис­киот весник „Свободно слово“  на 01. 06. 1905 година, во која меѓу другото се вели:          

„Ние се наоѓаме на почетокот на еден сепаратистички дух што се вее во редовите на Внатрешната организација. Таа што до­сега дејствуваше од името на целокупниот бугарски народ, денеска преку устата на своите претставници излегува и вели: ,,Меѓу нас и нив има огромна разлика. Ние нико­гаш не сме дејствувале за една бугарска Македонија и ќе ги тепаме бугар­ските чети исто како што ги тепаме српските и грчките,,… Прет­ставниците на Орга­низацијата наместо да се стремат да ја зачуваат бугар­­ската физи­о­но­мија на Македонија, самите го помагаат нејзиното обезли­чување.“

Ни македонските весници не ја запоставувале чистата маке­до­нска национална идеја на своите страници. Така, на пример, на 02. 07. 1905 година во весникот „Деб,р“, којшто рековме дека бил под влијание на Борис Сара­фов и објавувал и други написи во врска со посебноста на македон­скиот народ и македонскиот јазик, е објавена статија во која меѓу другото се вели:        

„Една група Македонци ќе војува за автономијата на Македо­нија за Маке­дон­ците, за која цел наскоро ќе започнат да издаваат весник на маке­дон­ското наречје“.       

Во истата 1905 година Глигор Хаџиташков(иќ) во в. „Автономна Маке­дони­ја“ меѓу другото ќе напише:    „Македонија не е ни српска, ни бугарска, туку наша, македон­с­ка…Разни ко­ми­тети си ја продолжуваат работата, проповедаат по Македонија ср­би­зам, бугаризам и елинизам, ги вооружуваат Маке­донците едни против дру­­ги, брат против брата си, бидејќи првите велат дека Македонија е срп­ска, вторите дека е бугарска, а трети­те дека е грчка… Нашиот весник не про­­­по­веда идеи ни срп­ски, ни бу­гарски, туку македонски. Којшто има да рас­­­­­права за авто­номијата, тој треба да го прави тоа со Македонците и со никој друг“. 

adonsk

Војводата Димитар Мирасчиев (1872 – 1917) од Штип по Илинденското востание  бил уапсен во Софија заедно со четникот Јордан Ангелов заради  јавно искажаното македонско национално самосознание

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top